Close Menu
Press24
    Најново

    „Спремни за средно!“ – Бесплатна полуматурска забава во Кисела Вода

    10.06.2026 во 08:18

    Измени во цените на ПАП и ХПВ тестирањето во Македонија

    10.06.2026 во 08:16

    Муцунски во Софија – Дискусии за европската перспектива на Југоисточна Европа

    10.06.2026 во 08:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • „Спремни за средно!“ – Бесплатна полуматурска забава во Кисела Вода
    • Измени во цените на ПАП и ХПВ тестирањето во Македонија
    • Муцунски во Софија – Дискусии за европската перспектива на Југоисточна Европа
    • Ќе нема струја до 15:30 часот – Најавени исклучувања низ Скопје
    • Интерпелација за Цветан Трипуновски во Собрание
    • Стартува „Училишта на 21 век – Фаза II“
    • Николоски ќе изврши увид во изградбата на пругата кон Бугарија
    • Насилството врз жените и семејното насилство на дневен ред во Собранието
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ДУИ: Од луксуз во Маврово до билборди во центарот на Скопје: Кој ги рекламира апартманите на Недим Рама

    ДУИ: Од луксуз во Маврово до билборди во центарот на Скопје: Кој ги рекламира апартманите на Недим Рама

    24.05.2026 во 14:283 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Додека јавноста сè уште чека одговори за тоа како директорот на НОМАГАС, Недим Рама, од рент-а-кар бизнис стигна до луксузни апартмани во Маврово, а притоа нема пријавено никаков имот до ДКСК, денеска отвораме уште едно важно прашање – медиумско-бизнис мрежата која стои зад промоцијата и заштитата на овој капитал, велат од ДУИ.

    „Да потсетиме, според јавно достапните документи и имотни листови, Недим Рама и Л.Х.се поврзуваат со недвижности во Маврово, односно со апартмани лоцирани во атрактивен туристички комплекс.

    Станува збор за имот кој во јавноста се промовира како луксузно сместување, а кој отвора сериозни прашања за потеклото на капиталот, особено ако се има предвид дека директор на државна компанија нема пријавено никаков имот во анкетниот лист до ДКСК.

    Но, приказната не завршува тука.

    Освен што делат заеднички имот во Маврово според имотен лист, Л. Х. преку компанијата „Висион Медиа“ ги рекламира токму апартманите на Недим Рама.

    И тоа не било каде.

    Рекламите се вртат во најстрогиот центар на Скопје – на дигиталниот видео-бим на плоштад Македонија, простор со огромна видливост и влијание.

    „Висион Медиа“ е компанија за дигитално видео рекламирање во сопственост на Л.Х. и „Страто Консалтинг“. А сопственик на „Страто Консалтинг“ е Б. М. – основач на eден портал близок со Изет Меџити.

    Токму порталот е еден од медиумите кои постојано се рекламираат на овие видео-бимови.

    И тука се отвора прашањето: Дали станува збор за случајна деловна соработка или за затворен круг на бизнис, медиумско и политичко влијание?

    Бидејќи документите покажуваат нешто многу интересно. Според вкупниот финансиски извештај со спецификација на приходи и расходи од трансакциската сметка за локалните избори 2025 година, коалицијата ВЛЕН најмногу средства за рекламирање на веб-портали исплатила токму на порталов. За рекламен простор, порталов доби 580.820 денари. 

    Затоа денес јавноста има право да праша:

    Колкав реален приход остварува Недим Рама од издавањето на луксузните апартмани во Маврово? Дали тие приходи воопшто можат да ја оправдаат ваквата скапа и интензивна рекламна кампања на една од најекспонираните и најскапи локации во центарот на Скопје?  

    Дали приходите од издавањето на луксузните апартмани во Маврово уредно се пријавуваат и се оданочуваат согласно закон или станува збор за практики кои можат да значат работење на штета на државниот буџет?

    Од кои извори се финансира ваквото рекламирање и дали зад тоа стои класичен бизнис модел или нешто многу пошироко – затворен круг на финансиски, медиумски и политички интереси? 

    Дали луксузните апартмани во Маврово се само туристички бизнис – или дел од поширока мрежа на влијание, пари и политички релации?

    И конечно – кој сè стои зад капиталот, влијанието и медиумската поддршка што се врти околу Недим Рама?

    Им порачуваме на институциите да не молчат. Очекуваме финансиските текови, сопственичките врски и политичко-медиумските релации да бидат детално истражени.

    Граѓаните заслужуваат одговори“, стои во соопштението од ДУИ.

    Прочитај повеќе

    Силјановска Давкова на прием во Британската амбасада: Обединетото Кралство е наш стратешки партнер

    09.06.2026 во 22:17

    Цаневска-Арсовска до Ѓеорѓиевски: Каде завршија ветувањата за чисто Скопје и кој ги одобрува спорните директорски функции?

    09.06.2026 во 14:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.