Author: Sofija Dizdarevik

Вчера попладне околу 17:00 часот, во СВР Куманово е пријавено дека на локалниот пат село Клечовце – село Шупљи Камен, на место викано „Кантон“, патничко моторно возило „Даеву Тико“ со кумановски регистарски таблички, управувано од М.Д. (64) од Куманово, излетало од патот. Лекар од Итна медицинска помош кај возачот М.Д. констатирал смрт, додека кај сопатничката Л.Д. (57) биле констатирани телесни повреди и таа е пренесена во Општа болница Куманово. Според изјавата на сопатничката, на М.Д. му се слошило и изгубил свест пред да се случи несреќата, соопшти МВР. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.

Повеќе

Петре Шилегов кој деновиве е во центарот на медиумското внимание по одлуката на СДСМ да го исклучи од партијата, во своето гостување на 4ТВ.мк, даде свој коментар за трагедијата во дискотеката Пулс во Кочани. „Кочани не е Њујорк, не е Истанбул, не е Токио. Зборуваме за град со околу 40 илјади жители, каде секој муабет може да се слушне. И сите во оваа држава се виновни, освен локалните обвинители. Мислам дека барем за нијанса се повеќе криви кочанските обвинители, без оглед дали е актуелниот или некој пред него“, изјави Шилегов за 4ТВ.МК. Вели неговите ставови не се кон поединци и…

Повеќе

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презема конкретни мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните. Намалувањето на данокот на додадена вредност (ДДВ) за горивата и ослободувањето на количини мазут од државните резерви се мерки со кои Владата ќе го спречи понатамошното зголемување на цените на производите и електричната енергија, соопштува ВМРО-ДПМНЕ. Една од клучните мерки е намалувањето на ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, со што директно се влијае на стабилизирање на цените. Со оваа мерка се очекува цената на бензините да остане речиси непроменета, додека дизелот да поскапи за околу 3 до 3,5 денари по литар, наместо за повеќе…

Повеќе

Најсреќниот миг во нивните животи, се претворил во најголема тага, болка и трагедија. Кире Димитриев, татко на Диме, кој го загуби животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, ја раскажа својата потресна приказна, за 4ТВ.мк. Неговата снаа Ангела која била бремена, требало заедно со неговиот син Диме да замие на Клиниката во Чаир за породување. Сите се спремале за најрадосниот миг, а наместо тоа им се случила најголема трагедија. Неговата сопруга му соопштила дека снаата сама ќе оди во болница, додека за Диме му кажале дека отишол во дискотека. Тргнале веднаш кон болница, а по пат снаата му кажала…

Повеќе

Таткото на младата Фросина Кулакова која беше прегазена кај Силбо во Скопје, Тодор Кулаков, објави емотивни стихови посветени за неговото чедо. Бранови од тага крадешкум се кријат зад секој агол, зад секоја мисла, зад секој момент, зад секој окрет нагол… Бранови од тага што те снема, што и да сторам — џабе ми е… После тебе ништо нема. Само слики неми. Живот што тече — а само спомени…се дел од стиховите кои ги напиша Кулаков на Фејсбук. Тој претходно на Фејсбук напиша статус по одлуката на Врховниот Суд да се одбие барањето на Васил Јованов, за вонредно преиспитување на пресудата.…

Повеќе

Најстудено утрово е на Попова Шапка со -3 степени, додека највисока температура од 8 степени е измерена во Гевгелија. Според податоците на УХМР до 08:30 часот, температурите се движат од -2 степени во Лазарополе, -1 во Маврови Анови, 0 во Крива Паланка, 1 во Берово и Крушево, 2 во Претор, 3 во Охрид, Битола, Прилеп, Пожаране и Виница, 4 во Ѓуриште и Тополчани, 5 во Тетово, 6 во Скопје-Петровец, Демир Капија, Штип и Струмица, и 7 степени во Кавадарци, Скопје-Зајчев Рид и Велес. На Попова Шапка во 7 часот висината на снежната покривка била 57 сантиметри. Денеска времето ќе биде…

Повеќе

Половичната мерка на Христијан Мицкоски за намалување на ДДВ на горивата од 18% на 10% доцни и нема да има значителен ефект – горивата повторно ќе поскапат, а граѓаните речиси нема да почувствуваат олеснување. Во изминатите три недели, додека Мицкоски не преземаше активни чекори, цените на горивата драстично пораснаа – дизелот се зголеми за вкупно 21 денар, а денеска се очекува ново поскапување од дополнителни 4 до 6 денари. Ова го велат од опозициската СДСМ преку соопштение за јавноста. -Задоцнетата реакција на Владата граѓаните ги чини скапо – над 4,5 милиони евра повеќе се платени за гориво, а во меѓувреме…

Повеќе

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски од денеска ќе престојува во дводневна работна посета на Брисел. Во рамки на посетата, Трипуновски ќе оствари средби со претставници на Европската комисија, соопшти прес-службата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Повеќе

Неработен ден за сите граѓани во Република Северна Македонија беше 20 март – Рамазан Бајрам кога воедно добивме и продолжен викенд. По овој споен викенд, наскоро уште еден. 10 април е Велики Петок, 13 април (понеделник) – Велигден, вториот ден на Велигден, па добиваме 4 дена одмор. Во продолжение е целосниот календар на неработни денови за 2026 година, за да можете навреме да ги испланирате вашите патувања и одмори. За сите граѓани на РСМ Оваа година нè очекуваат дури 7 продолжени викенди за сите граѓани: За граѓаните од православна вероисповед Покрај државните празници, православните верници имаат дополнителни неработни денови кои исто така формираат продолжени…

Повеќе

Српскиот пејач Дарко Лазиќ, сеуште е скршен по загубата на неговиот брат, Драган Лазиќ, кој загина во тешка сообраќајна несреќа во Србија. Дарко и неговиот 32-годишен брат биле многу поврзани во животот, а за тоа говори и фотографијата која пејачот ја закачи на социјалната мрежа Инстаграм. -Никој никогаш нема да може да те замени. Со тебе секогаш се смеевме. Ми фали секој миг и секоја твоја шега бато, напиша Дарко, споделувајќи фотографија од еден нивен бокс-меч.  Братот на Дарко Лазиќ, Драган Лазиќ (32), загина во сериозна сообраќајна несреќа со мотоцикл што се случи на 11 март 2026 година во околината…

Повеќе