Author: Sofija Dizdarevik

Илчо Гоцевски од делчевско Звегор, кој живееше во Кочани, беше херојот од Брзата Помош, кој 32 часа без престан пренесувал пациенти од пожарот во Пулс, до скопските Клиники. Илчо 11 пати возел на релација до Скопје, а за жал, по помошта која им ја пружи на повредените, легна, заспа и не се разбуди. Неговата сопруга, Анета Демерџиева Гоцевска, во објава на социјалните мрежи напиша дека болката по неговата загуба не поминува. -Една година од трагедијата. Го загубив мојот сопруг, човек кој беше мојата сила, мојата поддршка и мојата најголема љубов. Болката не поминува, само човек учи да живее со празнината…

Повеќе

На 15.03.2026 година, во 19:30 часот, во СВР Скопје, С.П. (53) од Скопје пријави дека околу 15:00 часот, во парк на подрачјето на Ѓорче Петров, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Полицијата презема сите потребни мерки за расчистување на случајот, утврдување на околностите и соодветно постапување согласно законот за малолетници, со цел заштита на безбедноста и правата на детето. Граѓаните се повикуваат да соработуваат и да пријавуваат слични инциденти за навремена интервенција.

Повеќе

На 15.03.2026 година, во СВР Скопје, Ф.К.Б. (39) од Скопје пријави дека на 14.03.2026, на подрачјето на Чаир, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник, кој го познавал. Случајот бил пријавен веднаш по инцидентот, а полициските службеници преземаат сите потребни мерки за расчистување на настанот, утврдување на околностите и идентификување на сторителот. Се водат соодветни постапки согласно законот за малолетници, со цел заштита на правата и безбедноста на детето. Полицијата апелира до граѓаните да пријавуваат слични настани, за да се обезбеди заштита на малолетниците и да се спречат вакви инциденти во иднина.

Повеќе

Полицајците од Килкис, Северна Грција, уапсија едно лице кое било фатено како управува мотоцикл со брзина од 223 км/ч, на место каде што ограничувањето е 110 км/ч, информираа од регионалната полициска дирекција, а според грчките медиуми станува збор за македонски државјанин, јави дописничката на МИА од Атина. Уапсениот, 49-годишен македонски државјанин, бил запрен на автопатот Солун-Евзони, кој води кон граничниот премин со Северна Македонија. Како што јавува државната телевизија ЕРТ, на лицето му биле одземени возачката дозвола и регистарските таблици, му е изречена казна од 700 евра, а денеска ќе биде изведен пред јавен обвинител. Од Генералната регионална полициска дирекција…

Повеќе

Извршниот одбор на СДСМ вчера донесе одлука и иницираше постапка за исклучување на Петре Шилегов од членството на СДСМ. -Шилегов е уценет и одработува за ВМРО. Ја разоткривме целата бизнис шема на Христијан Мицкоски во енергетиката, од Адамовиќ до „Руднап“. Сега на сите им е јасно зошто толку многу сакаат да го рушат СДСМ. ВМРО толку падна што единствената опција им остана обидот да го урне СДСМ одвнатре. Сега на сите им е јасно дека станува збор за „платформа за рушење на СДСМ“, велат од СДСМ преку писмено соопштение испратено до медиумите. Петре Шилегов за одлуката на СДСМ дозна во…

Повеќе

На 15.03.2026 година, во 09:00 часот, во СВР Скопје е пријавено дека околу 00:05 часот, на подрачјето на Чаир, по претходно случена сообраќајна незгода, дошло до нарушување на јавниот ред и мир. Во инцидентот била вклучена физичка пресметка помеѓу неколку лица, при што биле употребени и тврд предмети. Полицијата презема сите потребни мерки за расчистување на случајот, утврдување на околностите и соодветно постапување согласно законот. Граѓаните се повикуваат да соработуваат со полицијата доколку имаат информации кои можат да помогнат во истрагата.

Повеќе

На 15.03.2026 година, околу 15:05 часот, на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода И.А. (25) од Скопје. При извршена гранична контрола и проверки во оперативната евиденција, било утврдено дека против лицето постои активна судска мерка за лишување од слобода. Поради тоа, полициските службеници го спровеле во Казнено-поправната установа – Затвор Скопје, каде ќе го издржува предвидениот период. Лицето било лишено од слобода во согласност со законските прописи за постапување при активни мерки, а граничната контрола се извршила согласно стандардните процедури за проверка на лицата кои ја напуштаат државата, со цел обезбедување на…

Повеќе

Средношколци од СОУ „Перо Наков“ од Куманово денеска ќе го посетат Собранието на Република Северна Македонија како дел од едукативната активност „Имам став!“, организирана од Парламентарниот институт. „Имам став!“ е настан наменет за ученици од средните училишта во државата и претставува симулација на процесот на разгледување предлог-закон во Собранието. – Целта на „Имам став!“ е младите да ја запознаат работата на Собранието и процесот на донесување закони, да ја развијат свеста за демократијата и да ги поттикне на општествена и политичка критичност и активно вклучување – соопшти собраниската прес-служба.

Повеќе

Во 2025 година, 71,9% од луѓето во ЕУ на возраст од 16 до 74 години користеле веб-страници или апликации на јавни органи, што претставува зголемување од 1,9 процентни поени во споредба со 2024 година, покажуваат податоците на Евростат. Во Северна Македонија, 32,32% од граѓаните користеле услуги на е-влада. Најчести активности биле: Споредено со земјите од регионот, најмногу услуги на е-влада користеле граѓаните во: За Албанија и Косово нема достапни податоци. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, неодамна истакна дека Порталот за услуги бележи рекордни резултати и станува централна точка за електронските услуги за граѓаните. Според податоците за 2025 година, порталот…

Повеќе

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемија во просек за 8,98%. Цените се веќе на сила од полноќ. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се поголеми за 7,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 09.03.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 86,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 88,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на…

Повеќе