Author: Sofija Dizdarevik

На 63 годишна возраст почина Зоран Маневски професор по виолина во Државното музичко училиште во Битола. Многу пати учествуваше на фестивалите во Македонија – „Валандово“, „Цветници“, “Тетовски Филиграни“, „Интерфест  Битола“, „Серенада“ и др. Погребот се одржа вчера во 13 часот, во Светонеделските гробишта.         Од него се прости македонскиот пејач Димитар Андоновски чиј професор бил Маневски.  -Денес за последен пат се простуваме со човекот кој е еден од најзаслужните што јас денес сум музичар. Човекот што прв ме фати за рака кога се запишав во нижото музичко училиште. Ме праша што сакам да свирам, а јас му одговорив…

Повеќе

Денеска, 1 април 2026 година, околу 03:30 часот, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР, во соработка со СВР Струмица, ги лишија од слобода С.М. (31) и М.М. (38), двајцата од Струмица. С.М. бил осуден на казна затвор од пет години, додека М.М. бил осуден на четири години затвор. Двајцата осудени лица биле во бегство од КПУ Затвор Струмица, каде што требало да ја издржуваат својата казна за сторено кривично дело по член 236, став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. По приведувањето, лицата веднаш се спроведени во КПУ Затвор Струмица за доиздржување на…

Повеќе

Во најразлични земји од целиот свет, Денот на шегата секоја година се слави на 1 април. Понекогаш го нарекуваат и денот на сите шегаџии. 1 Април не е национален празник, но секаде се прославува како ден кога многумина прават разни шеги и будалаштини. Овој ден го одбележува присуството на весели или други шеги, трикови и други практични шеги на различни пријатели, членови на семејството, наставници, соседи, колеги… Оваа година, градот повторно ќе биде исполнет со детска радост на манифестацијата „Априлијада“. ЈУ Детски културен центар „Карпош“, под покровителство на Град Скопје, денеска со почеток во 10:30 часот во Градскиот трговски центар ја организира…

Повеќе

Амбасадата на Грција, во соработка со NOVA International School Скопје, денеска ќе организира универзитетски саем „Study in Greece“, на кој ќе бидат претставени академските можности што ги нудат грчките државни универзитети за меѓународни студенти. На саемот ќе учествува платформата Study in Greece, заедно со претставници од пет водечки грчки државни универзитети, кои ќе презентираат програми за дипломски и магистерски студии на англиски јазик. Посетителите ќе можат да се информираат за условите за прием, достапните стипендии, студентскиот живот, како и за предностите што ги носи стекнувањето на меѓународно признаена диплома во Грција. Организаторите нагласуваат дека студирањето во Грција нуди висококвалитетно образование…

Повеќе

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, кој престојува во официјална посета на земјава, денеска ќе одржат заедничко предавање на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Вчера, Сиљановска Давкова го пречека Милатовиќ со највисоки државни и воени почести во Вила „Водно“, по што следеа тет-а-тет средба и заедничка прес-конференција. Двајцата претседатели упатија порака за заедничка визија за стабилен и просперитетен регион, интегриран во ЕУ, со акцент на регионалната соработка. Милатовиќ посочи дека Северна Македонија и Црна Гора ги поврзува длабока историска блискост и меѓусебна солидарност. -Испраќаме пораки за регионална соработка…

Повеќе

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, а сите патни правци се проодни. Снег провејува во Маврово и Крушево, како и на планинските премини Стража и Ѓавато. Намалена видливост до 20 метри поради магла има на патниот правец Попова Шапка – село Лисец. На некои патни правци, особено низ усеци и клисури, е можно појава на поситни одрони. ЈП „Македонијапат“ апелира до возачите да управуваат внимателно, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да ја прилагодат брзината според условите на патот.

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на свеченото пуштање во употреба на Домот на културата „11 Октомври“ во населбата Ченто, Општина Гази Баба. Реконструкцијата на објектот започна во февруари минатата година, а Домот на културата ќе се протега на површина од 1.000 квадратни метри. Вкупната инвестиција изнесува 84.240.000 денари, обезбедени од Владата. Се наведува дека објектот е изграден според европски стандарди, енергетски ефикасен и целосно инклузивен, со лифт и тоалети прилагодени за лица со посебни потреби. Домот на културата е организиран на три нивоа: Објектот се очекува да стане значајно културно и општествено место за граѓаните на Ченто и пошироката општина.…

Повеќе

На Клиниката за гастроентерохепатологија при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, денеска ќе се одржи настан по повод воведувањето на две нови современи медицински процедури – холангиоскопија и апликација на ендоскопски стент под контрола на ендосонографија (LAMS). Настанот ќе се реализира во обновениот ендоскопски кабинет на Клиниката, кој е опремен за изведување на вакви напредни интервенции. Од Клиниката информираат дека почесен гостин ќе биде проф. д-р Петко Караѓозов, истакнат професор по гастроентерохепатологија и раководител на Гастроентеролошката клиника при болницата „Аџибадем Токуда“ во Софија.

Повеќе

ЕВН Македонија АД информира дека поради планирани зафати и технички активности во електродистрибутивната мрежа, денеска дел од корисниците во општина Кисела Вода ќе останат без електрична енергија. Прекинот во снабдувањето со струја ќе се реализира во периодот од 09:00 до 14:00 часот, при што без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата Есенинова бр. 8, улицата Борис Трајковски бр. 1 (дел од влез 1), како и улицата Жил Верн бр. 12. Од компанијата посочуваат дека ваквите активности се неопходни за одржување и унапредување на сигурноста и квалитетот на електродистрибутивната мрежа, и апелираат до граѓаните за разбирање за време на привремените…

Повеќе

Државниот архив денеска одбележува 75 години од своето основање, јубилеј што ја истакнува неговата улога како чувар на македонското културно и историско наследство. Свеченоста ќе се одржи во Порта Македонија, каде се предвидени обраќања и доделување благодарници на долгогодишните поддржувачи и соработници на институцијата. Од Архивот посочуваат дека јубилејот е можност да се потсети на значењето на институцијата, не само како заштитник на архивската граѓа, туку и како важен фактор во градењето на колективната меморија и поврзувањето на минатото со иднината. Директорот Димитар Богески во изјава за МИА нагласува дека Архивот претставува столб на македонскиот идентитет и дека зачувувањето на…

Повеќе