- Автомобил се удри во бензинска пумпа на патот Тузла-Сараево
- ВМРО-ДПМНЕ: Немамe бизнис врски со Орбан, сите се официјални договори
- „Не се мешај во политика“ – Трамп со порака до папата
- Од 13 до 19 април стартува европската акциска контрола на брзина на патиштата
- Маѓар бара оставки од високите функционери во Унгарија
- Скриен бисер: CNN ја вброи Македонија меѓу дестинациите што заслужуваат поголемо внимание од туристите
- Карпош: Жена го нападнала сопругот
- Папата Франциск со директен одговор до претседателот Трамп: „Мојата мисија е мирот, не се плашам“
Author: Sofija Dizdarevik
На 29 и 30 март 2026 година, на повеќе локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода пет лица – Ф.Н. (37), Т.Л. (22), 16-годишник, 17-годишник, сите од Скопје, како и Л.А. (24) од Италија. МВР информира дека кај сите нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) ја информира јавноста дека поради актуелните случувања на светските берзи на цени на нафта и нафтени деривати, а со цел амортизација на влијанието на домашниот пазар и заштита на потрошувачите и обезбедување на сигурност во снабдувањето со нафта и нафтени деривати во земјата донесе Одлука со која го намали износот на трошокот за работење преку склад и истиот наместо досегашните 1,70 денари/литар, сега ќе изнесува 1,20 денари/литар. Имајќи ја во предвид оваа одлука, РКЕ донесе Одлука со која се врши намалување на…
Во Основниот Кривичен суд Скопје вчера на обвинителна клупа седна Стојанче Јовановски, обвинет за насилство и наведување на самоубиство на неговата сопруга Ивана, и нивната шестгодишна ќеркичка, кои заедно во прегратка скокнаа од шести кат на 2 март во Скопје. Во судницата, обвинетиот Јовановски се смеел и мафтал со главата во знак на негодување. Во моментот кога биле опишани смртоносните повреди и прекинот на мозочните функции кај жртвите, тој го покрил лицето со рацете, наведнат на судската клупа. -„Обвинетиот подолг период сурово и нечовечно постапувал кон сопругата. Ја тепал до онесвестување, ја нарекувал со највулгарни зборови и ѝ се заканувал дека…
Македонска берза АД Скопје денеска одбележува значаен јубилеј – три децении од почетокот на организираното тргување со хартии од вредност во земјава. По тој повод, во хотелот „Мериот“ во Скопје ќе се одржи свечена вечера посветена на 30-годишниот развој на пазарот на капитал, партнерствата и заедничките достигнувања. Мисијата на Берзата е да обезбеди ефикасно, транспарентно и сигурно функционирање на секундарниот пазар на хартии од вредност, овозможувајќи им на инвеститорите фер пристап до финансиските инструменти, како и поддршка за компаниите во обезбедување капитал за нивниот развој. Основачкото собрание на Македонска берза АД Скопје било одржано на 13 септември 1995 година, а…
По повод одбележувањето на 14 Април – Денот на Царинската управа, денеска на градскиот плоштад во Гевгелија, во периодот од 11 до 14 часот, ќе се одржи настанот „Отворен ден со Царинската управа“. Од Царинската управа информираат дека посетителите ќе имаат можност да се запознаат со задачите на мобилните царински тимови, како и со опремата што ја користат во секојдневната работа. Програмата предвидува демонстрација на вештините на царинските кучиња, како и презентација на специјализирана опрема, вклучително и скенер за товарни возила што се користи за откривање шверцувана стока. Целта на настанот е да се доближи работата на Царинската управа до…
Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, денеска ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. Како што информираат од Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, таа ќе го пречека со највисоки државни и воени почести на церемонија во Вила „Водно“. Потоа се предвидени тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, како и пленарен состанок на македонската и црногорската делегација. Во рамки на посетата ќе биде потпишан и меморандум за соработка меѓу младинските совети при кабинетите на двајцата претседатели. За утре е најавено Милатовиќ да положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје. Исто така, Сиљановска-Давкова и Милатовиќ…
Државната комисија за спречување на корупцијата денеска ќе ја одржи 30-тата седница, на чиј дневен ред се повеќе точки, меѓу кои и Годишниот извештај за работа на ДКСК за 2025 година. Антикорупционерите ќе го разгледаат и годишниот извештај за спроведување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021–2025 за периодот од 1 јануари до 31 декември 2025 година, како и завршниот извештај за спроведување на стратегијата за целиот петгодишен период. На дневен ред се и посебниот извештај за утврдените состојби во финансирањето на изборната кампања за повторните избори во 2026 година, како и постапувањето по пријави…
Под мотото „Интегритет, реформи, правда“, Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и Здружението на јавните обвинители организираат свечен настан по повод 31 Март – Денот на правосудството. На настанот, кој ќе се одржи во зградата на ЈОРСМ, воведни обраќања, според најавите, ќе имаат новиот јавен обвинител на Република Северна Македонија, Ненад Савески, заменик-претседателката на Советот на јавните обвинители, Марјана Илиеска, како и претседателот на Здружението на јавните обвинители, Елвин Вели. Во рамки на настанот, Здружението ќе ја презентира програмата и планираните активности за 2026 година. Предвиден е и дел за дискусија, размена на предлози и сугестии, како и доделување благодарници.
Народниот правобранител ќе го презентира годишниот извештај за состојбата со почитувањето, унапредувањето и заштитата на човековите слободи и права во 2025 година. Како што е најавено, извештајот на прес-конференција ќе го претстави народниот правобранител Фатон Сељами.
Времето денес ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер, главно од североисток. Минималната температура ќе се движи од -1 до 5 степени, додека максималната ќе биде помеѓу 10 и 15 степени, информираат од УХМР. Во Скопје се очекува променливо облачно време, со можност за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 4 степени, а дневната ќе достигне околу 13 степени. Под влијание на циклонска активност, од денес до петок ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините и снег. Со падот на…
