- Експертите предупредуваат: Четботовите често даваат неточни медицински информации
- Русија ќе исплати отштета на Азербејџан за соборениот патнички авион во Казахстан
- Муцунски: Анита Орбан потврди дека во надворешната политика на Унгарија ќе остане цврсто втемелен приоритетот за ЗБ
- BBC отпушта 2.000 вработени за да ги намали трошоците
- Дипломатска надеж: САД и Иран ги продолжуваат преговорите во Исламабад следната недела
- Дневен хороскоп за 16 април 2026: Овните ја користат силата на идеите, Водолиите прават голем напредок
- Иран ја отвора вратата за деблокада на Ормускиот теснец: Поставен е клучен услов
- Биланс од масакрот во Турција: 9 загинати, 13 повредени
Author: Sofija Dizdarevik
Ученици од СОУ „Јосип Броз Тито“ од Скопје денеска ќе го посетат Собранието на Република Северна Македонија во рамки на едукативната активност „Имам став!“, организирана од Парламентарниот институт. Станува збор за иницијатива наменета за средношколци од целата држава, која претставува симулација на процесот на разгледување предлог-закон во Собранието. Целта на активноста е младите да се запознаат со работата на законодавниот дом и со начинот на донесување закони, со што се поттикнува нивната свест за демократијата, како и нивната општествена и политичка ангажираност, информираат од собраниската прес-служба.
Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Слаби врнежи од дожд и снег, кои не се задржуваат на патот, се бележат на планинските премини Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Крушево. Од ЈП „Македонијапат“ информираат дека сите патни правци низ државата се проодни. Сепак, на делници што минуваат низ усеци и клисури постои можност за појава на ситни одрони, па се препорачува внимателно возење. Апелираат возачите да ја приспособат брзината според условите на патот и да ја почитуваат сообраќајната сигнализација. Дежурните екипи се постојано на терен и работат на одржување на патиштата за да се обезбеди…
Во рамки на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска ќе се одржи амандманска расправа по Предлог-законот за јавното обвинителство, во второ читање. За законското решение се поднесени вкупно 27 амандмани од пратеничките групи, а според најавите се очекуваат и дополнителни комисиски амандмани. Претседателот на Комисијата, Љупчо Пренџов, информира дека 13 амандмани се од ДУИ, 10 од СДСМ и 4 од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Тој оцени дека со овој закон се прави значаен чекор кон реформите и приближување кон Европската Унија. Предлог-законот предвидува модернизација на законската рамка, воведување јасен мерит-систем за избор, унапредување и оценување на обвинителите,…
Собранието денеска треба да ја одржи 94-тата седница, на чиј дневен ред се останати уште три точки: избор на член на Судскиот совет, измени на Законот за пензиско и инвалидско осигурување и измени на Законот за стратешките инфраструктурни проекти, сите по скратена постапка. Собраниската Комисија за избори и именувања утврди предлог-листа со двајца кандидати за член на Судскиот совет – Сејфула Османи, доктор на правни науки од Врапчиште, и Арбер Исаку, дипломиран правник од Тетово. Со предложените измени на Законот за пензиско и инвалидско осигурување се предвидува усогласување и зголемување на пензиите согласно владините политики. Во однос на измените поврзани…
Денес времето ќе биде променливо облачно, во западните региони со повремени слаби врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места ќе има услови за снег. Ќе дува умерен ветер од североисток, кој на моменти може да засилува. Минималната температура ќе се движи од -2 до 4 степени, додека максималната ќе достигне од 8 до 15 степени. Во Скопје се очекува променлива облачност со сончеви интервали. Ветерот ќе биде слаб до умерен од североисточен правец. Утринската температура ќе падне до околу 2 степени, а дневната ќе достигне до 13 степени. Според УХМР, во наредните денови ќе продолжи променливо облачно…
На 30 март е закажан почетокот на судењето за Стојанче Јовановски, сопругот на Ивана Јовановска, која со својата ќерка падна од балкон во скопската населба Карпош. Јовановски е обвинет за три кривични дела: Според обвинението, Јовановски подолг период постапувал сурово и нечовечки кон оштетената, која била во зависна и подредена положба. По стекнување на сопственост над станот каде живееле, започнал со психичко и физичко малтретирање, кое ескалирало во 2025 година. Обвинението наведува дека тој често ја тепал и навредувал Ивана, и тоа дома и на јавни места, дури и пред нивната малолетна ќерка, заканувајќи ѝ се дека ќе ја избрка…
Врховниот суд го одби барањето за вонредно преиспитување на пресудата на Васил Јованов, кој ја прегази младата Фросина Кулакова на пешачки кај Силбо, во скопски Карпош. -Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека, постапувајќи по кривичниот предмет КВП2-22/26, по одржана седница на советот на 11.03.2026 година, донесе пресуда со која се одбива како неосновано барањето за вонредно преиспитување на правосилната пресуда поднесено од осудениот В.Ј. од С., преку неговиот бранител, против пресудата на Основниот кривичен суд Скопје К-780/25 од 13.05.2025 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје КЖ-696/25 од 27.10.2025 година, со која е огласен виновен за…
Откако јавно го разоткривме енергетскиот откопод и ги објавивме фактите, бизнис-мрежата на Мицкоски, од Адамовиќ до „Руднап“, се обиде повторно да ја руши СДСМ од внатре. Фатени во криминални скандали, без никакви резултати зад себе, ВМРО-ОКГ нема друго решение освен да се обиде да ја поткопува СДСМ, се вели во соопштението на СДСМ од денешната прес-конференција на партиската портпаролка Богданка Кузеска. Последните анкети, спроведени од самата ВМРО, покажуваат пад на довербата во власта и раст на рејтингот на СДСМ. Токму поради тоа се активира таканаречената „Платформа“ – платформа за рушење на СДСМ од внатре, наводно осмислена од страна на ВМРО.…
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, заклучно со вчерашниот лет, целосно е завршена евакуацијата на сите македонски државјани од земјите на Блискиот Исток кои до овој момент беа пријавени и изразија подготвеност за евакуација. -Со последниот, петти лет што вчера слета на Меѓународниот аеродром во Скопје, евакуирани се вкупно 147 патници, од кои 119 македонски државјани и 28 странски државјани. Со тоа државата покажа подготвеност навремено да реагира во кризни ситуации, да ја заштити безбедноста на македонските граѓани, но и да покаже солидарност кон граѓани од пријателските земји од регионот и пошироко. Станува збор за организирани чартер…
Македонскиот пејач Спасен Силјановски, го загуби својот татко, па ја сподели веста на Фејсбук. -Денес Бог ми го зеде најдобриот другар.Човекот кој што ме научи се во животот. Човекот кој пред се ме научи што значи Чест, Морал и Достоинство. ТАТИЧКО незнам дали уште еднаш ќе можам да запеам песна како што тоа го правевме заедно. Ќе ми фали твојот глас, твојата поддршка, твојата љубов. Почивај во мир, напиша пејачот на 16. март. Два дена по трагедијата, тој објави фотографија со скршено срце на својот Инстаграм профил и напиша „Непребол”. Според информациите што ги сподели пејачот, погребот се одржа на…
