Author: Sofija Dizdarevik

Од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информираат дека денеска, 17.03.2026 година, поради планирани технички интервенции во електросистемот, неколку скопски општини ќе имаат прекини во снабдувањето со електрична енергија. Граѓаните се советуваат да ги преземат потребните мерки и да го планираат своето време во периодите на прекин.

Повеќе

Со сослушување сведоци предложени од Јавното обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени. На претходното рочиште беа сослушани двајца сведоци. Трајче Димишковски, кој од 2023 до август 2025 година бил дел од агенцијата за обезбедување „Рубикон“, сведочеше за начинот на комуникација меѓу вработените, распределбата на персоналот, како и за насоките што ги давал професорот Александар Нацев при поголеми настани и обуки за законските обврски на обезбедувачите. Претходно исказ даде и инспектор од Дирекцијата за заштита и спасување од подрачното одделение во…

Повеќе

Уште еден евакуациски лет на релација Дубаи – Скопје се очекува да биде реализиран денеска. Македонската амбасада во Обединетите Арапски Емирати во неделата ги информираше сите македонски државјани кои моментално престојуваат во земјата дека во вторник ќе се организира дополнителен лет за евакуација. – Со оглед дека се финализираат подготовките и сите детали за реализација на летот, ги повикуваме граѓаните кои имаат итна и приоритетна потреба од евакуација да се пријават во најкус можен рок во Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби – соопштија од Амбасадата. Евидентирањето може да се изврши преку Амбасадата во Абу Даби, на телефонскиот…

Повеќе

На денешната 57. седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе се одржи јавна расправа по Предлог-законот за јавното обвинителство, кој предвидува суштински реформи во организацијата и функционирањето на обвинителскиот систем. Воедно, Собранието утре треба да се изјасни и за предлогот Ненад Савески да биде избран за нов државен јавен обвинител. Јавната расправа следува откако Собранието ја утврди потребата од донесување на законот, со што тој ја помина првата фаза од парламентарната процедура. Со Предлог-законот се предвидува модернизација на постојната законска рамка, воведување јасен мерит-систем за избор, унапредување и оценување на обвинителите, како и зајакнување на гаранциите…

Повеќе

Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска ќе ги разгледува двете пристигнати пријави по јавниот оглас за избор на претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад. Според информациите на МИА, на огласот аплицирале Ацо Ристов, поранешен градоначалник на Радовиш, и Шамил Реџепи, вработен во РКЕ. Огласот беше распишан по оставката на Марко Бислимоски, кој ќе продолжи да ја извршува функцијата до изборот на негов наследник. Согласно Законот за енергетика, по разгледувањето на пријавите, Комисијата ќе му предложи на Собранието кандидат за претседател на Регулаторната комисија за енергетика. Изборот на новиот претседател…

Повеќе

Времето денес ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд, кои на одделни места ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе се движи од -1 до 4 степени, додека максималната ќе достигне од 11 до 15 степени. Во Скопје, претпладнето ќе биде облачно, а попладнето ќе има услови за слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 4 степени, а максималната ќе достигне до 13 степени. Според УХМР, во наредните денови времето ќе биде променливо…

Повеќе

Денес во Кочани оддаваме тивка, но длабока почит кон невините животи што прерано згаснаа. Една година подоцна, болката и празнината се уште се чувствуваат во секое срце, но заедно со нив живее и сеќавањето на недовршените соништа. Ова на Фејсбук го напиша македонскиот премиер, Христијан Мицкоски. -Со голема почит се потпишав во книгата на жалост како искрен чин на почит кон настраданите и како израз на солидарност со нивните семејства и присуствував на комеморативниот настан „Ден на сеќавање -16 март 2025“ во Центарот за култура „Бели мугри“. Нека споменот за нив остане вечен, а нашата заедничка човечност и единство нека…

Повеќе

Керко моја, ѕвездо моја која сјае на небото…Ова на Фејсбук во емотивна порака го напиша Александар Наунов, таткото на Надица која загина во пожарот во Пулс во Кочани. -Денес помина точно една година откако те нема, а болката е иста како првиот ден. Времето не ја лекува раната кога родител го изгубил своето дете. Таа рана само учи како да живее со солзите. Керко моја, куќата без тебе не е куќа. Тишината без твојата смеа е потешка од секој крик. Секое утро се будам со надеж дека ќе те видам, дека ќе го слушнам твојот глас… но наместо тоа, ја…

Повеќе

Илчо Гоцевски од делчевско Звегор, кој живееше во Кочани, беше херојот од Брзата Помош, кој 32 часа без престан пренесувал пациенти од пожарот во Пулс, до скопските Клиники. Илчо 11 пати возел на релација до Скопје, а за жал, по помошта која им ја пружи на повредените, легна, заспа и не се разбуди. Сопругата на починатиот возач на Брза помош, за српскиот Ало пред една година, раскажа дека тој заспал и не се разбудил. Срцето му откажало по траорот кој го гледал цел ден. – Јас само знам дека си дојде дома. Иле беше цел 16-ти беше на повик, така…

Повеќе

Денеска се навршува една година од трагедијата во дискотеката „Пулс“, во која згаснаа многу млади животи, а голем број присутни таму таа вечер беа повредени. Тој и наредните триесетина дена беа еден од најтешките периоди од мојата докторска кариера, објави на својот фејсбук-профил проф. д-р Андон Чибишев. На Универзитетската клиника за токсикологија, посочува докторот, беа хоспитализирани дваесетина тешки пациенти поради акутно труење со отровни гасови, а во периодот што следуваше поминаа и голем број пациенти кои таа вечер биле присутни во дискотеката. Тој наведува дека со крајно професионална, стручна и посветена работа и грижа целокупниот персонал на Клиниката успеа да…

Повеќе