- Седум случаи на семејно насилство за 24 часа: Четири лица лишени од слобода
- Филипче: Изјавата на Пендаровски е извадена од контекст, власта е во паника поради падот на рејтингот
- Филипче: Владата доцна ги прифаќа мерките на СДСМ
- Краток прекин на струја во ЈЗУ Клиниката за ГАК: Ниту еден живот не беше загрозен
- Променливо време со локални врнежи и силен ветер
- Министерка Јаневска: Сите забелешки на новиот закон за високо образование ќе бидат земени предвид
- Јаневска обелодени: Институт регистриран во кладилница штанцал дипломи
- Мицкоски очекува инфлација од 4 до 5 проценти: Мора да се подготвиме за тешка година
Author: Sofija Dizdarevik
Намалена видливост до 100 метри претпладнево е забележана во Крушево поради магла, соопшти ЈП „Македонијапат“. На Попова Шапка има врнежи од снег кои се задржуваат на коловозот, додека во Маврово се регистрирани слаби врнежи од снег кои не се задржуваат.
Стабилните и одржливи држави се изградени врз јасни принципи, врз големи политички договори и врз меѓусебно почитување меѓу граѓаните и народите што ги сочинуваат. Кога тие принципи се зачувани и зацврстени, државата се движи напред; кога се релативизираат, се отвораат непотребни дебати што не им служат на никого, се наведува во отвореното писмо на лидерот на ДУИ Али Ахмети. Интегрален текст: Постојат прашања што не треба да се третираат со дневна страст, туку со зрелоста што ја бара државата. Постојат теми што не се ниту сопственост на партиите, ниту предмет на политички натпревари, туку дел од нашиот заеднички договор да…
Неработен ден за сите граѓани во Република Северна Македонија беше 20 март – Рамазан Бајрам кога воедно добивме и продолжен викенд. По овој споен викенд, наскоро уште еден. 10 април е Велики Петок, 13 април (понеделник) – Велигден, вториот ден на Велигден, па добиваме 4 дена одмор. По Велигден следува и Денот на трудот – Прво Мај, кој се паѓа во петок, па така добиваме уште три дена одмор. Во продолжение е целосниот календар на неработни денови за 2026 година. За сите граѓани на РСМ Оваа година нè очекуваат дури 7 продолжени викенди за сите граѓани: За граѓаните од православна вероисповед Покрај државните празници,…
Премиерот Христијан Мицкоски упати порака по повод Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот. – Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот нѐ потсетува дека вистинската сила на една држава не е само во нејзините институции, туку во срцето на нејзиниот народ. Во тоа како ги прифаќаме различностите и како се грижиме едни за други. Лицата со аутизам не се „различни од нас“ тие се дел од нас. Тие се наши деца, наши соседи, наши пријатели. Тие се огледало на нашата совест. Како Влада, наша должност е да создадеме општество во кое секое дете ќе има еднаква шанса,…
Во периодот од 01.03.2026 до 31.03.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 26.241 прекршок. Од вкупниот број на регистрирани прекршоци за минување на затворен сигнал (црвено светло) констатирани се 70 прекршоци што претставува намалување на 68.2% во споредба со месец февруари, најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од дозволената 25.230, а во текот на март месец беа регистрирани дури 941 прекршок за управување на возило со измината важност на сообраќајната дозвола. Исто така, изречени се вкупно 544 мерки забрана за управување со возило,…
Во рамки на посетата на Париз, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски остварил средби со советниците на претседателот на Француската Република, Емануел Макрон, задолжени за континентална Европа и Турција, како и за Европа, Бертран Бушвалтер и Алексис Дутертр. Како што соопшти МНРиНТ, на средбите биле разменети мислења за евроинтегративниот процес и актуелните случувања во регионот и во Европа. -Министерот се сретна и со директорот на Националниот институт за јавни служби на Француската Република (INSP), Жером Филипини, при што беше потпишана Декларација за намери помеѓу Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија и INSP.…
Секторот за Компјутерски Криминал при БЈБ- Министерството за Внатрешни Работи, во координација со Отсеците за Компјутерски Криминал при СВР Битола, СВР Охрид и СВР Струмица, спроведува координирана операција на територијата на Република Северна Македонија. Во рамки на операцијата се вршат претреси на вкупно 7 ( седум) локации во насока на обезбедување докази за кривично дело „Производство и Дистрибуција на Детска Порнографија“ по член 193-а од Кривичниот законик при што ќе бидат одземени компјутерски уреди и компјутерски податоци кои ќе послужат како доказ во понатамошната постапка. За едно од лицата кај кого ќе се врши претрес Б.К. од Струга постојат информации…
Иранското воено раководство упати сериозни закани кон САД и Израел откако американскиот претседател Доналд Трамп најави зголемување на воените операции против Исламската Република. Централната команда на иранските вооружени сили, Хатам ал-Анбија, предупреди дека следува „уште поразорен и посеопфатен“ одговор. -„Подгответе се за наши мерки што ќе бидат уште поуништувачки и пообемни,“ соопшти командата во четврток, обраќајќи се директно до Вашингтон и Тел Авив. „Со доверба во Семоќниот Бог, оваа војна ќе продолжи сè додека не бидете понижени, обезчестени, исполнети со трајно каење и принудени да се предадете.“ Претходно, Доналд Трамп изјави дека САД се блиску до исполнување на своите воени…
На 01.04.2026 полициски службеници го приведоа С.Р. (45), вработен во Секторот за општи и заеднички работи на МВР. При вршење на физичка регулација на сообраќајот на крстосницата од ул. „Јордан Мијалков“ со ул. „Димче Мирчев“ во Скопје, полициски службеник од СВР Скопје запрел патничко возило „мерцедес“, управувано од С.Р., кој се движел во спротивна насока и воедно претекнувал колона на возила. Откако му бил побаран документ за идентификација, С.Р. се претставил дека е вработен во МВР и рекол дека нема лична карта, по што почнал агресивно да се однесува и да му се заканува на полицискиот службеник. Од страна на…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски изјави дека не ги прифаќа нападите дека Законот за високо образование има престроги критериуми, нагласувајќи дека нема ниту еден универзитет во државата рангиран меѓу првите 2500 најдобри на Шангајската листа. Во гостување во утринската емисија „Македонија наутро“ на МРТ тој рече дека бил разочаран од ставот на универзитетски професор кој го критикувал предложениот закон. -Искрен да бидам, се разочарав, да не речам се шокирав. Во еден момент тезата беше дека критериумите се премногу строги за избор во звање. Зошто биле строги? Законот предвидува моите колеги да пишуваат научни трудови во реномирани списанија коишто се дел…
