- Со возило удрил во бетонска бандера: Повредени 4 лица
- Алиу: Засилени антикорупциски мерки и поголема транспарентност во јавните набавки во здравството
- 21-годишник објавил слики и видеа од возилата АРМ, кривична за нарушување воена безбедност и тајност
- Ректорите на сите државни универзитети дадоа поддршка за новиот закон за високо образование
- Започнуваат конзерваторско-реставраторските зафати во црквата „Св. Константин и Елена“ во Мокрино
- Син ја претепал својата мајка
- Меџити: Продолжуваат инвестициите во инфраструктурата, започнува проектот за улицата „Дижон 15“
- Кривична за поранешен градоначалник на Делчево
Author: Sofija Dizdarevik
Од денеска до 29 март во комплексот „Борис Трајковски“ ќе се одржува „Саем на мебел 2026“, годинава под слоганот „Инспирација за секој дом“. Изложувачите ќе ги претстават најновите трендови во дизајнот и уредувањето на просторот, иновативни решенија за модерно живеење, а новитет годинава е сегмент посветен на монтажни и модуларни куќи, кој е во фокусот на саемот. Организаторите најавуваат повеќе од 70 застапени брендови и очекуваат над 15.000 посетители, нагласувајќи дека саемот е одлична можност за компаниите да ги промовираат своите модели, технологии и концепти, како и да воспостават нови деловни соработки. Посетителите ќе можат да изберат и купат мебел…
Владата и Министерството за одбрана денеска во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец ќе претстават 17 нови лесни оклопни возила „страјкер“, набавени од Соединетите Американски Држави. Според најавите, станува збор за дел од договорот со САД за опремување на Армијата со лесни оклопни возила. Во рамки на соработката се реализираат два договора на принципот „Влада со Влада“, кои ги опфаќаат возилата од типовите JLTV и STRYKER. Досега се испорачани сите 96 возила JLTV, додека денеска ќе бидат презентирани првите 17 од вкупно предвидените 42 возила „страјкер“. На настанот ќе присуствуваат премиерот Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот,…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, денеска ќе одржи предавање на Правниот факултет во Загреб. За време на престојот, таа ќе се сретне со деканот, проф. д-р Иван Коприќ. Предавањето ќе биде на хрватски јазик и ќе вклучи интеракција со студентите преку прашања, а модератор ќе биде продеканката за наука, проф. д-р Елизабета Ивичевиќ Карас. Вчера, во Загреб, претседателката беше пречекана со највисоки државни и воени почести од хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, по што се сретна и со премиерот Андреј Пленковиќ. Во рамки на посетата, Сиљановска-Давкова положи венци на Споменикот на татковината и на спомен-бистата на…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ќе престојува во работна посета на Полска. Како што соопшти Министерството, посетата се реализира на покана од заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Полска, Радослав Шикорски. Станува збор за прва билатерална посета на Муцунски на Варшава, при што во фокусот на разговорите ќе бидат унапредување на билатералните односи, со акцент на економската соработка, трговската размена и можностите за нови полски инвестиции. Ќе се разговара и за поддршката од Полска за евроинтегративниот процес на земјава, како и за актуелни регионални, европски и безбедносни теми. Во рамки на посетата…
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе одржи седница, на која на дневен ред е Предлог-одлуката за именување директор на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер. Оваа институција, која има клучна улога во обезбедувањето транспарентност и демократија, не функционира од 25 декември минатата година, кога на тогашната директорка Пламенка Бојчева ѝ истече мандатот. Агенцијата во моментов е без раководство, откако и заменик-директорот Бљерим Исени беше избран за советник во Советот на Општина Куманово на последните локални избори. Во јануари годинава, собраниската Комисија за избори и именувања поништи оглас за избор…
Дел од корисниците во Центар и Шуто Оризари денеска во одредени периоди ќе останат без електрична енергија, информираат од ЕВН Македонија АД. Од 8:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Хусеин Бајрам“ во општина Центар. Од 10:00 до 12:30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од улицата „Бутелски Венец“ во општина Шуто Оризари.
Амбасадорот на Република Кореја, Ким Донгбае, денес ќе го посети Собранието. Според информациите од собраниската служба, тој ќе се сретне со претседателот на Собранието, Африм Гаши. Воедно, членовите на Комисијата за локална самоуправа денес ќе одржат средба со претставници на Националниот демократски институт (НДИ) во Република Северна Македонија.
Денес времето ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер, главно од северен правец. Минималната температура ќе се движи од -3 до 5 степени, а максималната ќе достигне меѓу 13 и 19 степени Целзиусови. Во Скопје ќе има променлива облачност со сончеви периоди, проследена со слаб до умерен ветер од север. Минималната температура ќе се спушти до 3 степени, додека максималната ќе достигне до 19 степени. Според најавите од УХМР, утре времето ќе биде стабилно, суво и потопло, со умерен до засилен, а на места и повремено силен ветер од јужен правец. Во вечерните…
На 23.03.2026 во Струга, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР Струга лишија од слобода Л.Р. (19) и неговиот 15-годишен брат поради постоење основи на сомнение за кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали“. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, пронајден е пиштол „Dessert Lort“ калибар 9 мм и празна рамка за пиштолот, кој го поседувале без дозвола, а малолетникот изјавил дека родителите не биле запознаени. Во Кичево, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи на ОВР Кичево го лишија од слобода Б.Б. (52).…
Демократската унија за интеграција излегува со конкретни факти кои покажуваат како граѓаните се оштетуваат во време криза со енергенси. Ова го велат од ДУИ преку соопштение испратено за јавноста. – Додека на светските берзи цените на нафтените деривати бележат драстичен пад од околу 10%, во нашата држава граѓаните ќе продолжат да плаќаат повисоки цени цела недела. Причината е јасна – Регулаторната комисија за енергетика применува застарен модел, базиран на просек од претходната недела, наместо да реагира навремено, се вели во соопштението. Оваа пракса директно оди во корист на одредени бизнис интереси, а на штета на граѓаните. Затоа бараме:• Итна промена…
