Author: Sofija Dizdarevik

Собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади го проследи Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување на натамошна постапка во Собранието. Со овие измени, по скратена постапка, се предлага зголемување на сите пензии за 1.000 денари, со ефект од 1 март 2026 година. Пратеничката Ангелинка Петкова од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека ова е четврто зголемување на пензиите, при што во последниве неполни две години пензионерите веќе добиле вкупно 7.000 денари. -„Со овие законски измени, сите пензионери кои го оствариле правото на пензија до 28 февруари 2026 година ќе добијат дополнителни 1.000 денари. На овој начин…

Повеќе

Врз основа на официјалните податоци на Државниот завод за статистика, индустриското производство во Северна Македонија бележи драстичен пад од 9,4% во споредба со јануари минатата година. Според ДУИ, ова е јасен сигнал дека средствата од 200 милиони евра од унгарскиот кредит не дале конкретен ефект врз економскиот развој на државата. Дополнително, и денес нема транспарентност за тоа како се распределени овие средства и кои се нивните корисници, истакна Бесарт Алија на прес-конференција. Податоците исто така покажуваат пад од 3,6% на бројот на вработени во индустрискиот сектор – сигнал за загриженост за економијата и животниот стандард на граѓаните. ДУИ предупредува дека…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на Самитот на Европската народна партија (ЕПП) во Брисел, каде што се дискутираа клучни прашања за иднината на Европа. -„Денес имав чест да присуствувам на Самитот на ЕПП, каде што заедно со истакнати европски лидери и претставници разменивме идеи, искуства и визии за иднината на нашиот континент. Атмосферата беше исполнета со енергија, соработка и посветеност кон европските вредности“, објави Мицкоски на својот фејсбук-профил. Тој нагласи дека Самитот претставува одлична можност за продлабочување на партнерствата и за зајакнување на улогата на Северна Македонија во европските процеси. „Убеден сум дека ваквите средби придонесуваат за подобра иднина и…

Повеќе

Паниката во редовите на ВМРО-ДПМНЕ предизвикана од паднатиот рејтинг, бројните криминални скандали објавени од Антикорупцискиот тим (АКТ) и економската криза ја откри Платформата за рушење на СДСМ, се наведува во соопштението од партијата. Според СДСМ, овие фактори ја извадија на површина слабоста и стравот меѓу членовите на ВМРО, кои не можат да се справат со резултатите од својата политика и јавната критика. – Ниту една црна кампања против СДСМ и против претседателот Венко Филипче не помина – граѓаните го препознаа дефокусот и ја видоа реалната работа на партијата. Се уверија дека не можат да го скршат Антикорупцискиот тим и раководството…

Повеќе

Нашиот неостварен стратешки приоритет е што побрзо отворање на преговорите и полноправно членство во Европската Унија, истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во гостување во вестите на Алсат ТВ. Муцунски нагласи дека државата континуирано ја следи дискусијата во рамки на европските институции и различните дебати поврзани со проширувањето. „Секако дека ја следиме дебатата, но во овој момент нашиот главен стратешки надворешнополитички приоритет е отворањето на преговорите за членство и што побрзо полноправно членство во ЕУ“, рече тој. Од аспект на процесот на носење одлуки во Унијата, министерот објасни дека за евентуална промена на методологијата или правилата…

Повеќе

Неработен ден за сите граѓани во Република Северна Македонија е 20 март – Рамазан Бајрам кога воедно е и продолжен викенд. Од УХМР информираат дека времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец. Во сабота ќе биде претпладне ведро и тивко, потоа променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура од -5 до 2, максималната од 8 до 15 степени. Во недела пак не…

Повеќе

Ноќеска (19.03.2026) околу 00:10 часот, кај наплатната рампа Гостивар, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР Гостивар лишија од слобода тројца лица: Е.Е. (40) и Б.С. (48), двајцата од Гостивар, и Ќ.Р. (70) од село Врањовци, гостиварско. При преземањето мерки, полициските службеници забележале дека лицата се наоѓале во патничко возило „Фолксваген Бора“ со гостиварски регистарски ознаки. Е.Е. при тоа исфрлил по едно пакување со грутчеста кафеава материја и едно со кафеава прашкаста материја, кои веднаш биле пронајдени и одземени. Лицата се задржани во полициска станица, а во координација со јавен обвинител, во текот на…

Повеќе

Делегација предводена од претседателот на Партијата за движење на Турците (ТХП), Енес Ибрахим, престојуваше во Истанбул по повод одбележувањето на една година од апсењето на градоначалникот на градот, Екрем Имамоглу, се наведува во соопштението од ТХП. Во рамки на посетата, делегацијата оствари средби со вршителот на должност градоначалник на Истанбул, Нури Аслан, како и со градоначалникот на Анкара, Мансур Јаваш. На средбите беа разгледани можностите за унапредување и продлабочување на соработката меѓу општините од двете земји, со посебен акцент на размена на искуства и развој на заеднички проекти во повеќе области од заемен интерес. Партијата за движење на Турците најави…

Повеќе

Новиот јавен обвинител го чека многу работа, оценуваат од опозицијата. Три месеци по објавувањето на скандалите и сомнителните тендери од страна на Антикорупцискиот тим на СДСМ, сè уште нема никаков видлив одговор или реакција од институцијата. Според критиките, оваа пасивност ја зголемува потребата за итно делување и сериозна контрола на работата на власта, особено во сферата на јавните набавки и спречување на можни злоупотреби, велат од СДСМ преку соопштение за јавноста. -Скандалот со 161 тендер за семејната фирма на Томовски. -Скандалот со 51 тендер преку општините за омилената фирма на власта Пирамид Билдинг. Сопственикот бил член на Избирачки одбор од ВМРО.-Скандалот…

Повеќе

Хрватска ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на патот кон членство во Европската Унија, порача хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ по синоќешната средба со премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, во Брисел. Пленковиќ истакна дека земјата заслужува јасна ЕУ-перспектива. На својот налог на „Икс“, Пленковиќ објави дека со Мицкоски размениле мислења за актуелните глобални случувања, геополитичките предизвици, безбедноста на снабдувањето со енергија во Југоисточна Европа и мерките на двете влади за справување со порастот на цените на енергентите. „Мило ми е што се сретнав со премиерот на Северна Македонија во Брисел. Хрватска ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на…

Повеќе