- Со возило удрил во бетонска бандера: Повредени 4 лица
- Алиу: Засилени антикорупциски мерки и поголема транспарентност во јавните набавки во здравството
- 21-годишник објавил слики и видеа од возилата АРМ, кривична за нарушување воена безбедност и тајност
- Ректорите на сите државни универзитети дадоа поддршка за новиот закон за високо образование
- Започнуваат конзерваторско-реставраторските зафати во црквата „Св. Константин и Елена“ во Мокрино
- Син ја претепал својата мајка
- Меџити: Продолжуваат инвестициите во инфраструктурата, започнува проектот за улицата „Дижон 15“
- Кривична за поранешен градоначалник на Делчево
Author: Sofija Dizdarevik
Само еден ден по прес-конференцијата на Христијан Мицкоски, цената на дизелот повторно се зголеми за 3,5 денари, достигнувајќи 95,5 денари за литар. Ова е трето покачување, со што вкупното зголемување изнесува 24,5 денари по литар. Јасно се гледа ефектот од „мерката“ на Мицкоски, велат од СДСМ. -Секако, Мицкоски го покажува своето вистинско лице – нема капацитет ниту за државничка ниту за економска политика, прав дилетант. Намалувањето на ДДВ од 18% на 10% нема никаков ефект. Граѓаните плаќаат поскапо гориво, а со тоа се забрзува и растот на цените на храната. Цените во маркетите растат – зејтинот, јајцата, месото, зеленчукот, сè…
Приоритет и најголем интерес на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува одржувањето на стандардот на граѓаните, се наведува во соопштението на партијата. За таа цел, со навремени и ефективни мерки, бил спречен ценовен шок кај горивата. Со одлуката на Владата за намалување на ДДВ-то на нафтените деривати од 18% на 10%, се спречило поскапување на горивата и се постигнала нивна стабилизација. Додека регионот се соочува со енормни поскапувања, во Македонија бензините остануваат со иста цена, додека цената на дизелот се зголемува само за 3,5 денари наспроти очекувањата дека ќе поскапи за 10,5 денари по литар. Со намалување на ДДВ за горивата…
Најстудено утрово било на Попова Шапка, каде била измерена температура од -4 степени Целзиусови, а во Берово -1 степен. Најтопло било во Скопје и Велес, каде во 7 часот се измерени 6 степени. Во Маврови Анови температурата изнесувала 0 степени, во Охрид, Тетово и Претор 2 степени, во Крива Паланка и Штип 3 степени, а во Битола, Прилеп, Куманово, Кавадарци и Демир Капија 4 степени. Во Струмица, Гевгелија и Виница измерени се 5 степени Целзиусови. Висината на снежната покривка на Попова Шапка во 7 часот изнесувала 58 сантиметри. Денес времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува…
Почина истакнатиот македонски музичар и бас гитарист Љубомир Стојсављевиќ-Кучкар, препознатлив како дел од влијателната музичка сцена во 1980-тите и член на култниот бенд „Бастион“. Роден во 1959 година, својата музичка кариера ја започнал во групата „Уста на уста“, а подоцна станал дел од „Бастион“, каде што соработувал со Кирил Џајковски, Ана Костовска и Милчо Манчевски. Бендот важи за пионер на македонскиот њу вејв звук и е меѓу првите домашни состави што снимале во студиото на „ПГП РТБ“. Нивните песни како „Холивуд“, „Мистер Комплекс“, „Деца на Сонцето“, „Лице во огледало“, „Месечина во шолја“ и „Молитва“ и денес се дел од музичкото…
Со целовечерен концерт на ансамблот „Македонија“, вечерва ќе започне серијата настани по повод одбележувањето на 19 години од постоењето на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Концертот ќе започне во 19 часот во Мултимедијалниот центар на Економскиот факултет, а пред публиката ќе бидат изведени: „Седнал Марко“ – соборски ора и песни од етничките предели Средорек, Жеглигово и Славиште; „Вено Пиле“ – вокална изведба од етничкиот предел Жеглигово; „Излегол Селман“ – вокална изведба од етничкиот предел Жеглигово; „Каршијак“ – соборски ора и песни од етничкиот предел Скопска Блатија; „Јанино“ – оркестарска изведба; „Малешевска“ – оркестарска изведба; „Чангулово“ – соборско оро од етничкиот…
Од ЕВН Македонија информираат дека поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре (24 март 2026 година) привремено ќе биде прекинато снабдувањето со електрична енергија кај дел од корисниците во Скопје. Во општина Карпош, од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата „Алжирска“. Во општина Сопиште, во населбата Долно Соње, од 09:00 до 12:00 часот прекин на електричната енергија ќе има на улица број 8, како и на дел од улица број 12.
Македонскиот институт за медиуми (МИМ) денеска ќе ги додели новинарските награди „Никола Младенов 2025“. На настанот ќе бидат врачени прва, втора и трета награда за најдобра истражувачка сторија. На годинашниот конкурс, кој беше објавен на 27 јануари и траеше до 17 февруари, пристигнале 42 стории, обработени во вкупно 122 текстови и видео прилози. Од МИМ информираат дека по повод 25-годишнината од доделувањето на наградите, на почетокот ќе се одржи панел-дискусија со новинари-истражувачи, кои ќе споделат искуства и ќе говорат за предизвиците во професијата. Наградите за најдобра истражувачка сторија МИМ традиционално ги доделува од 2001 година, а од 2013 година тие…
Повеќе од 50 уметници вечерва и утревечер ќе настапат на сцената на Македонскиот народен театар во новото издание на „Глумците пеат“. Оваа година програмата е посветена на македонската музика — добро познати песни кои публиката ќе ги доживее во поинакво светло. Форматот ги става актерите во нова улога, каде музиката станува средство за личен израз, а познатите композиции добиваат свежа интерпретација преку соло изведби, дуети и групни настапи. Меѓу новите имиња кои првпат се дел од проектот се Владимир Петровиќ, Григор Јовановски, Стефан Спасов, Денис Абдула, Анастасија Трајковска и Катерина Јовановиќ. Тие ќе настапат заедно со веќе етаблираните учесници како…
Партијата на пензионери, ја поздравува и поддржува одлуката на Владата за поевтинување на 300 лекови кои се достапни на нашите граѓани од 1 мај. Во продолжение интегрален текст: Бараме Министерство за здравство, во потполност да го спроведе годишното усогласување на максималните цени за 2026 година, и на листата да се најдат многу повеќе лекови со намалени цени со што би се приближиле на рамниште од земјите од регионот, за да не бидеме и понатака земја со највисоки цени на медикаментите. Исто така, ја охрабруваме и поддржуваме Владата за благовремено и сеопфатно носење на сите соодветни мерки и активности, а со…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Загреб ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од хрватскиот претседател Зоран Милановиќ. Во рамки на официјалната посета на Хрватска, предвидена е тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, како и пленарен состанок на делегациите на двете земји. Сиљановска-Давкова ќе се сретне и со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. Во агендата е предвидено таа да положи венец на Споменикот на татковината, како и на спомен-бистата на Блаже Конески во градскиот парк „Бундек“. Во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, претседателката ќе присуствува на отворањето на изложбата „Архивски документи“ на уметницата Жанета Вангели. Вчера, претседателката ја посети македонската…
