Close Menu
Press24
    Најново

    Почина легендарниот Мишо Ковач

    31.10.2026 во 21:54

    Еден во болница, еден приведен: Масовна тепачка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички

    31.10.2026 во 21:25

    Гласаа 104 болни и немоќни лица и осум затвореници за изборите за градоначалник во Брвеница

    31.10.2026 во 16:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Почина легендарниот Мишо Ковач
    • Еден во болница, еден приведен: Масовна тепачка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички
    • Гласаа 104 болни и немоќни лица и осум затвореници за изборите за градоначалник во Брвеница
    • Град Скопје организираше бесплатен разглед на Матка и Врело – Орце најавува почести вакви настани
    • Над 5.000 смртни случаи од ебола во Конго
    • Со огнено оружје тројца разбојници ограбиле обложувалница во Чаир
    • Со дрво ја тепал сопругата – полицијата приведе 82-годишник од Велес
    • Фрлал камења и земја на улица во Ѓорче Петров, па нападнал жена која се обидела да го сними
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски од Охрид: Без образование градиме држава без темели, трпението за правдата е при крај и таа ќе ги стигне сите

    Мицкоски од Охрид: Без образование градиме држава без темели, трпението за правдата е при крај и таа ќе ги стигне сите

    24.05.2026 во 14:252 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски вечерва упати серија пораки од свечената академија во Охрид по повод Денот на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј, осврнувајќи се на значењето на писменоста, но и на актуелните политички предизвици.

    Во своето обраќање, тој потенцираше дека образованието и духовната зрелост се клучните столбови врз кои почива опстанокот и достоинството на македонскиот народ низ вековите.

    „Народ што не ја познава својата писменост и култура, лесно станува туѓ во сопствената историја. Ова не е само историска поука. Ова е и современо предупредување… Образованието е најмоќното оружје со кое можете да го промените светот. Но јас би добал – образованието е и најсилниот штит со кој еден народ ја брани својата иднина. Држава може да изгради патишта, мостови и фабрики. Но ако не создава образовани генерации, таа гради без темели“, истакна Мицкоски.

    Шефот на Владата отворено проговори и за дебатите околу употребата на јазиците во образованието и правосудниот систем, подвлекувајќи дека решенијата мора да бидат во рамките на највисокиот правен акт.

    „И немам никаква задршка да се разговара на темите за употребата на јазиците. И секоја заедница да го има правото да напредува и да го употребува свойот јазик, сè додека тоа е во рамките на Уставот, законите и сè додека се почитува нашиот идентитетски белег – нашиот македонски јазик“, дециден е премиерот.

    Мицкоски испрати и директно предупредување до корумпираните структури и до претставниците на правосудниот систем кои ги одвлекуваат процесите, најавувајќи брза испорака на правдата.

    „Ним, и на оној дел од обвинителството кој сè почесто смислува изговори, им велам дека трпението е при крај и дека правдата ќе ги стигне сите. Без оглед на тоа какви изговори слушам, трпението е при крај и јас внимателно следам… Нема да отстапам од тоа да им дишеме во врат на оние кои се богатат и печалат на маката на народот“, порача тој.

    На крајот од говорот, премиерот упати повик за сеопшто народно и интелектуално обединување на државата со цел заштита на националните интереси и продолжување на евроинтегративниот пат со сочувано достоинство.

    Прочитај повеќе

    Почина легендарниот Мишо Ковач

    31.10.2026 во 21:54

    Еден во болница, еден приведен: Масовна тепачка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички

    31.10.2026 во 21:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.