Author: Sofija Dizdarevik

Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија во Куманово поднесе кривична пријава против 25-годишен државјанин на Турција, А.Ц., поради сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „безобѕирно управување со моторно возило“. Според пријавата, на 29 март 2026 година на граничниот премин Табановце, при влез во државата, осомничениот на увид приложил фалсификувана молдавска возачка дозвола.

Повеќе

Поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска, повеќе делови на Скопје ќе останат без струја. Во Скопје, прекин на струја од 08:00 до 10:00 часот ќе има кај дел од корисниците на улицата „Борис Трајковски“ бр. 1 (Пегла). Од 08:30 до 16:00 часот без електрична енергија ќе бидат жителите на село Долно Соње (улици 1, 10, 11 и 12), а од 09:00 до 13:00 часот прекин ќе има на делови од улиците „Рилски Конгрес“ и „Партение Зографски“ во општина Центар.

Повеќе

Македонија ќе стане првата земја во регионот што ќе ги исполни обврските за укинување на дополнителните трошоци за роаминг во Европската Унија, најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Во гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, тој појасни дека граѓаните нема да плаќаат дополнително за повици, пораки и интернет при престој во земјите членки на ЕУ. – Ветивме дека ќе бидеме први во регионот што ќе ги реализира овие обврски. Тоа значи дека нема да има дополнителни трошоци за користење мобилни услуги во ЕУ. Нашата цел е балканскиот модел за роаминг да го примениме и со Унијата. Го завршивме…

Повеќе

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денес ќе го посети манастирскиот комплекс во Лешок. Во рамки на посетата, заедно со директорот на Националниот конзерваторски центар, Александар Јорданоски, и митрополитот на Тетовско-гостиварската епархија, владиката Јосиф, ќе извршат увид во тековните активности за конзервација, реставрација, санација и ревитализација на стариот конак.

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски денес ќе присуствува на потпишување на меморандум за соработка меѓу Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво (ИНОВА) и државните универзитети. Целта на меморандумот е да се зајакне соработката помеѓу научно-истражувачката заедница и институциите, со фокус на развојот на иновациите, технологијата и претприемништвото.

Повеќе

Денес времето ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд, а на планините дожд и слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер, кој на одредени места долж Повардарието повремено ќе се засилува и ќе биде од северозападен правец. Минималната температура ќе се движи меѓу 2 и 8 степени, додека максималната ќе достигне од 10 до 16 степени. Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со повремени слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 6 степени, а максималната ќе достигне до 14 степени. Утре ќе…

Повеќе

Владата соопшти дека е завршен проектот за отворање на базен во училишниот двор на ОУ „Невена Георгиева“ во Општина Кисела Вода. Со реализацијата на проектот, како што информираат од прес-службата на Владата, учениците добиваат нов и современ простор за спорт, рекреација и едукација, кој поттикнува здрави навики и активен животен стил. -Воедно, се подобрува училишната инфраструктура и се создаваат услови за квалитетно образование и целосен развој на учениците. Проекти за трајна промена – темели за сигурна иднина, нагласуваат од Владата.

Повеќе

Антикорупцискиот тим на СДСМ ги фати ВМРО-ОКГ живи како со Дака од црната листа на САД спремаат бизниси во енергетиката. И веднаш почна старото сценарио: дефокус, спинови и Заев. Наместо одговор – дефокус, стои во соопштението на СДСМ. ВМРО вели фирмата на Дака ги исполнила сите услови (читај: му дадовме дозвола затоа што знаеме кој е), сега ќе го исфрлиме (читај: нѐ фатија, па мораме). Значи Дака работи со ВМРО, ама темата ја префрлаат како СДСМ да е на власт, како СДСМ да работи со Дака.Не ви поминува дефокусот. Компанијата на Миодраг Давидовиќ – Дака „Хронос сум“ од јануари годинава…

Повеќе

За период од септември 2024 до март 2026 година, вкупното покачување на пензиите изнесува 7.000 денари месечно, што претставува линеарно зголемување од 36 проценти, изјави директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Никола Мемов. Минималната пензија за овој период е зголемена за 61,75 проценти, а просечната пензија за околу 40 проценти. -Ова е најголемото покачување на пензиите во последните 20 години, резултат на политики насочени кон подобрување на животниот стандард на пензионерите. Со ваквите мерки се покажува грижа за највозрасните граѓани, а пензионерите стануваат еден од приоритетите во социјалната политика, истакна Мемов. Тој посочи дека во вкупната сума за…

Повеќе

Обвинителката Ленче Ристоска денеска си поднесе одставка од обвинителката позиција. -Јавнообвинителската функција секогаш сум ја поимала како позив и можност за придонес кон подобрување на системот, општеството и пред сè животот на граѓаните. Затоа во текот на мојата кариера особен предизвик ми претставуваше работата на случаи кои најдиректно влијаат врз дерогирањето на општествените вредности и принципи. Работењето на високопрофилни случаи создава и високопрофилни непријатели — такви кои ги користат своите моќ, влијание и конекции за да избегнат одговорност и да ве оттргнат од вашата намера. Тоа подразбираше опструкции на различни нивоа, институционални и лични. Низ годините бевте сведоци на многу…

Повеќе