Author: Sofija Dizdarevik

Горан Тонев, еден од преживеаните во пожарот во дискотеката Пулс, во кој за жал загинаа 63 лица, се сретна со докторите од Солун кои му го спасија животот. Тој објави фотографии на социјалната мрежа Фејсбук, изразувајќи огромна благодарност до медицинскиот тим. -Никогаш нема да ги заборавам луѓето кои биле покрај мене кога ми беше најтешко. Денес повторно се сретнав со дел од прекрасниот персонал од Papanikolaou Hospital. Мојата благодарност кон нив е бескрајна, напиша Тонев. На 16 март 2025 година, во трагичниот пожар што избувна во дискотеката „Пулс“, животот го загубија 63 лица, меѓу кои имаше и деца, додека повеќе…

Повеќе

Утрово Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, остварил телефонски разговор со министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Ферит Хоџа. Двајцата министри го потврдиле заедничкото задоволство од одличните билатерални односи меѓу двете земји, нагласувајќи ја подготвеноста за нивно натамошно унапредување. Во разговорот станало збор за европската перспектива на двете држави, како и за заедничките активности на патот кон Европската Унија. Истакната била и важноста на проектот Коридор 8, кој претставува заеднички приоритет од значење за двете земји и придонесува за унапредување на регионалната поврзаност и развој. Министерот Муцунски ја истакнал важноста на…

Повеќе

Стојка Иванова Антова, една од мајките кои ја доживејаа најголемата животна трагедија и загубија чедо во пожарот во Пулс, објави емотивно писмо до својата ќерка Ивона Антова, која трагично го загуби животот пред една година. Денес, ќерко моја… повторно ќе дојдеме кај тебе. Но овој пат нема да бидеме само ние. Ќе дојдат и роднини, пријатели, другари, комшии… Сите што те сакаа, сите што те паметат. А кажи ми чедо… зарем таму требаше да се собираме? Нели се договоривме поинаку? Прво на твојата дипломска… па на свадба… па да се радуваме на твојот живот. А наместо тоа… за само неколку…

Повеќе

Со поставувањето на симболичната инсталација „63 бели столчиња – 63 животи“, денеска во Паркот на револуцијата во Кочани започна одбележувањето на годишнината од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, во кој на 16 март минатата година згаснаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени. Шеесет и три бели столчиња, секое со по една бела роза и отворена книга за жалост, беа поставени во тишина како немо сведоштво за животи прекинати во најубавите години. „63 бели столчиња, 63 имиња, 63 животи што недостигаат – секое столче ја носи тишината на едно отсутно присуство, бела роза за спомен, светлина за сеќавање и…

Повеќе

Во текот на изминатиот викенд периодот (14/15.03.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1198 издадени платни налози, 465 прекршоци се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 42 лица, од кои осум за возење под дејство на алкохол, 20 за возење без возачка дозвола, еден поради претходно изречена забрана за управување на возило. Во истиот период одземени се 13 возила по член 300-б од Кривичниот законик. Понатаму, според статистичкиот…

Повеќе

Водата во Скопје е целосно безбедна за пиење, покажуваат резултатите од микробиолошката анализа на 192 примероци земени од 48 мерни места низ градот. ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје денеска соопшти дека Секторот за санитарна контрола во периодот од 9 до 13 март земал по 192 примероци за физичко-хемиска и микробиолошка анализа на вода за пиење од различни локации низ градот. Според добиените резултати, сите примероци ги задоволуваат барањата од Правилникот за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18), соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Повеќе

По повод 101 година од формирањето на Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово, на 22 март, недела, ќе се одржи планинарски поход до месноста Лешница на Шар Планина. Сите заинтересирани за учество треба да се пријават најдоцна до петок, 20 март. Планот за настанот предвидува поаѓање во недела од 7:00 часот со комби превоз пред просториите на ПК „Љуботен“ во Тетово кон село Бозовце, од каде што ќе започне пешачењето кон Долна Лешница. Пристигнувањето на Лешница е предвидено околу 10:30 часот за краток одмор, по што следува посета на кадите на Кривошијска Река, а од 14:00 часот е тргнување назад кон…

Повеќе

Денеска Пробиштип се сеќава на 63-те жртви од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, меѓу кои четворица се од овој град. Општина Пробиштип и градоначалникот Тони Тоневски на социјалните мрежи напишаа: „Понекогаш времето не ги лекува раните, туку само не учи како да живееме со празнината“. „Овој 16-ти март носи тежина која не се опишува со зборови. Помина една година од трагедијата која го згасна светлото во многу домови и остави длабока лузна во срцето на нашиот Пробиштип. Денес, на градскиот плоштад, со свеќа во рака, со наведнати глави и срца полни со тага, им оддаваме почит на нашите млади…

Повеќе

Македонската Амбасада во Обединетите Арапски Емирати ги известува сите македонски државјани кои се наоѓаат во земјата дека во вторник ќе се реализира уште еден лет за евакуација на граѓани на релација Дубаи – Скопје. Имајќи предвид дека се финализираат подготовките и деталите за летот, Амбасадата апелира сите граѓани со неопходна и приоритетна потреба од евакуација да се пријават во најкус можен рок. Пријавувањето може да се изврши во Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби на телефон +971 56 441 7532 или преку е-пошта abudabi@mfa.gov.mk. Досега се реализирани четири организирани летови за евакуација на граѓани од регионот на Блискиот…

Повеќе

Една година по трагедијата во дискотеката Пулс во Кочани, каде животот го загубија 63. лица, на социјалната мрежа Фејсбук се огласи Иван Стојменов, еден од повредените во страотниот пожар кој засекогаш ја зави Македонија во црно. -Помина една година од нокта што засекогаш ми го промени животот. Нокта кога во дискотеката „Пулс” избувна пожар и се за неколку секунди се претвори во хаос, чад и страв. Нокта кога животот и смртта беа толку блиску. Со изгореници по рацете, лицето и дишните патишта, завшив во болница во Словенија. 10 дена кома и скоро 1 месец борба… борба за здив, за сила,…

Повеќе