Author: Sofija Dizdarevik

Судија на претходна постапка одреди мерки на претпазливост – одземање патна исправа, забрана за вршење одредени работни активности и забрана за приближување до професорот од средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“, кој е осомничен за кривично дело „Сексуално вознемирување“ врз своја ученичка. Од Основниот кривичен суд Скопје информираат дека мерките се определени по предлог на Основното јавно обвинителство. Наставникот, според претходни информации од МВР, е лишен од слобода на 9 март, откако претходно пристигнала пријава дека вознемирувал ученичка и барал да имаат полови односи. „На 09.03.2026 во 17:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 52-годишен маж од Скопје,…

Повеќе

Од февруари започнаа активности кои во март прераснаа во целосна кампања посветена на жената, насочена кон превенција и заштита од родово базирано и семејно насилство, под мотото „Има помош за живот без насилство“. Иницијативата е на Секторот за полициски работи од општа надлежност – Оддел за униформирана полиција, а се спроведува во координација со одделенијата за превенција, одделенијата за полиција и одделенијата за криминалистичка полиција при секторите за внатрешни работи, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. Целта на кампањата е спроведување на превентивни активности насочени кон информирање на граѓаните за механизмите за пријавување на насилство, поттикнување на навремено реагирање…

Повеќе

Актерот Кирил Поп Христов познат како Кили, почина на 58.годишна возраст во Еквадор, каде живееше од 2014 година. Кили починал во сон од инфаркт. Последната фотографија на актерот на социјалната мрежа Фејсбук, датира од Ноември 2025. Неговата сопруга, кореографката Гордана Деан-Поп Христова, за ЦрноБело изјавила дека тој починал во сон од инфаркт и дека таа ќе го памети само по убавите моменти поминати заедно. Кили е роден на 30 јули 1967 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на отсекот Актерска игра, во класата на професорот Љубиша Георгиевски во 1989 година. Од 1993 година работел во Македонски народен…

Повеќе

Најниската температура во државата утрово е измерена во Берово, каде што термометрите покажале -5 Целзиусови степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во други делови на земјата регистрирани се: -2 Целзиусови степени во Скопје-Петровец, Битола, Струмица и Маврови Анови; -1 во Крива Паланка, Велес, Демир Капија и Тетово; 0 степени во Гевгелија, Штип, Куманово, Прилеп, Претор и Попова Шапка; 1 степен во Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци и Охрид; 2 степени во Крушево и 3 степени во Виница. Висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува 60 сантиметри. Според УХМР, времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност, а…

Повеќе

Советот на Град Скопје денеска ќе одржи 9-та редовна седница, на која главна точка на дневниот ред е Предлог-изменување и дополнување на Буџетот на Град Скопје за 2026 година, на предлог на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Со предложениот ребаланс се предвидуваат дополнителни средства за реализирање значајни инфраструктурни, образовни и сообраќајни проекти, насочени кон унапредување на квалитетот на животот на граѓаните и забрзан развој на градот. Во новиот ребаланс се вклучени и средства за изградба на две монтажни катни гаражи во рамки на Клинички центар „Мајка Тереза“, изградба на кружен тек кај Народна банка на Република Македонија, како и реализација на низа…

Повеќе

Цената на суровата нафта повторно расте на светските берзи поради ескалирачки тензија во Блискиот исток и воздушни напади врз транспортните линии. Нафтата Брент се искачи над 100 долари за барел, додека WTI исто така бележи значително покачување во текот на денот. Растот на цените доаѓа и покрај обидите на дел од земјите да ослободат резерви со цел да го намалат притисокот врз пазарите. Цената на суровата нафта останува еден од главните индикатори на глобалната економија, а нејзината нестабилност има последици врз цените на горивата и воносната инфлација за потрошувачите.

Повеќе

На Меѓународниот аеродром во Приштина синоќа слета третиот организиран лет со патници кои беа евакуирани од Катар, Кувајт, Кралството Саудиска Арабија и Кралството Бахреин. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски соопшти дека патниците претходно биле транспортирани со организиран превоз до Ријад, од каде со специјален лет безбедно го напуштиле регионот. Во авионот имаше 151 патник, од кои 109 беа македонски државјани, како и граѓани на повеќе други земји. Евакуацијата беше спроведена според претходно утврден план и во координација со надлежните институции. Муцунски истакна дека безбедноста на македонските граѓани останува највисок приоритет и дека Министерството за надворешни работи…

Повеќе

Актерот Кирил Поп Христов, познат како Кили, почина на 58-годишна возраст. Кили, кој се пресели да живее во Еквадор во 2014 година со сопругата и ќерката, починал таму од инфаркт, во сон. Неговата сопруга, кореографката Гордана Деан-Поп Христова, за ЦрноБело изјавила дека тој починал во сон од инфаркт и дека таа ќе го памети само по убавите моменти поминати заедно. Кили е роден на 30 јули 1967 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на отсекот Актерска игра, во класата на професорот Љубиша Георгиевски во 1989 година. Од 1993 година работел во Македонски народен театар во…

Повеќе

Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за еднакви можности на жените и мажите. На дневниот ред пред членовите на Комисијата се Предлог-одлуката за одржување надзорна расправа на тема „Институционалното постапување во случаи на пријавено семејно и родово базирано насилство“, како и Предлог-одлуката за организирање јавна расправа за „Нацрт-националната стратегија за превенција и заштита од родово базирано насилство врз жени и семејно насилство 2026–2033“.

Повеќе

Во Собранието денеска ќе се одржи едукативната активност „Имам став“, наменета за ученици од средните училишта. Како што информираат од собраниската прес-служба, на активноста ќе учествуваат ученици од СОУ „Јосип Броз Тито“ од Битола. Станува збор за едукативна симулација на постапката за разгледување предлог-закон во рамки на Собранието, преку која учениците имаат можност практично да се запознаат со начинот на функционирање на законодавниот дом. Целта на оваа активност е младите поблиску да ја запознаат работата на Собранието и процесот на донесување закони, како и да се поттикне развојот на нивната демократска свест, критичко размислување и општествена ангажираност.

Повеќе