Close Menu
Press24
    Најново

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52

    Лоши прогнози: Скап дизел ќе возиме цела наредна година

    07.10.2026 во 10:13

    Измени во „Сејф Сити“ – камерите ќе гледаат нов прекршок

    07.10.2026 во 10:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Го запреле на Табановце – Кога виделе што има во возилото веднаш го уапсиле
    • Подгответе се за продолжен викенд – УХМР со временска најава за трите дена одмор
    • СДСМ: Владата повторно се задолжува
    • И тоа го има во Македонија: Внук го истепал дедото поради недоразбирање во сообраќајот
    • Скопјанец нападнат на улица среде бел ден
    • Малолетно момче преживеало хорор во Центар
    • ФОТО: Марија најдена шест години по исчезнувањето – Замотана во ќебе лежела до познато туристичко место
    • Нафтата повторно „лета“: Цената над 100 долари, светските пазари во неизвесност
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ФОТО: „За жал се има свој крај, проклето нека е” – Една од последните објави на Кили

    ФОТО: „За жал се има свој крај, проклето нека е” – Една од последните објави на Кили

    12.03.2026 во 11:422 Mins Read
    Принтскрин, Youtube
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Актерот Кирил Поп Христов познат како Кили, почина на 58.годишна возраст во Еквадор, каде живееше од 2014 година. Кили починал во сон од инфаркт.

    Една од неговите последни објави на социјалната мрежа Фејсбук е од Декември, 2025 година.

    -„На 2. 12. 2004.. на крајот на светот каде што е ‘Ртот на добрата надеж’ (Cape of the good hope- Кептаун го добива името по него), со овој Ангел прекрасен го доживеав најубавиот ден во мојот живот.. се уште нешто НЕ го засенило. Никогаш повторно НЕ се појави ни приближно слично, искрено, топло, несебично пријателство. Со него се чувствував како кондорски крилја да ми беа наметнати, но никако в наши страни не сакав да прелетнам. За жал се има свој крај.. проклето нека е! Неговиот дојде по само пет месеци. А.. случајно му беше на овој датум роденден“. „Никогаш не ќе те заборавам мој Муки“, напиша Кили во објавата.

    Неговата сопруга, кореографката Гордана Деан-Поп Христова, за ЦрноБело изјавила дека тој починал во сон од инфаркт и дека таа ќе го памети само по убавите моменти поминати заедно.

    Кили е роден на 30 јули 1967 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на отсекот Актерска игра, во класата на професорот Љубиша Георгиевски во 1989 година. Од 1993 година работел во Македонски народен театар во Скопје.

    Познат е по улогите во Тетовирање, Македонска Сага, Пикасо и Трст виа Скопје.

    Кили останува запаметен како еден од значајните македонски актери на својата генерација, со бројни улоги кои го одбележаа театарското и филмското наследство во земјата.

    Нека почива во мир. Сочувство до семејството.

    Top News
    Прочитај повеќе

    Го запреле на Табановце – Кога виделе што има во возилото веднаш го уапсиле

    08.10.2026 во 09:47

    Подгответе се за продолжен викенд – УХМР со временска најава за трите дена одмор

    08.10.2026 во 09:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.