Author: Sofija Dizdarevik

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, сподели убава вест на својот профил на Фејсбук. Тој информираше дека првиот лет од Братислава пристигна на охридскиот аеродром. -Првиот лет од Братислава денеска пристигна на охридскиот аеродром. Нови туристи и нови можности за Охрид и охридскиот регион, напиша Николоски на Фејсбук. Тој претходно најави дека граѓаните директно ќе летаат  од аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид до Братислава, а веќе од 29 март се воведува уште една линија од охридскиот аеродром директно до Милано. -Преку конкретни политики и мерки, континуирано работиме на унапредување на цивилниот авиосообраќај, со што овозможивме значително проширување на…

Повеќе

Собранието денеска треба да ја одржи 94. седница, на која главна точка е изборот на нов државен јавен обвинител. Предлогот е Ненад Савески, актуелен судија во Основниот кривичен суд Скопје, номиниран од Владата на 10 март. За изборот му се потребни најмалку 61 пратенички глас. Кандидатурата доаѓа по оставката на Љупчо Коцевски, по постапка во која учествуваа пет кандидати. Савески е роден 1976 година, живее во Гостивар и е магистер по казнено право. Дипломирал и магистрирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ, а правосудниот испит го положил во 2003 година. Од 2016 година е судија во одделот за организиран…

Повеќе

Од ЕВН Македонија информираат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денес без електрична енергија ќе остане дел од општина Сопиште. Од 08:00 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците од селото Држилово во општина Сопиште, соопшти ЦУК, повикувајќи се на податоци од ЕВН Македонија.

Повеќе

Времето денес ќе биде променливо облачно и посвежо. Во западните делови повремено ќе има локални врнежи од дожд. Поради продор на постуден воздух од север, на планините врнежите на места ќе преминуваат во снег, а на повисоките подрачја ќе има мешани врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од источен и југоисточен правец. Минималната температура ќе се движи од 0 до 6, а максималната од 8 до 14 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно, со услови за слаб дожд во одделни делови од котлината. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, поизразен претпладне. Минималната температура ќе се…

Повеќе

Слаби врнежи од снег на Попова Шапка и во Крушево, како и на планинските премини Стража, Буково и Ѓавато. Според информациите од ЈП „Македонија пат“, сите патишта се проодни. Сообраќајот се одвива без застои по влажни коловози, а се препорачува зголемена внимателност при возење, особено во клисурите каде постои можност од појава на одрони.

Повеќе

Јавното обвинителство смета дека на поранешниот градоначалник на Кочани, Љупчо Папазов, не треба да му биде заменет куќниот притвор со мерки за претпазливост, како што тоа побарала неговата одбрана. -„Јавното обвинителство во оваа фаза од постапката смета дека нема околности поради кои може да се укине мерката куќен притвор и да се замени со мерки за претпазливост“, изјави обвинителот Борче Јанев на денешното рочиште. Судијката Груевска-Илиевска појасни дека Судот ќе се произнесе за барањето на наредното рочиште, откако ќе ги разгледа сите аспекти на случајот и докази. Инаку, Љупчо Папазов беше приведен по големата трагедија во дискотеката Пулс во Кочани,…

Повеќе

Министерството за локална самоуправа, преку Ресурсниот центар за поддршка на развојот на општините, по првиот пресек на пристигнатите апликации, ја формираше првичната база од 170 експерти и практичари, со што се поставува солидна основа за навремена, стручна и таргетирана поддршка на општините во решавање на конкретни локални предизвици, истакна министерот Златко Перински. Министерот појасни дека базата на експерти е веќе ставена во функција, а општините можат, согласно своите потреби, да користат професионална поддршка во различни области. Областите на експертиза се поврзани со изворните надлежности на општините, но и пошироко, опфаќајќи сектори кои значајно влијаат на функционирањето на локалната самоуправа, подобрување…

Повеќе

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, сподели убава вест на својот профил на Фејсбук. -Граѓаните од денеска можат да летаат директно од аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид до Братислава, а веќе од 29 март воведуваме уште една линија од охридскиот аеродром директно до Милано, напиша тој.  Додава дека развојот на авиосообраќајот претставува еден од врвните приоритети на Владата и Министерството за транспорт. -Преку конкретни политики и мерки, континуирано работиме на унапредување на цивилниот авиосообраќај, со што овозможивме значително проширување на мрежата на дестинации. Остануваме силно посветена на унапредување на авиосообраќајот заради развојот и поврзување на Македонија со големите…

Повеќе

Влатко Соколов, татко на Стефанија која загина во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во Отвореното Студио на 4ТВ.мк го опиша кобниот момент кога ја видел и својата ќерка меѓу жртвите, кобниот 16. март. -Колегите правеа кордон и количката не можеше да влезе. Пет минути подоцна сепак влезе до нас, но мене ништо не ми беше јасно, се чувствував како да не сум присутен. Кога ги отворив двете врати, тоа што видов беше хорор филм. Сите сме гледале хорор филмови, но ова не беше филм – ова беше нешто што нема да го заборавам цел живот. Млади деца, момчиња и…

Повеќе

Скопјанец е приведен и му е одреден притвор поради сомнение за измама, откако лажно се претставил како инспектор и измамил жена од Прилеп за значителна сума пари, соопшти Министерството за внатрешни работи. -Од ОВР Прилеп е поднесена кривична пријава против М.А. (46) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 4 ноември 2025 година, пријавениот измамил жена од Прилеп за 2.000 евра и 1.000 долари. Според МВР, тој лажно се претставил како инспектор во странска земја и ѝ соопштил на жената дека нејзините внуци во странство учествувале во сообраќајна несреќа во која починало дете. Потоа…

Повеќе