Author: Sofija Dizdarevik

Со инвестиција од 54 милиони денари од Министерството за спорт ќе започне целосна реконструкција и адаптација на спортската сала во рамки на комплексот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Стартот на градежните работи е предвиден за денеска, по што ќе следуваат обраќања на министерот за спорт Борко Ристовски, ректорката на УКИМ проф. Биљана Ангелова, како и претседателката на Универзитетското студентско собрание на УКИМ, Ангела Василевска. Од Министерството за спорт посочуваат дека објектот, кој со години бил во лоша и руинирана состојба, по реконструкцијата повторно ќе биде ставен во функција за студентите – за одржување на наставата по физичко…

Повеќе

Во Собранието денеска ќе се одржи комеморативна седница по повод годишнината од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, а околу 200 беа повредени. Во рамки на одбележувањето, на 14 март Владата ќе организира Меѓународна конференција на тема „Институционални и клинички аспекти и решенија по пожарот во Кочани – една година потоа“. На конференцијата се очекува да присуствуваат претставници на државните институции, здравствени експерти, меѓународни организации и хуманитарни партнери. Како што информираше владината портпаролка Марија Митева, на настанот ќе учествуваат лекари и медицински персонал од 37 земји кои помогнаа во лекувањето на повредените…

Повеќе

Со сослушување на сведоци предложени од Јавното обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Судскиот процес го води судијката Дијана Груевска-Илиевски и се наоѓа во фаза на доказна постапка. На денешното рочиште, според најавите, треба да бидат сослушани пет сведоци. На претходното рочиште пред Судот сведочеа повеќе лица. Меѓу нив беше и Горан Игновски, кој повеќе од 34 години се занимава со продажба и сервис на опрема за настани, како што се озвучување, осветлување и сценски ефекти. Тој изјави дека околу година…

Повеќе

Собранието денеска ќе го продолжи работењето со 92. пленарна седница, на чиј дневен ред остануваат уште седум точки за разгледување. Пратениците ќе расправаат за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност и Предлог-законот за изменување на Законот за данокот на добивка, двата во прво читање. Исто така, на дневен ред е и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за шумите, по скратена постапка. По скратена постапка ќе се разгледуваат и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки во областа на одбраната и безбедноста, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за…

Повеќе

Денес времето ќе биде сончево и релативно топло, со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се движи од -4 до 3°C, а максималната од 15 до 21°C, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје ќе преовладува сончево време со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до -1°C, а максималната ќе достигне до 20°C. Утре времето ќе остане претежно стабилно и сончево, со мала до умерена облачност. За време на викендот и на почетокот на следната недела се очекува променливо облачно време, со повремени локални врнежи од дожд.

Повеќе

Судот денеска ја осуди Гордана Филиповиќ на две години и шест месеци затвор, поради тоа што во 2022 година го прегази и усмрти 76-годишниот Слободан Ангеловски на пешачки премин кај мостот „Гоце Делчев“, спроти Македонскиот народен театар. Предметот се судеше по вторпат, откако Апелацискиот суд ја укина претходната пресуда. Според првата пресуда, Филиповиќ беше осудена на три години затвор, но со новата одлука казната е намалена на две години и шест месеци. Новата пресуда ја изрече судијката Лидија Петровска. Синот на починатиот, Столе Ангеловски, го изрази својот револт од пресудата:– „Максимално сум разочаран од судството во Македонија. Две години и…

Повеќе

ЈЗУ Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство се стекна со сертификат за акредитација во важност од 5 години, од страна на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи (АКАЗУМ), се наведува во соопштението од Клиниката за гинекологија и акушерство. -Ова е втор циклус на акредитација на ЈЗУ УК за гинекологија и акушерство, со кој оваа здравствена установа после успешно спроведените активности за исполнување на организациските, безбедносните и терапевтските стандарди, за првпат го подигна степенот на исполнетост на стандардите од 3 на 5 години. Во периодот помеѓу 2024 и 2025 година УК за гинекологија и акушерство спроведе постапки со кои…

Повеќе

Животниот стандард на семејствата во државата секојдневно се влошува поради растот на цените и поради отсуството на институционална реакција. Наместо да се преземат мерки за заштита на граѓаните, Владата и Министерството за економија, предводено од претставници на „Вреди“, покажуваат целосен недостаток на интерес и капацитет за справување со оваа состојба, се вели во соопштението од ДУИ од денешната прес-конференција на Синан Вејсели од ДУИ. ДУИ предложи јасна мерка – зголемување на минималната плата и линеарно зголемување на останатите плати, како најправеден начин за заштита на животниот стандард на граѓаните. Овој предлог не беше прифатен. Како резултат, илјадници семејства денес се…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски денеска се обрати по повод одбележувањето на 83-годишнината од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во логорот Треблинка. Тој нагласи дека сеќавањето е наша морална должност, а борбата против омразата, антисемитизмот и нетолеранцијата – историска обврска. – Во март 1943 година, илјадници наши сограѓани беа насилно одземени од своите домови и депортирани во Треблинка, каде нивните животи беа сурово прекинати. Зад тие бројки стојат семејства, судбини, таленти и соништа. Денес, не се сеќаваме само на трагедијата, туку и на обврската да ја спречиме омразата и нетолеранцијата, порача Мицкоски. Тој истакна дека еврејската заедница оставила неизбришлива трага во културата,…

Повеќе

Сите членови на Сојузот на синдикатите на Македонија, како и работниците од други синдикати чии лидери не се залагаат за платите, се повикани да се приклучат на протестот во сабота во 12:05 часот пред Работничкиот дом. Повикот го упати претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов. Тој истакна дека работниците мора сами да се борат за своите примања, бидејќи платата е резултат на нивниот труд и не е подарок од работодавачите. Според него, предложеното усогласување на минималната плата од 1.667 денари е недоволно, особено во услови на постојан раст на трошоците за живот, при што синдикалната минимална кошничка во последните два месеци…

Повеќе