Close Menu
Press24
    Најново

    Ѓорѓиевски по повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром порача– Различноста не нè дели, туку нè обединува

    23.03.2026 во 13:30

    Клековски откри алармантни податоци: Секое петто боледување во МВР е лажно

    23.03.2026 во 13:16

    Муцунски на средби со ЕУ-претставници во Брисел

    23.03.2026 во 13:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ѓорѓиевски по повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром порача– Различноста не нè дели, туку нè обединува
    • Клековски откри алармантни податоци: Секое петто боледување во МВР е лажно
    • Муцунски на средби со ЕУ-претставници во Брисел
    • ДЗС се здоби со два нови пилота за гаснење пожари на отворено, со што сега има вкупно пет во Дирекцијата
    • Кузеска: Славески незаконски го кочи изборот на вицегувернери – дали се загрозува финансиската стабилност
    • ФОТО: Цената на нафтата „потона“ по изјавата на Трамп
    • Драма на гранците: Полицијата ги забрани протестите, транспортерите успеаја да го блокираат само „Свилај“
    • Трамп ги одложи воените удари врз Иран: Наредив 5-дневна пауза, имаме продуктивни преговори
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ФОТО: Преживеан од Пулс се сретна со лекарите кои го спасија – „Беа до мене во најтешкото”

    ФОТО: Преживеан од Пулс се сретна со лекарите кои го спасија – „Беа до мене во најтешкото”

    16.03.2026 во 10:482 Mins Read
    ФОТО: Press24
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Горан Тонев, еден од преживеаните во пожарот во дискотеката Пулс, во кој за жал загинаа 63 лица, се сретна со докторите од Солун кои му го спасија животот.

    Тој објави фотографии на социјалната мрежа Фејсбук, изразувајќи огромна благодарност до медицинскиот тим.

    -Никогаш нема да ги заборавам луѓето кои биле покрај мене кога ми беше најтешко. Денес повторно се сретнав со дел од прекрасниот персонал од Papanikolaou Hospital.

    Мојата благодарност кон нив е бескрајна, напиша Тонев.

    На 16 март 2025 година, во трагичниот пожар што избувна во дискотеката „Пулс“, животот го загубија 63 лица, меѓу кои имаше и деца, додека повеќе од 200 луѓе беа повредени. Непосредно по несреќата беше одржана итна седница на Советот на Општина Кочани, по што беше прогласена седумдневна жалост – најпрво на локално, а потоа и на државно ниво. Иако првичните информации говореа за 59 загинати и над 150 повредени, по завршувањето на лекувањето на повредените и во рамки на обвинителните постапки, конечниот биланс изнесуваше 63 жртви и повеќе од 200 повредени.

    Истрагата покажа дека ноќниот клуб со години функционирал незаконски, без исполнување на основните технички и безбедносни услови, без соодветни дозволи и без почитување на противпожарните стандарди. Во објектот биле вршени реконструкции без стручен надзор, биле употребувани лесно запаливи материјали, а просторот не ги задоволувал ниту основните безбедносни критериуми.

    Кобната вечер биле активирани три пиротехнички средства во исто време, насочени кон плафонот обложен со полиуретански сунѓер. Пожарот се проширил за само неколку секунди, а густ чад и паника ги затекнале посетителите во клубот кој имал само еден, недоволно соодветен излез. Поголемиот дел од жртвите загинале обидувајќи се да стигнат до вратата, која не претставувала стандардно евакуациско решение. 

    Жртвите се Диме Димитријев, Сара Алексова, Моника Спасова, Тоше Тодоровски, Александар Коларов, Адријан Живков, Александар Алексов, Горги Величков, Јорданчо Џамов, Иван Трајчев, Џоко Горгиев, Александар Глигоровски, Иван Величков, Андреј Стојанов, Ивона Антова, Павел Христовски, Никола Насевски, Тоше Богданов, Ана Коцева, Гордан Петрушов, Игорче Горгиев, Филип Стевановски, Томче Стојанов, Моника Стоименова, Стојанчо Стојанов, Сара Пројковска Николовска, Марија Шопова, Александар Горгиев, Петар Ивановски, Бојана Закова, Матеј Марковски, Горѓи Василков, Александар Петров, Андреја Горѓиевски, Марија Стрезоска, Александар Ефремов, Лепа Тасева Стојковска, Игор Велков, Божидар Минов, Мартин Атанасовски, Стефанија Соколова, Томас Златков, Кети Милковска, Виктор Јорданов, Андреј Панов, Спиро Стоименов, Јове Владимитов, Стефан Тасевски, Ице Андонов, Александар Стојанов, Сања Христова, Дамјан Танески, Андреј Лазаров, Драгана Минова, Филип Ивановски, Сара Јорданова, Леонид Велков, Надица Наунова, Димитар Иванов и Владимир Блажев.

    Слава им.

    Популарно

    Ѓорѓиевски по повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром порача– Различноста не нè дели, туку нè обединува

    23.03.2026 во 13:30

    Клековски откри алармантни податоци: Секое петто боледување во МВР е лажно

    23.03.2026 во 13:16

    Муцунски на средби со ЕУ-претставници во Брисел

    23.03.2026 во 13:06

    ДЗС се здоби со два нови пилота за гаснење пожари на отворено, со што сега има вкупно пет во Дирекцијата

    23.03.2026 во 12:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.