Close Menu
Press24
    Најново

    Утре втор круг во Брвеница: Денеска гласаат болните и изнемоштените

    31.10.2026 во 10:21

    СДСМ: Алта банка падна, балканскиот картел се руши, ОЈО веднаш да поведе постапки против Мицкоски и Славески

    31.10.2026 во 10:03

    Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа на Алта Банка

    31.10.2026 во 09:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Утре втор круг во Брвеница: Денеска гласаат болните и изнемоштените
    • СДСМ: Алта банка падна, балканскиот картел се руши, ОЈО веднаш да поведе постапки против Мицкоски и Славески
    • Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа на Алта Банка
    • Македонец предизвика голема полициска акција во Швајцарија
    • Милијарди долари под знак прашалник: Хакери ја нападнаа најголемата криптоберза „Бајнанс“
    • Масовни протести и судири со полицијата во Италија: Осуммина уапсени, користени водени топови во Рим и Торино
    • Прво обраќање на Криста Пајк по неуспешната егзекуција: „Болката е и во мојот ум и во душата“
    • Илјадници луѓе на улиците на Франција по крвавиот масакр
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ФОТО: Министерството за Култура се огласи по смртта на Кили: Неговиот талент остави значаен белег

    ФОТО: Министерството за Култура се огласи по смртта на Кили: Неговиот талент остави значаен белег

    13.03.2026 во 09:471 Min Read
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за Култура на својата официјална Фејсбук страница, изрази жалење по веста за смртта на Кирил Поп Христов-Кили.

    -Министерството за култура и туризам изразува длабоко жалење за смртта на истакнатиот македонски актер Кирил Поп Христов – Кили. Со својата посветеност, талент и долгогодишна работа, тој остави значаен белег во македонската театарска и културна сцена. Неговото уметничко наследство ќе остане трајно сведоштво за неговиот придонес во културата. Изразуваме искрено сочувство до неговото семејство, пријателите и колегите. Нека му е вечна слава, стои во постот.

    Кили е роден на 30 јули 1967 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на отсекот Актерска игра, во класата на професорот Љубиша Георгиевски во 1989 година. Од 1993 година работел во Македонски народен театар во Скопје.

    Познат е по улогите во Тетовирање, Македонска Сага, Пикасо и Трст виа Скопје.

    Почина на 58,годишна возраст, од инфаркт, во сон, во Еквадор каде живееше со години. Таму ќе биде и погребан, покрај океанот.

    Кили останува запаметен како еден од значајните македонски актери на својата генерација, со бројни улоги кои го одбележаа театарското и филмското наследство во земјата.

    Нека почива во мир. Сочувство до семејството.

    Top News
    Прочитај повеќе

    Утре втор круг во Брвеница: Денеска гласаат болните и изнемоштените

    31.10.2026 во 10:21

    СДСМ: Алта банка падна, балканскиот картел се руши, ОЈО веднаш да поведе постапки против Мицкоски и Славески

    31.10.2026 во 10:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.