- ВИДЕО: Балканскиот рис повторно фатен на камера во Национален парк
- Експлозија на цената на нафтата од Северното Море: Пробиен прагот од 100 долари
- 78-годишен маж најде граната уште од Првата светска војна
- Тешка сообраќајка во Скопје: Голф се судри со мопед
- Седум млади лица завршија во полиција – полицијата ги фатила со дрога
- Уапсени десет возачи: Возеле без дозвола, мортус пијани, па дури и во спротивна насока
- Вапцање на јајца – еден од најстарите христијански обичаи
- Не сме ваши војници: Анкара со директен „шамар“ до Трамп за улогата на НАТО
Author: Sofija Dizdarevik
Собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите денеска ќе одржи седница на која ќе се разгледува Предлог-одлука за одржување надзорна расправа за спроведувањето на законите, политиките и институционалните мерки за превенција и заштита од семејно насилство. Иницијативата е поднесена од пратеничките Жаклина Пешевска и Моника Зајкова, со цел Собранието, преку својата надзорна функција, да добие појасна слика за тоа како надлежните институции ги применуваат постојните механизми за заштита и превенција. Во Предлог-одлуката се нагласува дека семејното насилство и насилството врз жените не претставуваат само прашање на поединечна институционална реакција, туку одраз на функционирањето на целиот систем – вклучително…
Денес времето ќе биде врнежливо поради циклонско влијание, со пообилни врнежи на одредени места (над 20 l/m²). Поради навлегување на постуден воздух, на планините и повисоките места дождот ќе преминува во снег. Ќе дува засилен, повремено и силен ветер кој може да достигне над 70 km/h. Температурите ќе се движат од 1 до 6 степени наутро, а дневните ќе бидат од 7 до 12 степени. Во Скопје ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд и засилен до силен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 4 степени, а максималната ќе достигне до 10 степени. Во…
Почина Цвета Андоновска, најмладата партизанка во историјата на Народноослободителната борба на Македонија и сестра на народниот херој Тоде Думба. Од неа се прости и Максим Димитриевски на Фејсбук. -Од мое лично име и од името на граѓаните на Општина Куманово сакам да го изразам моето најдлабоко сочувство до семејството на Цвета Андоновска, за огромната загуба со која се соочија. Цвета Андоновска беше најмладата партизанка во историјата на НОБ од Куманово, сестра на народниот херој Тоде Думба. Уште од 11 – годишна возраст активно дејствувала за движењето на отпорот, несебично вклучувајќи се во борбата против непријателот за слобода на македонскиот народ.…
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска на скопскиот аеродром го пречека претседателот на Република Црна Гора, Јаков Милатовиќ, кој престојува во официјална посета на Северна Македонија на покана на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Во рамки на посетата, претседателот Милатовиќ ќе оствари низа билатерални средби со македонскиот државен врв, насочени кон зајакнување на двостраната соработка со акцент на економски развој, регионална стабилност и европска интеграција. Од Министерството истакнуваат дека посетата ја потврдува силната и пријателска врска меѓу двете земји и ја одразува заедничката посветеност на унапредување на регионалната соработка и европската перспектива.
На 31 март 2026 година, во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето против тројцата обвинети полициски службеници од Кочани, поради нивното постапување при контроли поврзани со дискотеката „Пулс“. Судењето се одвива со сослушување сведоци предложени од одбраната. На почетокот на рочиштето, обвинетите изјавија дека не се чувствуваат виновни за наводите од обвинението, кое се однесува на контроли извршени во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што на 16 март 2023 година во пожар животот го загубија 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени. Судењето го води судијката Лидија Петровска, а за обвинението застапува јавната обвинителка Спасенка Андонова. Прв сведок денеска…
Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа и паштунскиот, Радио Машал, ќе бидат затворени денеска, на 31 март 2026 година. „Затворањето на овие два сервиса е загуба за публиката што ја опслужуваат. Но, сегашната буџетска состојба на Радио Слободна Европа нè принудува повторно да ги приоритизираме начините на кои ги распределуваме нашите ресурси. Оваа одлука е донесена со длабока благодарност за работата што ја имаат направено овие тимови и за стандардот на извонредност што го одржувале“, изјави Претседателот и извршен директор на Радио Слободна Европа, Стивен Капус. Тимот на Слободна Европа и благодари на публиката за довербата, вниманието и поддршката -…
Сергеј Попов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, синоќа беше гостин во емисијата „Анализа“ на телевизија 24, каде дискутираше за европската интеграција на земјата. Попов истакна дека, поради одлуките и прифатените позиции на владата предводена од СДС, сегашните преговори ризикуваат да изгледаат повеќе како формални историски настани отколку како реални преговори. Тој додаде дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека во процесот на евроинтеграција е клучна предвидливоста, како што се наведува во официјалното соопштение на партијата. -Во оваа моментална ситуација со овие моментални работи, коишто СДС во претходната влада ги прифати, нашите преговори нема да изгледаат како преговори од област во област или од…
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски наместо да најавува нова зона во Ново Лисиче најавена уште пред 4 години од Тимчо Муцунски и Данела Арсовска, нека го одложи стартот на зоната во Реонски Центар со цел да ги воведе и двете зони истовремено. Тоа е барањето на граѓаните. Го потсетуваме Орце Ѓорѓиевски дека неговиот колега Дејан Митески уште во јули минатата година изјави дека Општина Аеродром изготвила проект и дека чека одобрување од Град Скопје за истовремено воведување на зонското паркирање во Ново Лисиче и во Реонски Центар, велат денеска од СДСМ во соопштение за јавноста. Граѓаните не забораваат. Истовременото воведување на зонското…
Општина Центар објави Јавен повик за организација на предучилишен музички настан – детски фестивал „Детелинка“, соопштија утрово од локалната самоуправа. Станува збор за прв ваков фестивал, кој има за цел да го развива интересот и љубовта кон музиката кај најмладите, да ги открие новите таленти и афинитети на децата, како и да ја промовира креативноста на воспитниот и стручниот кадар во градинките. Настанот ќе се одвива преку јавна презентација на оригинални детски песни, создадени од вработените во предучилишните установи, посочи градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Од локалната самоуправа објаснија дека избраниот организатор ќе биде задолжен за целосна реализација на…
Народната банка внимателно ги следи светските трговски и геополитички тензии, особено по ескалацијата на кризата на Блискиот Исток и блокадата на Ормутската Теснина, кои доведоа до раст на цените на енергијата и нови шокови во понудата. Во услови на висока неизвесност, банката е фокусирана на домашните и меѓународните економски движења и е подготвена за соодветни мерки, истакнал гувернерот Трајко Славески на средбата со директорката на Светската банка за Западен Балкан, Шјиаочјинг Ју. Славески нагласил дека кредибилната монетарна политика и ефикасните макропрудентни мерки се клучни за задржување на макроекономската стабилност и стабилноста на банкарскиот систем. Тој посочил дека Народната банка веќе…
