Close Menu
Press24
    Најново

    Приведен полицаец во Стар Дојран: Претепал жена со која бил во врска и нејзиниот малолетен син

    03.08.2026 во 15:39

    „Колапс“ на ГП Богородица: Се чека по три часа за излез од Македонија

    03.08.2026 во 15:38

    Гаши во Каиро: Македонија е пример за меѓурелигиски и мултиетнички соживот

    03.08.2026 во 15:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Приведен полицаец во Стар Дојран: Претепал жена со која бил во врска и нејзиниот малолетен син
    • „Колапс“ на ГП Богородица: Се чека по три часа за излез од Македонија
    • Гаши во Каиро: Македонија е пример за меѓурелигиски и мултиетнички соживот
    • Избегната трагедија: Приведен пијан пешак на автопатот Гостивар–Тетово, шетал по коловозот и навредувал полицајци
    • УХМР со најнови податоци: Гевгелија и Велес ги соборија денешните температурни рекорди
    • Приведен 52-годишен стружанец: Навредливо се однесувал кон службени лица на прославата за 2 Август во Ташмаруништа
    • Тешко повредено 4-годишно дете од Скопје: Во него удрило возило со швајцарски таблички
    • Полицијата апсеше возачи без дозволи и под дејство на алкохол – приведени 34 лица
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Азески на состанок на Советодавниот одбор на Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана

    Азески на состанок на Советодавниот одбор на Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана

    13.03.2026 во 08:572 Mins Read
    Стопанска комора
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Делегација на Стопанска комора на Северна Македонија присуствуваше на свеченото одбележување на 80-годишнината од основањето на Економскиот факултет, Универзитет во Љубљана, еден од најпрестижните економски факултети во Словенија и регионот на Централна и Југоисточна Европа. Факултетот, основан по Втората светска војна, постепено се разви во модерна, меѓународно ориентирана бизнис-школа и редовно е вклучен меѓу 95-те најдобри високообразовни институции во Европа според рангирањето на Financial Times. Тој поседува три најпрестижни меѓународни акредитации за бизнис-школи: AACSB International, EQUIS и Association of MBAs (AMBA), што го позиционира факултетот во глобалната елита на бизнис образованието. На настанот се обрати и претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар.

    Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, кој е член на Советодавниот одбор на факултетот, активно учествуваше во дискусијата посветена на долгорочната стратегија на институцијата и предизвиците поврзани со наставните методи во ерата на вештачката интелигенција. „Вештачката интелигенција треба паметно да се користи за унапредување на образованието, а не да ја потиснува аналитичката и критичката мисла на младите генерации дипломци и постдипломци“, истакна Азески.

    Членови на Советодавниот одбор се и Ана Паула Африкано С. Силва од Универзитетот во Порто, проф. Ана Бломбек од меѓународниот факултет за бизнис во Јеншепинг, проф. Хана Холмс од Градскиот универзитет во Манчестер, Паола Папаниколау од банкарската групација „Intesa Sanpaolo“, проф. Маркус Рудолф од Факултетот за менаџмент „Ото Бајсхајм“ во Диселдорф, проф. Руперт Заусгрубер, ректор на Виенскиот универзитет за економија и бизнис, Јанез Шкрабец, генерален менаџер на „Riko d.o.o.“ од Словенија, Бранко Зибрет од „Kearney“ во Австрија и Валтер Лебан, претседател на Управниот одбор и CEO на “Колектор” АД, Словенија.

    Прочитај повеќе

    Приведен полицаец во Стар Дојран: Претепал жена со која бил во врска и нејзиниот малолетен син

    03.08.2026 во 15:39

    „Колапс“ на ГП Богородица: Се чека по три часа за излез од Македонија

    03.08.2026 во 15:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.