- САД и Иран ги продолжуваат преговорите: Нова рунда разговори најавена во Исламабад
- Димитриеска-Кочоска: Силна и ефикасна Царина значи заштитена економија и стабилен Буџет
- Холивудско сценарио во Неготино: Грабнат, претепан и мачен во шума за да признае силување, го спасила СМС порака
- Фатална грешка: Наместо Боко Харам, војската гаѓаше локален пазар – 200 загинати цивили
- Екс-шефицата на Антикорупциска пред суд: Не сум виновна за одавање тајни, информациите беа јавно достапни
- Променливо и ветровито денеска, од утре следува период на локални врнежи и грмежи
- Крвав напад во турско училиште: Поранешен ученик рани 16 лица пред да си го одземе животот (ВИДЕО)
- Мицкоски му честиташе на Маѓар: Очекувам проевропски политики и поддршка за Македонија
Author: Sofija Dizdarevik
Маж од Струга е уапсен во Србија под сомнение дека вчера прегазил пешак во Лесковац, кој починал на лице место. Стружанецот Н.К. (33) е приведен по налог на Основното јавно обвинителство во Лесковац, по сомнение дека синоќа управувајќи камион „Волво“ го прегазил пешакот Г.П. (57) од Грделица. Несреќата се случила на автопатот Врање – Лесковац, кај исклучувањето за Грделица, а пешакот починал веднаш на местото на несреќата. Според информациите, осомничениот не застанал, туку побегнал од местото на трагедијата. Српските медиуми пренесуваат дека тој бил уапсен 320 километри подалеку, во близина на Сремска Митровица.
Актерот Кирил Поп Христов познат како Кили, почина на 11 Март 2026 година, 58.годишна возраст во Еквадор, каде живееше од 2014 година. Кили почина во сон од инфаркт. -Ништо веќе не е исто, се’ е сменето за Јоана и мене тука на Еквадор, куќата е празна, мрачно… само е дрвото останато исто, големо, зелено, напиша сопругата на Кили, Гордана Деан Поп-Христова, а во прилог стои фотографија од Кили. Кили е роден на 30 јули 1967 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на отсекот Актерска игра, во класата на професорот Љубиша Георгиевски во 1989 година. Од…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, истакна дека Владата работи на максимум, но дека кај одредени поединци постои дилема за нивната посветеност, поради што ќе бидат опоменати, а доколку не се коригираат, ќе следат промени. Премиерот додаде дека оваа генерација нема простор за импровизации и репризи и дека мора офанзивно да се работи за да се постигне консолидирање. На прашањето за задржки околу конкретни имиња во најавената реконструкција, премиерот потврди дека тоа се однесува не само на Владата, туку и на институциите, и дека некои поединци не се доволно посветени или се однесуваат несоодветно.
Малолетниот Коста Кецмановиќ, кој во 2023 година изврши незапаметен масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, денеска ќе сведочи на Суд против своите родители. Нападот, кој ја потресе цела Србија и поширокиот регион, одзеде живот на осум деца и двајца наставници, додека повеќе од дваесетина ученици беа повредени. Ова злосторство остави длабока траума кај целата заедница и отвори прашања за безбедноста во училиштата и надлежностите на родителите. Кецмановиќ ќе сведочи пред Специјалниот суд во повторената кривична постапка против неговите родители, Миљана и Владимир Кецмановиќ, кои се обвинети дека не презеле соодветни мерки за да го спречат инцидентот. Момчето прво…
„Ние играме тивко, анализираме и мериме пред да донесеме одлуки, без естрада и галама. Целта ни е да движиме работите напред одмерено, без хистерија и претенциозност пред граѓаните“, изјави премиерот Христијан Мицкоски во синоќешното гостување на „Заспиј ако можеш“. Тој оцени дека актуелниот тим на СДСМ е осуден на пропаст. „Залудни им се советниците од Србија под менторство на поранешниот советник на Заев кои партијата ја претворија во прокси на нашиот, се уште легитимен, политички противник. Денеска гледам група луѓе што ја приватизирале СДСМ и користат реторика што не ѝ доликува на една државотворна партија. На краток рок можеби успеваат,…
Во текот на изминатите два дена (23/24.03.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1177 издадени платни налози, од кои 217 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 25 лица, од кои две за возење под дејство на алкохол, 10 за возење без возачка дозвола, две поради претходно изречена забрана за управување на возило. Во истиот период одземени се 11 возила по член 300-б од Кривичниот законик. Понатаму,…
Премиерот Христијан Мицкоски во телевизиско интервју за „Заспиј ако можеш“ најави дека ќе иницира регионална иницијатива за здружување на инвестиции во енергетиката, со потенцијал од неколку милијарди евра. Во емисијата, тој објасни дека иницијативата има за цел Западниот Балкан заеднички да настапува при привлекување идни енергетски инвестиции, посочувајќи на своето учество на Светскиот економски форум во Давос, каде дискутираше со Фатих Бирол од Светската енергетска агенција, американскиот секретар за енергетика и претставници на АЕС и АРАМКО. Мицкоски додаде дека ако регионот заедно се појави на пазарот на идните инвестиции, дури и само 0,1% од потребниот капацитет би значело 4 теравати,…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, изјави дека Владата е една од првите во Европа која го намали ДДВ-то на горивата и дека оваа мерка е дел од напорите за стабилност и помош на граѓаните. Тој нагласи дека намалувањето на даноците е дел од поширок пакет мерки, кој ги вклучува и справувањето со стари долгови од 2,5 милијарди евра, колективни договори и зголемување на платите. – „Се обидуваме да ги предвидиме предизвиците и да носиме решенија кои ќе го олеснат животот на граѓаните, наместо да внесуваме паника“, рече Мицкоски во интервју за „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија. Премиерот истакна дека…
Последната одлука на министерот Стоилковиќ за отпуштање на петмина вработени Албанци во Министерството за односи меѓу заедниците отвора сериозни прашања за начинот на управување со институциите и за стандардите на владеење на правото во државата. Фактите укажуваат на јасни елементи на спорен процес, и во процедурна и во материјална смисла, се вели во соопштението од ДУИ. Според презентираните податоци: – Дисциплинската постапка е спроведена надвор од законските рокови, што ја прави правно невалидна.– Одлуката е донесена без доволни докази и без утврдување на индивидуална одговорност.– Постојат сериозни индиции за накнадно конструирање на аргументи и оправдувања за веќе донесена одлука.– Изречената…
Утрово најстудено е на Попова Шапка и во Берово, со -2 степени, додека максимални 7 степени се измерени во Скопје – Зајчев Рид и во Велес. На Попова Шапка има 57 сантиметри снег. Според УХМР, до 8:30 часот измерени се: 1 степен во Маврови Анови, Крушево, Ѓуриште и Демир Капија; 2 степени во Лазарополе, Охрид, Струмица, Битола, Крива Паланка, Штип и Скопје – Петровец; 3 степени во Претор; 4 степени во Кавадарци и Тополчани; 5 степени во Тетово, Прилеп, Пожаране и Гевгелија; и 6 степени во Куманово и Виница. Времето денеска ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди и…
