- Трамп: Војната со Иран би можела брзо да заврши
- Трамп со јасен ултиматум до Си Џинпинг: Кина да престане да го вооружува Иран
- Средба на јавниот обвинител Савески со холандската амбасадорка Џанел
- ЕУ предупредува на можен недостиг на гориво
- Трамп: Кина вети дека нема да го вооружува Иран по писменото барање од Белата куќа
- Хорор ден за скопјанец: Му го попречиле патот со возило, па физички го нападнале среде улица
- Средба Минчев – Маричиќ: Зајакнување на институционалната соработка и координацијата
- Сиљановска-Давкова: Анастас Коцарев е олицетворение на моќта на науката, но и верен македонски патриот
Author: Sofija Dizdarevik
СДС и Венко Филипче шест дена кукавички молчат и не ја демантираат соработката со Зоран Башановиќ и Милјан Шчекиќ. Молкот на СДС не е ништо друго освен директна потврда дека врските постојат. Наместо да излезат пред јавноста и јасно да одговорат, тие се кријат зад демагогија и евтини манипулации. Ова го велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ во соопштение за јавноста. СДС е заглавена во промашени ПР стратегии диктирани од странски советници, додека Башановиќ и Шчекиќ ја водат партијата директно кон дното, без автентична политика и јасни ставови. СДС е тотално без концепт и отуѓена од народот. ПР стратегијата што ја следат,…
СДСМ и претседателот ја предупредија Владата дека намалувањето на ДДВ од 18% на 10% нема да донесе очекуван ефект доколку не се преземат системски мерки, како намалување на акцизите и цените на основните прехранбени производи. Без такви мерки, граѓаните ќе продолжат да плаќаат високи цени. Само еден ден по прес-конференцијата на премиерот Мицкоски, кога беше промовирана една делумна мерка, евидентно е ново покачување на цената на дизелот, која сега изнесува 95,5 денари за литар. Последиците веќе се видливи во маркетите: маслото за јадење е над 100 денари, јајцата над 300 денари, овошјето и зеленчукот над 100 денари за килограм, а…
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против три лица за тешка кражба во кругот на фабриката „Железара“. За еден од обвинетите е предложен притвор, а за другите двајца се одредени мерки на претпазливост. Според ОЈО, обвинетите во почетокот на март годинава одзеле различни видови електрични кабли во вредност од 196.500 денари, сопственост на правно лице од Кавадарци. При кражбата, тие оштетиле и кабел кој бил дел од јавна електрична инсталација, предизвикувајќи штета проценета на 800.000 денари. По натоварувањето на каблите во автомобил и обидот да го напуштат фабричкиот круг, тројцата биле забележани, приведени и лишени од слобода. Со обвинителниот…
Со сослушување на сведоци предложени од Јавното обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ ќе продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. За денеска, Обвинителството предложи тројца сведоци – Драги Илиевски, Дејан Рашков и Виолета Георгиевска, сите од општина Кочани. Одбраната на обвинетите ќе треба да се изјасни дали го прифаќа повлекувањето на дел од сведоците предложени од Обвинителството, откако на минатото рочиште им беше доставен список на сведоци кои, според Обвинителството, може да бидат повлечени од постапката бидејќи нивното сведочење е веќе опфатено преку други сведоци. На претходното…
На 23.03.2026 година во 21:00 часот, во село Чегране, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Е.Ш. (31) од истото село, поради сомнение за сторено кривично дело „противправно одземање патничко возило“ по член 242 од Кривичниот законик. При претрес во дворот на лицето, беше пронајдено патничко возило „Опел Корса“ со гостиварски регистарски ознаки, пријавено како одземено на 16.03.2026. Возилото е вратено на сопственикот, а Е.Ш. е задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе следи соодветен поднесок.
Дебата на тема „Унапредување на правата на глувите и наглуви лица“ ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Интерпартиската парламентарна група за правата на лицата со попреченост (ИППГ) и организацијата ЗЕТА, во соработка со Сојузот на глуви и наглуви лица и здружението „ТИШИНА“ од Карпош. Целта на настанот е гласот на глувите и наглуви лица да допре до носителите на одлуки и други организации за лица со попреченост, запознавајќи ги со актуелните состојби, предизвици и потреби на оваа група во Република Северна Македонија. Оваа активност е дел од Акцискиот план на ИППГ, насочен кон постигнување поинклузивни и поефективни…
Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ денеска во Кинотеката на Македонија ќе го промовира краткиот документарен филм „Гласна тишина“, по повод 15-годишнината од програмата за мировно образование. Документарниот филм ја прикажува трансформативната улога на програмата – од нејзините почетоци до сегашните достигнувања, нагласувајќи ја важноста на мировното образование како алатка за градење ненасилна комуникација, доверба и инклузивни заедници. Преку сведоштва на ученици, наставници и реализатори, филмот испраќа порака дека мирот е активен и секојдневен избор, соопшти „Меѓаши“. По проекцијата на „Гласна тишина“ ќе следува дискусија.
Во Музејот на македонската борба за самостојност денеска свечено ќе биде промовирана Швајцарската комора на Северна Македонија – СвисЧам МК. На настанот ќе се обратат претседателот на СвисЧам МК, амбасадорот на Швајцарија во земјава, Кристоф Зомер, и заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски. СвисЧам МК соопшти дека настанот претставува значаен чекор кон унапредување на економската соработка, деловното поврзување и промоцијата на швајцарските вредности во деловното работење во Република Северна Македонија.
Во Зоолошка градина Скопје се родија две преслатки близначиња лемури. – Две близначиња лемури веќе го разубавуваат живеалиштето со својата разиграност и љубопитност. Лемурите се примати кои потекнуваат од Мадагаскар и се познати по своите долги опашки, големи очи и силно развиено чувство за заедница. Живеат во групи, комуницираат со звуци и мириси, а мајките се исклучително грижливи, носејќи ги своите младенчиња постојано со себе. Кај лемурите владее матријархат, односно женките се главни во своите групи. Овие нови животи се уште еден доказ за успешната грижа и посветеност на тимот во ЗОО Скопје, велат од ЗОО Скопје.
Во пресрет на 14 Април – Денот на Царинската управа, ќе се одржат настани „Отворен ден со Царинската управа“. Првиот настан е денеска од 10 до 13 часот на градскиот плоштад во Куманово. Царинската управа соопшти дека целта на настаните е да ја подигнат свеста кај граѓаните за значењето на институцијата во заштитата на економијата и безбедноста на државата. Посетителите ќе можат одблизу да се запознаат со задачите на мобилните царински тимови и опремата што ја користат во секојдневната работа. Програмата вклучува демонстрации на вештините на царинските кучиња и претставување на специјализираната опрема, вклучувајќи скенер за товарни возила, кој се…
