Close Menu
Press24
    Најново

    Хаос во Белфаст: Запален автобус и брутални антиимигрантски немири по крвавиот напад со нож

    09.06.2026 во 23:05

    Филмска измама во Канада: Пилот летал патнички авиони 17 години без дозвола на над 900 летови

    09.06.2026 во 22:55

    Нова експлозија на автомобил-бомба во близина на Москва: Загина маж, се сомнева дека е висок офицер

    09.06.2026 во 22:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Хаос во Белфаст: Запален автобус и брутални антиимигрантски немири по крвавиот напад со нож
    • Филмска измама во Канада: Пилот летал патнички авиони 17 години без дозвола на над 900 летови
    • Нова експлозија на автомобил-бомба во близина на Москва: Загина маж, се сомнева дека е висок офицер
    • Несреќа на охридскиот аеродром: Работник паднал од кров и се здобил со тешки повреди
    • Силјановска Давкова на прием во Британската амбасада: Обединетото Кралство е наш стратешки партнер
    • Огромен скандал во Црна Гора: Уапсен маж кој го отстранил државното знаме и се заканувал со смрт
    • Голема полициска акција во БиХ: Уапсени 13 лица, запленет цел арсенал оружје и експлозиви
    • Ноќно апсење на Велешко Езеро: Фатен маж со марихуана
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сопругата на Илчо од Брза помош – „Никогаш нема да го заборавам гестот на премиерот Мицкоски”

    Сопругата на Илчо од Брза помош – „Никогаш нема да го заборавам гестот на премиерот Мицкоски”

    17.03.2026 во 09:473 Mins Read
    Фејсбук, Иле Гоцевски
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Илчо Гоцевски од делчевско Звегор, кој живееше во Кочани, беше херојот од Брзата Помош, кој 32 часа без престан пренесувал пациенти од пожарот во Пулс, до скопските Клиники. Илчо 11 пати возел на релација до Скопје, а за жал, по помошта која им ја пружи на повредените, легна, заспа и не се разбуди.

    Неговата сопруга, Анета Демерџиева Гоцевска, во објава на социјалните мрежи напиша дека болката по неговата загуба не поминува.

    -Една година од трагедијата.

    Го загубив мојот сопруг, човек кој беше мојата сила, мојата поддршка и мојата најголема љубов.

    Болката не поминува, само човек учи да живее со празнината во душата што е создадена.

    Иле целиот свој живот го посвети на помагање на другите како возач на брза помош.

    Тој е мојот тивок херој кој секогаш беше таму кога некому му беше најпотребно.

    Во најтешките моменти од мојот живот, кога тагата беше преголема, никогаш нема да го заборавам гестот на премиерот Христијан Мицкоски.

    Премиерот лично дојде да ја сподели нашата болка и да изрази почит кон мојот сопруг.

    И во такви моменти човек не гледа функција, туку гледа човек.

    Јас во него видов човек со големо срце, со топлина и искрена човечност.

    Неговото присуство ми даде чувство дека не сме сами во нашата тага.

    Тоа беше тивка, но голема поддршка која ќе ја паметам засекогаш.

    Во време на голема болка, неговата човечка димензија и искрената грижа оставија длабока трага во моето срце.

    Човечноста е највисоката човечка вредност, напиша таа.

    На 16 март 2025 година, во трагичниот пожар што избувна во дискотеката „Пулс“, животот го загубија 63 лица, меѓу кои имаше и деца, додека повеќе од 200 луѓе беа повредени. Непосредно по несреќата беше одржана итна седница на Советот на Општина Кочани, по што беше прогласена седумдневна жалост – најпрво на локално, а потоа и на државно ниво. Иако првичните информации говореа за 59 загинати и над 150 повредени, по завршувањето на лекувањето на повредените и во рамки на обвинителните постапки, конечниот биланс изнесуваше 63 жртви и повеќе од 200 повредени.

    Истрагата покажа дека ноќниот клуб со години функционирал незаконски, без исполнување на основните технички и безбедносни услови, без соодветни дозволи и без почитување на противпожарните стандарди. Во објектот биле вршени реконструкции без стручен надзор, биле употребувани лесно запаливи материјали, а просторот не ги задоволувал ниту основните безбедносни критериуми.

    Кобната вечер биле активирани три пиротехнички средства во исто време, насочени кон плафонот обложен со полиуретански сунѓер. Пожарот се проширил за само неколку секунди, а густ чад и паника ги затекнале посетителите во клубот кој имал само еден, недоволно соодветен излез. Поголемиот дел од жртвите загинале обидувајќи се да стигнат до вратата, која не претставувала стандардно евакуациско решение. 

    Жртвите се Диме Димитријев, Сара Алексова, Моника Спасова, Тоше Тодоровски, Александар Коларов, Адријан Живков, Александар Алексов, Горги Величков, Јорданчо Џамов, Иван Трајчев, Џоко Горгиев, Александар Глигоровски, Иван Величков, Андреј Стојанов, Ивона Антова, Павел Христовски, Никола Насевски, Тоше Богданов, Ана Коцева, Гордан Петрушов, Игорче Горгиев, Филип Стевановски, Томче Стојанов, Моника Стоименова, Стојанчо Стојанов, Сара Пројковска Николовска, Марија Шопова, Александар Горгиев, Петар Ивановски, Бојана Закова, Матеј Марковски, Горѓи Василков, Александар Петров, Андреја Горѓиевски, Марија Стрезоска, Александар Ефремов, Лепа Тасева Стојковска, Игор Велков, Божидар Минов, Мартин Атанасовски, Стефанија Соколова, Томас Златков, Кети Милковска, Виктор Јорданов, Андреј Панов, Спиро Стоименов, Јове Владимитов, Стефан Тасевски, Ице Андонов, Александар Стојанов, Сања Христова, Дамјан Танески, Андреј Лазаров, Драгана Минова, Филип Ивановски, Сара Јорданова, Леонид Велков, Надица Наунова, Димитар Иванов и Владимир Блажев.

    Прочитај повеќе

    Несреќа на охридскиот аеродром: Работник паднал од кров и се здобил со тешки повреди

    09.06.2026 во 22:37

    Силјановска Давкова на прием во Британската амбасада: Обединетото Кралство е наш стратешки партнер

    09.06.2026 во 22:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.