Author: Sofija Dizdarevik

Најниската температура изутринава е измерена во Берово, минус 4 степени, а највисоката во Скопје – Зајчев Рид, 4 степени. Според информациите на Управата за хидрометеоролошки работи, во Берово се измерени минус 4 степени, во Маврови Анови минус 2, минус еден степен на Попова Шапка, Крива Паланка и Лазарополе, нула во Битола, Тетово и Крушево, еден степен во Струмица, Скопје-Петровец, Прилеп, Пожаране, Велес и Претор, два степена во Куманово, Охрид, Ѓуриште, Кавадарци и Гевгелија, три во Виница, Штип, Тополчани и Демир Капија и четири во Скопје-Зајчев Рид. Висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува 51 сантиметар. Претпладне времето ќе биде…

Повеќе

Македонскиот пејач Спасен Силјановски, на социјалната мрежа Фејсбук, скршен од болка сподели дека починал неговиот татко. -Денес Бог ми го зеде најдобриот другар.Човекот кој што ме научи се во животот. Човекот кој пред се ме научи што значи Чест, Морал и Достоинство. ТАТИЧКО незнам дали уште еднаш ќе можам да запеам песна како што тоа го правевме заедно. Ќе ми фали твојот глас, твојата поддршка, твојата љубов. Почивај во мир, напиша пејачот. Според информациите што ги сподели пејачот, погребот ќе се одржи денеска во селото Пополжани во 12:00 часот.

Повеќе

Чичко Драги, кој сите скопјани го паметат по неговата мала тезга на Рекорд во центарот на Скопје, почина на 72-годишна возраст по долго боледување. Поради здравствени проблеми го имаше изгубено гласот, па со луѓето комуницираше пишувајќи на лист хартија. Секогаш седеше покрај својата тезга со ластичиња, шноли, ланчиња и се грижеше за десетината кучиња со кои живееше – колку имаше за себе, толку имаше и за нив. Пред три месеци беше покренат апел за помош за неговото лекување и купување храна за кучињата. Минатиот месец, преку својот Фејсбук профил, им се заблагодари на граѓаните за донациите, напишувајќи: „Ветувам дека од…

Повеќе

На 15 март 2026 година, во 02:42 часот, во СВР Скопје, Р.С. (56) од Скопје пријавил дека неговиот 16-годишен син бил нападнат на 14 март пред угостителски објект на подрачјето на Чаир. Според пријавата, напаѓачот бил друг малолетник, кој го познавал момчето, и му нанел повреди со остар и тврд предмет. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Повеќе

На 14.03.2026 во 12:30 часот во СВР Скопје Б.В.(38) пријави дека на подрачјето на Кисела Вода со тврд предмет бил физички нападнат од неговиот сосед Е.Н.(50) двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Повеќе

На 15 март 2026 година, околу 03:48 часот, во Полициската станица Струмица било пријавено дека на регионалниот пат 1105, во близина на Граничниот премин „Дојран“, се случила сообраќајна несреќа во која патничко возило излетало од коловозот. Според информациите, автомобил „фиат“ со скопски регистарски таблички, управуван од Г.А. (55) од Нов Дојран, излетал надвор од патот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди. Повредите биле констатирани во Медицинскиот центар во Гевгелија, каде што му била укажана лекарска помош. За настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а увид на местото на несреќата извршила екипа од Полициската…

Повеќе

Сообраќајот на државните патишта низ земјава се одвива непречено и по суви коловози, информира Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта. Според информациите, сите патни правци се проодни. Сепак, на делниците што минуваат низ усеци и клисури постои можност за појава на помали одрони. Од ЈП „Македонија пат“ апелираат возачите да управуваат внимателно, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја прилагодат брзината според условите на патот. Дежурните служби на претпријатието се постојано на терен и работат на одржување на проодноста на сите патни правци.

Повеќе

На 16 март 2025 година, во трагичниот пожар што избувна во дискотеката „Пулс“, животот го загубија 63 лица, меѓу кои имаше и деца, додека повеќе од 200 луѓе беа повредени. Непосредно по несреќата беше одржана итна седница на Советот на Општина Кочани, по што беше прогласена седумдневна жалост – најпрво на локално, а потоа и на државно ниво. Иако првичните информации говореа за 59 загинати и над 150 повредени, по завршувањето на лекувањето на повредените и во рамки на обвинителните постапки, конечниот биланс изнесуваше 63 жртви и повеќе од 200 повредени. Истрагата покажа дека ноќниот клуб со години функционирал незаконски,…

Повеќе

Дел од жителите во општините Карпош, Ѓорче Петров и Кисела Вода денеска привремено ќе останат без електрична енергија, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), врз основа на известување добиено од ЕВН. Од ЕВН Македонија АД посочуваат дека поради планирани работи во електродистрибутивната мрежа на 16 март 2026 година (понеделник), прекини во снабдувањето со струја ќе има во неколку делови од градот. Во периодот од 08:30 до 12:30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците на улицата 1506 во населбата Скупи, како и дел од улицата Никола Карев 9, во близина на реката Лепенец и објектот „Стоп Енд Го“…

Повеќе

Денес претпладне времето ќе биде сончево со умерена облачност, проследено со слаб до умерен ветер од јужен правец. Во попладневните часови ќе има променлива облачност со повремени сончеви периоди, а на одредени места се можни услови за локален слаб дожд. Минималните температури ќе се движат помеѓу -3 и 4 степени, додека максималните ќе бидат од 13 до 18 степени. Во Скопје, претпладнето ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне се очекува постепено зголемување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 1 степен, а максималната ќе достигне до 17…

Повеќе