Author: Sofija Dizdarevik

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на почетокот на изградбата на дел од собирните улици „Никола Карев“ и дел од градската магистрална улица „Новопланирана 1“ во Кочани, каде што ќе даде изјава за медиумите. Од Секторот за односи со јавноста на Влада на Република Северна Македонија информираат дека потоа премиерот ќе изврши увид во градежните работи на мостот на Кочанска Река, кој ќе ги поврзува улиците „Лазар Андонов“ и „Вера Которка“. Во рамки на посетата, предвиден е и увид во градежните работи при изградбата на дел од потисниот цевковод – од јазол до изливниот базен на препумпната станица од водоводниот…

Повеќе

Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се движи од -4 до 2 степени, додека максималната ќе достигне од 14 до 20 степени. Во Скопје ќе биде сончево и релативно топло, со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -1 степен, а максималната ќе достигне до 20 степени. Од сабота следува период на променливо облачно време со сончеви периоди. Во попладневните часови на повеќе места ќе има повремени локални врнежи од дожд. Од вторник дневната температура ќе биде во опаѓање.

Повеќе

Актерот Кирил Поп Христов познат како Кили, почина на 58.годишна возраст во Еквадор, каде живееше од 2014 година. Кили починал во сон од инфаркт. Една од неговите последни објави на социјалната мрежа Фејсбук е од Декември, 2025 година. -„На 2. 12. 2004.. на крајот на светот каде што е ‘Ртот на добрата надеж’ (Cape of the good hope- Кептаун го добива името по него), со овој Ангел прекрасен го доживеав најубавиот ден во мојот живот.. се уште нешто НЕ го засенило. Никогаш повторно НЕ се појави ни приближно слично, искрено, топло, несебично пријателство. Со него се чувствував како кондорски крилја…

Повеќе

Демократската унија за интеграција оценува дека последните изјави на претседателот на Уставниот суд не се изолиран инцидент, туку директна последица на политичката клима што е создадена во државата, се вели во соопштението од ДУИ. -Кога во Владата имате слабо, заробено и потчинето претставување како ВЛЕН, тогаш антиалбанските сили се чувствуваат охрабрени и зајакнати. Денес сме сведоци на изјави и постапки кои порано никој не се осмелуваше јавно да ги артикулира. Наместо да ги бранат уставните права и достигнувањата од Охридскиот рамковен договор, претставниците на ВЛЕН во Владата избраа молк и сервилност. Овој молк се толкува како дозвола за напади врз…

Повеќе

Државниот завод за ревизија (ДЗР) извршил ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам (ДИГУ) за 2024 година, при што констатирал сериозни слабости и неправилности во работењето. Меѓу забелешките се наведени: слабости во процесот на вршење попис на средства и изворите на средства, неизвршена процена на пазарната вредност на градежните објекти, како и недостатоци во процесот на пресметка и исплата на плати. Исто така, ревизорите укажале на несоодветен начин на организација на инспекцискиот надзор во областа на урбанизмот и недоставени шестмесечни извештаи за постапувањето по претставки и предлози. ДЗР нагласува дека функцијата директор…

Повеќе

Македонската естрада се простува од актерот Кирил Поп Христов-Кили, кој почина на 58.годишна возраст во Еквадор, од инфаркт додека спиел. Од него се прости актерот Драган Спасов Дац, со објава на Фејсбук. ТВ режисерката Ана Глигорова со потресна порака: – Кили друже мој од старо маало кај парк, каде одлета прерано кон синото небо во твојата втора татковина.Помина низ премрежја на тешка болест – канцер, беше уверен дека алтернативната медицина и далечната земја ќе ти помогне во лечењето, и беше во право.Неверојатен во Тетовирање, одличен во музиката, мултиталент. Еден и единствен, роден бунтвоник, друже мој. Ќе завршам во твој стил…

Повеќе

Царински службеници на Граничниот премин „Блаце“ спречиле обид за криумчарење 120 килограми тутун за наргиле, со вредност од 384 илјади денари, наменет за продажба на македонскиот пазар. Од Царинската управа информираат дека против сторителот е поднесена кривична пријава за кривично дело „криумчарење“, казниво согласно Кривичниот законик. Со ова е спречена нелегална трговија со акцизна стока, при што избегнатите давачки изнесуваат 744 илјади денари, од кои 342 илјади се акциза. Како што наведуваат од Царината, сторителот Ф.Б., државјанин на Македонија, набавил 480 пакувања тутун за наргиле од по 250 грама од лице од Приштина. Делот од тутунот го сокрил во багажникот,…

Повеќе

Владата продолжува да биде глува на предупредувањата и да ги игнорира ризиците што го загрозуваат животниот стандард на граѓаните, без да преземе мерки за нивна заштита од нови ценовни удари, се вели во соопштението од ДУИ. -Сите професионални прогнози и движењата на меѓународните енергетски берзи покажуваат дека од наредниот понеделник се очекува ново и значително зголемување на цените на нафтените деривати. Ова зголемување може да предизвика нов бран на поскапување на производите и услугите, дополнително оптоварувајќи ги семејствата и бизнисите. Демократската унија за интеграција уште еднаш ги повикува надлежните институции да ги земат предвид нашите предлози презентирани пред неколку дена,…

Повеќе

Македонскиот Народен Театар со длабока тага се прости од Кирил Поп Христов-Кили, кој почина во сон, на 58.годишна возраст, во Еквадор, каде живееше од 2014. -Денес се простуваме од нашиот долгогодишен член на ансамблот – Кирил Поп Христов (1967 – 2026), театарски, филмски и телевизиски актер. Нашиот Кили. Дипломирал на на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на отсекот за актерска игра, во класата на проф. Љубиша Георгиевски, во 1989 година. Од 1993 до 2014 година, работи во МНТ, а во 2018 г повторно се враќа на истата сцена, оставајќи значаен белег во институцијата како…

Повеќе

Билтените на полицијата секојдневно се полнат со вести за семејно насилство, а овој пат жртви се и сопруги и малолетно дете. На 10.03.2026 во 22:30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ј.З.(27) од с.Долна Бањица, гостиварско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 26-годишна сопруга дека, поради меѓусебно недоразбирање, упатувал закани на нејзините мајка на социјална мрежа. На 10.03.2026 во 12:05 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода Т.Д.(18) од Крива Паланка затоа што физички го нападнал неговиот татко. На 10.03.2026 во 00:45 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода…

Повеќе