Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Власта само сака да профитира од горивата наместо да ги заштити граѓаните кои едвај го поминуваат месецот

    Филипче: Власта само сака да профитира од горивата наместо да ги заштити граѓаните кои едвај го поминуваат месецот

    13.03.2026 во 08:452 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за неделникот Фокус обвинува дека Владата наместо да ги заштити граѓаните од ценовните шокови од поскапувањето на горивата, дополнително се обидува да профитира врз нив.

    „Секогаш кога расте цената на нафтата, поскапува храната и сите други продукти и услуги, а премиерот Христијан Мицкоски гледа само начин како да не им помогне на граѓаните“, вели Филипче. Тој додава дека Регулаторната комисија за енергетика ја промени фреквенцијата на пресметување на цените на горивата од дневна на неделна, што значи дека, и покрај намалувањето на цената на нафтата на светските берзи, граѓаните ќе плаќаат поскапи деривати цела недела.

    „Со новиот правилник, додека цената на нафтата на светските берзи се движеше од 84 до 86 долари за барел, што е поевтино од минатонеделните 96 долари, граѓаните мораа да чекаат седум дена за РКЕ да направи корекција. Досега, поради ваквите одлуки, се собираат околу три милиони евра дополнително само за една недела“, објаснува Филипче.

    Тој ги критикува и контрамерките на Владата: „Кој има интерес од ова поскапување и каде ќе завршат овие пари? Ова се пари на граѓаните, кои и така едвај го поминуваат месецот. Која влада, наместо да донесе мерки за помош на граѓаните, носи контрамерки за да им одмогне? Ете тоа е ВМРО – да зграби повеќе каде што може.“

    Филипче исто така ги претставува предложените мерки на СДСМ за справување со ценовните шокови: „Предлагаме намалување на стапката на ДДВ од 18 на 5 отсто за сите енергенси, намалување на акцизата за 4 денари по литар, како и ДДВ од нула проценти за основните прехранбени производи, за да се ублажи евентуалниот скок на цените на храната. Зошто Владата ги одбива овие предлози?“

    Just In
    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.