Author: Sofija Dizdarevik

Во 2025 година извозот на информациски, компјутерски и телекомуникациски услуги достигна 676 милиони евра, што претставува зголемување од 7 проценти во споредба со 2024 година. – Убави вести денеска – македонската ИКТ индустрија продолжува да руши рекорди во економијата. Според податоците на Народната банка, извозот на информациски, компјутерски и телекомуникациски услуги во 2025 година достигна 676 милиони евра, што претставува раст од 7 проценти во однос на 2024 година. Особено значајно е што ИКТ секторот остварува постојан раст и позитивен трговски биланс, напиша министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на Фејсбук. – Најголемиот дел од извозот доаѓа од компјутерските услуги,…

Повеќе

На 12.03.2026 година во 21:10 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје лишија од слобода Д.Р. (30) од село Марино, скопско. Акцијата се спровела по наредба на Основен кривичен суд Скопје за извршување претрес во домот на осомничениот. При претресот биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага, кои укажуваат на можно недозволено тргување со опојни дроги. Пронајдените предмети се обезбедени за понатамошно вештачење и документирање на случајот. По целосно документирање, против Д.Р. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава во согласност со законските прописи, со цел да се обезбеди натамошна правна постапка. Од МВР апелираат до…

Повеќе

На 12.03.2026 година во 17:55 часот, во СВР Битола е пријавено дека од село Саждево, крушевско, во Општа болница Прилеп бил донесен А.И. (20) од село Саждево, без знаци на живот. Според пријавеното, тој починал по удар од струен удар, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош. Увид на местото на настанот извршила увидната екипа на ОВР Прилеп, а информацијата ја објави Скопје1.мк.

Повеќе

На 13.03.2026 година, во СВР Битола е пријавено дека во стан во Битола, без траги на насилство, е пронајден починат А.Д. (19) од Битола. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош во Битола, а јавниот обвинител наредил телото да се даде на обдукција за утврдување на причината за смртта. Увидот на местото на настанот го извршила увидната екипа на СВР Битола, која прибрала потребни докази и направила записник за случајот. На настанот во текот на истрагата биле присутни и претставници на јавниот обвинител и други релевантни служби за да се обезбеди целосна документација.

Повеќе

На 12.03.2026 година во 21:05 часот, во ОВР Кочани е пријавено дека во близина на село Мојанци, кочанско, избувнал пожар во објект во склоп на Прочистителната станица, сопственост на ЈП Водовод – Кочани. Лицето В.И. (56) од село Мојанци, кој го пријавил пожарот, заедно со двајца соселани, обидувајќи се да го изгаснат со ПП апарат, вдишале чад и добиле лекарска помош од Итната медицинска служба. На терен веднаш е интервенирано од Територијалната противпожарна единица со четири возила и осум пожарникари и поддршка на пожарникари-доброволци од Доброволното противпожарно друштво Кочани. Според доброупатени извори, евентуалното проширување на пожарот во балонот кадешто се…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски вчера во интервју за ТВ Ора 24 истакна дека македонската економија бележи стабилен раст. „Добрата вест за граѓаните е што растеме – 2025 година ја завршивме во првите пет земји во Европа според растот на бруто домашниот производ, веднаш после Ирска, Малта, Кипар и заедно со Полска. Исто така беше и во 2024 година. Пред шест–седум години бевме на дното во регионот, а сега сме лидери“, рече Мицкоски, додавајќи дека тоа се бројки од Еуростат. Тој посочи дека во првите два месеци од годинава се забележува двоцифрен раст на приходите во буџетот, што, како што рече, е…

Повеќе

Според истражувањето на Евростат од 2025 година за користење на информатичко-комуникациски технологии, повеќе од една третина (35,4%) од онлајн купувачите во ЕУ пријавиле проблеми при купување преку веб-страница или апликација. Во Македонија, 29,41% од е-купувачите се соочиле со вакви проблеми. Највисокиот процент на потешкотии е забележан во Малта (64,0%), Холандија (57,9%) и Луксембург (51,4%), додека најниските се во Португалија (4,5%), Грција (10,6%) и Летонија (13,3%). Најчест проблем кај е-купувачите е бавната испорака, за што се пожалиле речиси една петина од анкетираните (19,9%). Втор по честота е проблемот со веб-страницата која била тешка за користење или работела незадоволително (11,5%), додека трет…

Повеќе

Министерството за Култура на својата официјална Фејсбук страница, изрази жалење по веста за смртта на Кирил Поп Христов-Кили. -Министерството за култура и туризам изразува длабоко жалење за смртта на истакнатиот македонски актер Кирил Поп Христов – Кили. Со својата посветеност, талент и долгогодишна работа, тој остави значаен белег во македонската театарска и културна сцена. Неговото уметничко наследство ќе остане трајно сведоштво за неговиот придонес во културата. Изразуваме искрено сочувство до неговото семејство, пријателите и колегите. Нека му е вечна слава, стои во постот. Кили е роден на 30 јули 1967 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во…

Повеќе

Веќе една недела граѓаните се соочуваат со континуиран раст на цените на основните продукти и на нафтените деривати, додека Министерството за економија и Владата остануваат молчаливи, без ниту една конкретна мерка за ублажување на притисокот врз семејните буџети, велат од ДУИ. Од понеделник се очекува ново зголемување на цените на дериватите. Ова директно ќе влијае врз цените на транспортот, храната и услугите, дополнително зголемувајќи ги трошоците за живот на граѓаните и за бизнисите. Во ваква ситуација, улогата на институциите е да дејствуваат. До сега не видовме ниту план, ниту мерки за стабилизирање на пазарот и заштита на куповната моќ на…

Повеќе

На 14.03.2026 во 12:05 часот во организација на Сојуз на синдикатите на Македонија ќе се одржи протест со почеток на траса на движење од пред зградата на ССМ на ул.„Мирче Ацев“, лево по ул.„Филип 2-ри Македонски“, десно по ул.„11-ти Октомври“, право по ул.„Димитрие Чуповски“, десно по ул.„Васил Главинов“, право по бул.„ВМРО“, лево по бул.„Илинден“ до пред Влада на Р.С.Македонија во Скопје. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по горенаведените сообраќајници во град Скопје. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се движат учесниците.

Повеќе