Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон

    20.09.2026 во 12:41

    Ивон Величковски: Кое е тоа Собрание што ќе гласа против 150 или 300 илјади граѓани за ЕУ?

    20.09.2026 во 12:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај
    • Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар
    • Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес
    • Мисајловски во посета на Словенија: Средба со дијаспората пред состаноците на министрите за одбрана
    • Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
    • Камен пијан Мексиканец се степал со полицаец во Ѓорче Петров
    • Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ДУИ: Цените растат – Имаме предлог мерки за заштите на семејствата

    ДУИ: Цените растат – Имаме предлог мерки за заштите на семејствата

    11.03.2026 во 11:202 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Животниот стандард на семејствата во државата секојдневно се влошува поради растот на цените и поради отсуството на институционална реакција. Наместо да се преземат мерки за заштита на граѓаните, Владата и Министерството за економија, предводено од претставници на „Вреди“, покажуваат целосен недостаток на интерес и капацитет за справување со оваа состојба, се вели во соопштението од ДУИ од денешната прес-конференција на Синан Вејсели од ДУИ.

    ДУИ предложи јасна мерка – зголемување на минималната плата и линеарно зголемување на останатите плати, како најправеден начин за заштита на животниот стандард на граѓаните. Овој предлог не беше прифатен. Како резултат, илјадници семејства денес се соочуваат со сè повисоки цени, додека нивните приходи остануваат исти.

    Состојбата станува уште потешка во овој период кога семејствата имаат зголемени трошоци. Се наоѓаме во месецот Рамазан и пред празниците Бајрам и Велигден, период кога на граѓаните им е повеќе од потребна ценовна стабилност и поддршка од институциите. За жал, Министерството за економија се однесува како оваа криза воопшто да не постои.

    ДУИ не останува само на критика. Ние предлагаме конкретни мерки што можат веднаш да се применат за да се олесни товарот врз семејствата.

    Прво, да се воведат максимални цени за основните прехранбени производи или да се утврдат ограничени трговски маржи, со цел да се спречат злоупотреби со цените.

    Второ, минималната плата да се зголеми за најмалку 3500 денари, почнувајќи од месец март, наместо симболичното зголемување од 1600 денари што е предвидено во моментот.

    Трето, привремено да се намали ДДВ-то за основните прехранбени производи за период од три месеци, со цел веднаш да се намалат цените на пазарот.

    Четврто, да се направи ревизија на царинските податоци за увозот на овошје и зеленчук, имајќи предвид дека земјата во голема мера зависи од увоз и дека евентуалните манипулации во овој сектор директно влијаат врз цените за граѓаните.

    Петто, да се зголемат контролите од надлежните инспекторати на пазарот со цел да се спречат шпекулации и злоупотреби со цените.

    Воедно, апелираме до Регулаторната комисија за енергетика почесто да ги разгледува цените на нафтените деривати, најмалку двапати неделно, имајќи предвид дека на меѓународните берзи веќе има значително намалување на цените. Секое доцнење во рефлектирањето на овие промени на домашниот пазар претставува дополнителен товар за граѓаните и за бизнисите.

    Граѓаните имаат потреба од конкретни мерки, а не од институционална тишина. Владата треба веднаш да преземе чекори за заштита на животниот стандард на семејствата.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Во Македонија веќе не се живее – ни 1.500 евра месечно не се доволно

    20.09.2026 во 13:32

    Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

    20.09.2026 во 13:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.