- Мега-скандал во УЈП: Обвиненија за 21 лице – српски државјанин и даночници „испумпале“ милиони евра од државата
- Врсничко насилство во Ѓорче Петров: Група малолетнички нападнале девојче, тепачката ја снимале со телефон
- Нов ценовен шок: Животот во Македонија поскапе за скоро 5 отсто
- Алармантни податоци: Драстичен пад на бројот на основци во Македонија, во средните училишта благ пораст
- Поскапеа кафеаните
- Ѓорѓиевски со апел до скопјани: Платете ги даноците за да избегнете блокади на сметките
- Контролор во ЈСП преживеал хорор: Патник без билет го извлекол надвор и го нападнал, на следната постројка пак го чекал со засилување
- Тешка сообраќајка во Куманово: Комбе прегази 14-годишно девојче, малолетничката итно пренесена во болница
Author: Sofija Dizdarevik
Премиерот Христијан Мицкоски денес ќе присуствува на поставување камен-темелник на 400 kV далекувод од ТС „Битола 2“ до граничниот премин Ќафасан, на македонско-албанската граница. Како што соопшти владината прес-служба, Мицкоски ќе се обрати пред присутните. Во рамки на настанот се предвидени обраќања и на други високи владини претставници, како и на меѓународни партнери и поддржувачи на проектот, меѓу кои Европската банка за обнова и развој и Европската Унија. Од АД МЕПСО посочуваат дека овој инфраструктурен проект е од особено значење за зајакнување на енергетската стабилност и унапредување на регионалната поврзаност.
Во Собранието денес седница ќе одржи Комисијата за здравство, на чиј дневен ред е Предлог-законот за изменување на Законот за здравственото осигурување, во прво читање. Со предложените измени се врши усогласување со Законот за меѓународна и привремена заштита, со кој се уредува дека лицата под привремена заштита имаат право на престој и згрижување во Република Северна Македонија, во согласност со економските можности на државата. Дополнително, се врши усогласување и со одредбите од Законот за административни службеници, со што ќе се регулираат работните места на вработените во Фондот за здравствено осигурување кои имаат статус на административни службеници. Предлог-законот за изменување на…
Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, престојува во дводневна работна посета на Атина, каде ќе оствари средби со претставници на највисоките судски институции во Република Грција. Костадиновски е придружуван од претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, и претседателот на Врховниот суд, Африм Фидани. Според агендата, предвидени се средби со претседатели и претставници на Врховниот суд, Државниот совет и Ревизорскиот суд на Република Грција, информираа од Уставниот суд. Посетата има за цел продолжување на дијалогот, унапредување на меѓуинституционалната соработка, како и размена на искуства и информации од областа на владеењето на правото, со крајна цел зајакнување на правната сигурност. Посетата се…
Средношколци од СОУ „Васил Антевски – Дрен“ од Скопје денес ќе го посетат Собранието на Република Северна Македонија во рамки на едукативната активност „Имам став!“, организирана од Парламентарниот институт. „Имам став!“ е активност наменета за ученици од средните училишта во државата и претставува симулација на процесот на разгледување предлог-закон во Собранието. Целта на оваа активност е да се доближи работата на Собранието и процесот на донесување закони до младите, со што се придонесува за развивање на нивната свест за демократијата, како и за поттикнување и подготовка за општествена и политичка критичност и активна вклученост, соопшти собраниската прес-служба.
Во Порта Македонија денес ќе биде промовирана поштенската марка „Кедев – 14 највисоки врвови“, издание на АД Пошта – Скопје, посветена на македонскиот кардиолог, доктор на медицински науки и алпинист д-р Сашко Кедев. Во 2025 година тој стана првиот Македонец што ги искачил сите 14 врвови повисоки од 8.000 метри. Според соопштението на АД Пошта – Скопје, промоцијата ќе ја одржи директорот за поштенски операции и член на Управниот одбор, Бојан Кереместески, со почеток во 13:00 часот. Во јули минатата година, Кедев стана првиот Македонец и единствен во поширокиот регион кој ги искачил сите 14 светски врвови над 8.000 метри,…
Припадниците на Првата пешадиска бригада (1.пбр) денес во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец ќе го одбележат Денот на единицата. Првата пешадиска бригада го одбележува својот ден на 2 април – датум што го симболизира нејзиното трансформирање и преземање на задачите и одговорностите од двете поранешни бригади, со што прерасна во најголема борбена единица во Армијата. На одбележувањето се очекува да присуствуваат министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, генерали од Армијата, претставници од Министерството за одбрана и Генералштабот, како и команданти на потчинетите команди и единици, заедно со други гости.
Денес времето ќе биде облачно со пообилни врнежи од дожд (над 30 l/m²). На повисоките места врнежите ќе бидат од дожд и снег, а на планините претежно снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, особено изразен долж Повардарието. Минималната температура ќе се движи од 2 до 7°C, а максималната од 6 до 12°C. Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5°C, а максималната ќе достигне до 9°C. Во петок и сабота времето ќе биде променливо облачно со услови за слаб…
Судењето против 13 полициски службеници обвинети за тешки дела против општата сигурност, поврзани со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, денеска се одложи. Главната расправа закажана за денеска е поместена за 20 април, по барање на бранителите Кире Богатинов и Кристина Николова, кои информирале дека истовремено имале обврска во друг предмет со приоритет во Основниот суд Кочани. Судијата телефонски го контактирал бранителот и побарал да обезбеди присуство на друг адвокат за денешното рочиште. Како замена, присуствувал друг адвокат и била утврдена динамиката за наредните рочишта. На денешното рочиште било соопштено дека утрово биле доставени повеќе листи на докази, а судијката Фанка…
Ева Нединковска беше едно од препознатливите лица на екраните, а својата кариера ја започна во 2003 година со песната „Дали денот ќе е рај“. Има настапувано на многу музички фестивали како што е “Охрид Фест” во својот роден град, Охрид. Скоро на секој фестивал таа има добиено награда за најдобра сценска изведба. Песната “Енигма” е најголемиот хит на Ева, а спотот беше рангиран како број 1 скоро на секоја музичка листа во Македонија. Ева се повлече од музиката, денес е успешна деловна жена со нејзиниот Центар за обука ЕВА, а на својот Инстаграм профил, сподели стори дека кажала „ДА”. Ова…
Во Општина Маврово и Ростуше, во тековната академска година, право на еднократна финансиска помош остварија 44 студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во земјава за академската 2024/2025 година. -На јавниот повик објавен во декември беа пријавени 45 студенти, редовни и вонредни, кои не се вработени. По разгледувањето на доставените пријави, соодветната комисија одлучи 44 од нив да го остварат правото на финансиска помош, што е за 25 студенти повеќе во однос на претходниот циклус. Средствата во износ од по 12.000 денари, што е за 2.000 денари повеќе во однос на…
