Close Menu
Press24
    Најново

    Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа

    29.10.2026 во 23:54

    Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило

    29.10.2026 во 23:43

    Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација

    29.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа
    • Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило
    • Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација
    • Земјотрес ја погоди Србија
    • Купил возачка дозвола за 1.000 евра и тргнал на пат – Украинец уапсен на граница во Црна Гора
    • Дронови потопија брод кај бугарскиот брег, екипажот е спасен
    • Доаѓа Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее
    • Се урна хеликоптер во близина на Брчко, загинаа 4 лица, неколкумина се повредени
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Има помош за живот без насилство“ – Превентивна кампања на МВР

    „Има помош за живот без насилство“ – Превентивна кампања на МВР

    12.03.2026 во 09:152 Mins Read
    Фото: Фејсбук-страница на Министерство за внатрешни работи
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Од февруари започнаа активности кои во март прераснаа во целосна кампања посветена на жената, насочена кон превенција и заштита од родово базирано и семејно насилство, под мотото „Има помош за живот без насилство“. Иницијативата е на Секторот за полициски работи од општа надлежност – Оддел за униформирана полиција, а се спроведува во координација со одделенијата за превенција, одделенијата за полиција и одделенијата за криминалистичка полиција при секторите за внатрешни работи, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

    Целта на кампањата е спроведување на превентивни активности насочени кон информирање на граѓаните за механизмите за пријавување на насилство, поттикнување на навремено реагирање и рана интервенција, заштита на ранливите категории граѓани, како и унапредување на меѓуинституционалната соработка и подигнување на јавната свест за превенција и заштита од родово базирано и семејно насилство, информираа од Министерството за внатрешни работи.

    Во рамки на кампањата се реализираат повеќе превентивни активности, меѓу кои дистрибуција на информативни и едукативни печатени материјали, поставување постери на јавни и фреквентни места, организирање јавни трибини и тркалезни маси со претставници на институции и локалната заедница, како и спроведување информативни разговори со граѓани со цел нивно информирање за препознавање и пријавување на насилството, како и за механизмите за заштита.

    Со спроведувањето на овие активности, Министерството за внатрешни работи продолжува со проактивен пристап во превенцијата и сузбивањето на родово базираното и семејното насилство, со посебен акцент на заштитата на жртвите, јакнење на довербата на граѓаните во институциите и создавање побезбедна и посигурна заедница за сите граѓани, истакнаа од Министерството за внатрешни работи.

    Прочитај повеќе

    Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило

    29.10.2026 во 23:43

    Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација

    29.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.