Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ: Алта банка падна, балканскиот картел се руши, ОЈО веднаш да поведе постапки против Мицкоски и Славески

    31.10.2026 во 10:03

    Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа на Алта Банка

    31.10.2026 во 09:45

    Македонец предизвика голема полициска акција во Швајцарија

    30.10.2026 во 23:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Алта банка падна, балканскиот картел се руши, ОЈО веднаш да поведе постапки против Мицкоски и Славески
    • Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа на Алта Банка
    • Македонец предизвика голема полициска акција во Швајцарија
    • Милијарди долари под знак прашалник: Хакери ја нападнаа најголемата криптоберза „Бајнанс“
    • Масовни протести и судири со полицијата во Италија: Осуммина уапсени, користени водени топови во Рим и Торино
    • Прво обраќање на Криста Пајк по неуспешната егзекуција: „Болката е и во мојот ум и во душата“
    • Илјадници луѓе на улиците на Франција по крвавиот масакр
    • САД наредија евакуација на дел од дипломатскиот персонал од Саудиска Арабија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Нема притвор за професорот пријавен за сексуално вознемирување ученичка – Му го зеле пасошот

    Нема притвор за професорот пријавен за сексуално вознемирување ученичка – Му го зеле пасошот

    12.03.2026 во 10:011 Min Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Судија на претходна постапка одреди мерки на претпазливост – одземање патна исправа, забрана за вршење одредени работни активности и забрана за приближување до професорот од средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“, кој е осомничен за кривично дело „Сексуално вознемирување“ врз своја ученичка.

    Од Основниот кривичен суд Скопје информираат дека мерките се определени по предлог на Основното јавно обвинителство.

    Наставникот, според претходни информации од МВР, е лишен од слобода на 9 март, откако претходно пристигнала пријава дека вознемирувал ученичка и барал да имаат полови односи.

    „На 09.03.2026 во 17:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 52-годишен маж од Скопје, наставник во средно училиште на подрачје на Центар, постапувајќи по претходна пријава дека во периодот од 25.02.2026 до 02.03.2026 вознемирувал 18-годишна ученичка и барал од неа да имаат полови односи. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава“, информираа од МВР.

    Основното јавно обвинителство Скопје веднаш поведе постапка и соопшти дека во моментов интензивно се работи на прибирање докази. „Лицето е обезбедено со мерки на претпазливост – одземање на патна исправа, забрана за приближување до лица и забрана за вршење одредени работни активности (односно забрана за работа)“, наведува Обвинителството.

    Top News
    Прочитај повеќе

    СДСМ: Алта банка падна, балканскиот картел се руши, ОЈО веднаш да поведе постапки против Мицкоски и Славески

    31.10.2026 во 10:03

    Врховниот суд ја потврди казната: 12 години затвор за Стојанче Јовановски

    30.10.2026 во 22:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.