- Падна пресудата за Лидија Димовап: Апелација ја укина затворската казна и го врати случајот на почеток
- ВМРО-ДПМНЕ: СДС лицемерно профитира од сопствениот енергетски пустош, загубите во ЕСМ се нивно наследство
- (ВИДЕО) Шпанец се обидел да прошверцува илјадници парчиња пирсинг и игли за тетовирање на скопскиот аеродром
- Масакр: Руски дрон погоди автобус полн со луѓе, има мртви и повредени
- Герасимовски: Почна реконструкцијата на улица „Ленинова“, воведен привремен режим на сообраќај
- План од 10 точки за мир: Иран нуди деблокада на Ормус, но бара 2 милиони долари такса по брод за воената штета
- Цената на нафтата драстично расте, Трамп му се закани на Иран со „целосно уништување“
- Дневен хороскоп: Сонцето и Месечината во хармонија – Што им носи овој вторник на знаците
Author: Sofija Dizdarevik
Документите и доказите што излегоа во јавноста за организацијата и логистиката на протестите на ССМ, според ВМРО-ДПМНЕ, упатуваат директно кон СДС. „ССМ го покажа своето вистинско лице – не е независен синдикат, туку продолжена рака на партиските интереси на СДС. Се оди дотаму што луѓе од СДС се директно вклучени во организацијата на саботниот протест или ССМ се претопи во СДС“, се наведува во соопштението на партијата. ССМ е контролирано и координирано од партијата СДС, а тоа ги вклучува и логистиката и организацијата на протестите. Документите кои пристигнаа до нас се доказ дека одговорен за организирање на луѓе и превоз…
16 дена нема одговори од Мицкоски за тоа кој е Душан Адамовиќ и зошто е поставен за почесен конзул во соседна Србија. Нема одговори за Адамовиќ затоа што има бизниси со струја, омилениот бизнис на Мицкоски, се вели во сооштението од СДСМ. Адамовиќ е дикретор на фирмите WBA TEAM ENERGY и WBA ENERGY ДОО, чиј сопственик е офшор компанијата EVELIXON TRADING LIMITED од Кипар, поврзана со енергетика и бизнис со струја. Наскоро ќе биде познато до каде води овој сегмент од мрежата за бисниси со струја и каква е поврзаноста со Мицкоски, со министри во Владата и ВМРО. Антикорупцискиот тим…
Утрово во Берово температурата се спушти до четири степени под нулата, а на Попова Шапка висината на снежната покривка изнесува 58 сантиметри, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во други градови се измерени: -2 Целзиусови степени во Битола и Струмица, -1 во Скопје-Петровец и Маврови Анови, 0 во Крива Паланка, Велес, Попова Шапка, Демир Капија, Тетово, Гевгелија и Штип, 1 во Куманово, Прилеп, Охрид, Претор и Кавадарци, 2 во Скопје-Зајчев Рид, 3 во Kрушево и 4 во Виница. Според синоптичарите, денеска се очекува сончево време со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура…
Делегација на Стопанска комора на Северна Македонија присуствуваше на свеченото одбележување на 80-годишнината од основањето на Економскиот факултет, Универзитет во Љубљана, еден од најпрестижните економски факултети во Словенија и регионот на Централна и Југоисточна Европа. Факултетот, основан по Втората светска војна, постепено се разви во модерна, меѓународно ориентирана бизнис-школа и редовно е вклучен меѓу 95-те најдобри високообразовни институции во Европа според рангирањето на Financial Times. Тој поседува три најпрестижни меѓународни акредитации за бизнис-школи: AACSB International, EQUIS и Association of MBAs (AMBA), што го позиционира факултетот во глобалната елита на бизнис образованието. На настанот се обрати и претседателката на Република Словенија,…
Во акциска контрола на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата во Струга, вчера биле изречени 57 санкции, едно лице било лишено од слобода, а едно возило одземено, информираат од Министерство за внатрешни работи. Од изречените мерки, четири се за истечена важност на сообраќајна дозвола, една за управување со моторно возило без соодветна категорија, три за неизвршен вонреден технички преглед на возила за јавен превоз на патници, една за управување на возач без лекарско уверение, седум за товарни возила поврзани со претовар, вонреден превоз и некористење на церада, пет за непоседување задолжителна опрема, две за користење мобилен телефон, две…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за неделникот Фокус обвинува дека Владата наместо да ги заштити граѓаните од ценовните шокови од поскапувањето на горивата, дополнително се обидува да профитира врз нив. „Секогаш кога расте цената на нафтата, поскапува храната и сите други продукти и услуги, а премиерот Христијан Мицкоски гледа само начин како да не им помогне на граѓаните“, вели Филипче. Тој додава дека Регулаторната комисија за енергетика ја промени фреквенцијата на пресметување на цените на горивата од дневна на неделна, што значи дека, и покрај намалувањето на цената на нафтата на светските берзи, граѓаните ќе плаќаат поскапи деривати…
Од ЕВН Македонија информираат дека поради технички зафати во електросистемот, денеска, петок, 13.03.2026, дел од корисниците во општина Кисела Вода, на улицата „Георги Димитров“ бр. 10, ќе останат без електрична енергија од 08:00 до 12:00 часот. Од компанијата апелираат до жителите да ги планираат своите активности навреме за време на прекинот.
Фондација Славко Јаневски денеска во 13 часот ќе го соопшти романот што ќе ја понесе титулата „Роман на годината“. На прес-конференција во просториите на Друштво на писателите на Македонија ќе биде објавено името на авторот и на добитничкиот роман. Наградата „Роман на годината“, која годинава се доделува по 27-ми пат, се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари. Генерален покровител е Комерцијална банка АД Скопје, а поддршка има и од Министерство за култура и туризам на Северна Македонија. На конкурсот годинава пристигнаа 46 романи. Жири-комисијата во состав: Калина Малеска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Иван…
Актерот Кирил Поп Христов познат како Кили, почина на 58.годишна возраст во Еквадор, каде живееше од 2014 година. Кили починал во сон од инфаркт. Актерот ќе биде погребан во Еквадор, каде ќе почива во Мангларалто, покрај океанот. -„Кили ќе биде погребан во Еквадор. Ќе почива во Мангларалто, покрај океанот“ – објави на социјалните мрежи неговата сопруга Гордана Деан Поп Христова, кореографката и професорка по современ танц, основач на балетското студио Ребис. Кили е роден на 30 јули 1967 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на отсекот Актерска игра, во класата на професорот Љубиша Георгиевски во…
Администрацијата на Доналд Трамп привремено ги олесни санкциите за дел од руската нафта, дозволувајќи продажба на пратки што веќе се наоѓаат на танкери на море. Одлуката е донесена со цел да се стабилизира светскиот енергетски пазар по наглиот раст на цените на нафтата. Според американското Министерство за финансии, мерката важи 30 дена и се однесува на околу 120 милиони барели руска нафта кои се заглавени на танкери поради санкциите. Со тоа земјите привремено ќе можат да ја купуваат оваа нафта за да се ублажи недостигот на пазарот. Одлуката доаѓа во време на сериозна нестабилност на енергетските пазари поради конфликтот на…
