Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон

    20.09.2026 во 12:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај
    • Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар
    • Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес
    • Мисајловски во посета на Словенија: Средба со дијаспората пред состаноците на министрите за одбрана
    • Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
    • Камен пијан Мексиканец се степал со полицаец во Ѓорче Петров
    • Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонската полиција запрела возач – Веднаш го привеле

    Македонската полиција запрела возач – Веднаш го привеле

    13.03.2026 во 08:491 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во акциска контрола на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата во Струга, вчера биле изречени 57 санкции, едно лице било лишено од слобода, а едно возило одземено, информираат од Министерство за внатрешни работи.

    Од изречените мерки, четири се за истечена важност на сообраќајна дозвола, една за управување со моторно возило без соодветна категорија, три за неизвршен вонреден технички преглед на возила за јавен превоз на патници, една за управување на возач без лекарско уверение, седум за товарни возила поврзани со претовар, вонреден превоз и некористење на церада, пет за непоседување задолжителна опрема, две за користење мобилен телефон, две за неисправни светлосни уреди и 21 за други прекршоци.

    Исто така, поднесени се 11 барања за поведување прекршочна постапка против правни и одговорни лица. Едно лице било лишено од слобода за кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“ без возачка дозвола, а едно возило било одземено поради истечена сообраќајна дозвола повеќе од шест месеци.

    За сите сторители на сообраќајни прекршоци се изготвени соодветни поднесоци, а од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредниот период. Од таму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и законските прописи.

    Just In
    Прочитај повеќе

    Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар

    20.09.2026 во 15:42

    Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес

    20.09.2026 во 14:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.