Close Menu
Press24
    Најново

    Хороскопски знаци кои често трошат пари на работи што не им требаат

    13.05.2026 во 23:47

    Пет вообичаени навики за пиење кафе што треба да ги избегнувате

    13.05.2026 во 23:24

    Сиљановска-Давкова: Најдобрите правници не се во судството, неопходна е целосна департизација и деполитизација

    13.05.2026 во 22:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Хороскопски знаци кои често трошат пари на работи што не им требаат
    • Пет вообичаени навики за пиење кафе што треба да ги избегнувате
    • Сиљановска-Давкова: Најдобрите правници не се во судството, неопходна е целосна департизација и деполитизација
    • Филипче: Кој е сега предавник?
    • Додик: Путин ќе ја посети Република Српска
    • Јаневска: Студентскиот дом „Гоце Делчев“ има директор, ќе се изврши дератизација и дезинфекција
    • Политико: Трамп отиде во Кина за да побара помош за Иран
    • Прободеното дете во училиште во Ѓорче Петров е стабилно
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Клиниката за гинекологија и акушерство доби петгодишна акредитација за квалитет и безбедност

    Клиниката за гинекологија и акушерство доби петгодишна акредитација за квалитет и безбедност

    11.03.2026 во 11:23Updated:11.03.2026 во 11:412 Mins Read
    Фото: ЈЗУ УК за гинекологија и акушерство
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ЈЗУ Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство се стекна со сертификат за акредитација во важност од 5 години, од страна на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи (АКАЗУМ), се наведува во соопштението од  Клиниката за гинекологија и акушерство.

    -Ова е втор циклус на акредитација на ЈЗУ УК за гинекологија и акушерство, со кој оваа здравствена установа после успешно спроведените активности за исполнување на организациските, безбедносните и терапевтските стандарди, за првпат го подигна степенот на исполнетост на стандардите од 3 на 5 години. Во периодот помеѓу 2024 и 2025 година УК за гинекологија и акушерство спроведе постапки со кои се подобрија безбедносните услови за третман на пациентките:

    – инфраструктурни активности со кои дополнително се подобрија безбедносните услови за третман на пациентките

    – набавка на современа медицинска опрема со цел модернизација на дијагностиката и третманот на пациентките

    – воведени се четири нови медицински процедури за третман на пациенки

    – спроведена едукацијата на 36 здравствени работници

    – беше возобновено училишето за психофизичка подготовка за бремените жени,

    – на секоја трудница и е овозможено безболно породување со цел обезбедување поквалитетна и посигурна здравствена грижа за секоја жена, велат од Клиниката.

    Акредитацијата на здравствените установи, согласно член 240 од Законот за здравствената заштита, претставува постапка на оценување на работата на здравствените установи врз основа на примена на оптимално ниво на однапред утврдени национални стандарди за работа на здравствените установи во одредена област на здравствената заштита, односно гранка на медицината.

    Националните стандарди за акредитација на здравствените установи се изготвени согласно методологија на ISQ-ua (International Society for Quality in Healthcare) и се базираат на современите и светските концепти за унапредување на квалитетот и безбедноста на здравствената грижа.

    Главните цели на акредитација, се постојаното унапредување на квалитетот на работата, зголемување на безбедноста на пациентите, создавање на еднакви или приближни услови за пружање на здравствени услуги во целиот систем на здравствена заштита како и зголемување на довербата на корисниците во рамки на системот за здравствена заштита.

    Прочитај повеќе

    Сиљановска-Давкова: Најдобрите правници не се во судството, неопходна е целосна департизација и деполитизација

    13.05.2026 во 22:47

    Филипче: Кој е сега предавник?

    13.05.2026 во 22:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.