Author: Sofija Dizdarevik

На 17.03.2026 година, околу 23:40 часот, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода 26-годишниот С.Х. од Струмица, кој бил затекнат при извршување тешка кражба во католичката црква Успение на Пресвета Богородица. С.Х. со употреба на сила влегол во црквата и одзел пари. Откако настанот бил пријавен, полицијата го затекнала на лице место и го привела. Со него било присутно и неговото малолетно дете, по што Центарот за социјални работи Струмица го предал детето на неговата баба. Против С.Х. е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот ќе следи поднесување на соодветна пријава. Тој е задржан во…

Повеќе

За Северна Македонија, земја со ограничени домашни извори на енергија и висока зависност од увоз, енергетската поврзаност и регионалната соработка се клучни предуслови за економска стабилност и долгорочен развој. Во таа насока се и напорите на Владата за зголемување на , истакна заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, на панел-дискусијата посветена на енергетиката во рамките на меѓународниот форум „Развој на перспективите на Индо‑Медитеранот преку Коридорот Индија – Блискиот Исток – Европа (IMEC)“ што се одржа во Трст. Димитровски нагласи дека функционирањето на овој коридор, особено во услови на тековната криза на Блискиот Исток, е стратешки важно за…

Повеќе

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на почетокот на месецов спроведоа 39 вонредни инспекциски контроли во домови за стари лица низ земјава. Контролите покажаа дека само еден дом не бил регистриран како оператор со храна во АХВ, за што му е изречена времена забрана за работа, глоба и налог за регистрација. Од АХВ посочуваат дека еден оператор не ги задоволувал хигиенските стандарди за безбедност на храната, а четири домови немале спроведено задолжителен здравствен преглед за вработените. За поголеми прекршоци, изречени се глоби во вкупна вредност од 1.550 евра за четири оператори, а од еден контролен оператор беа…

Повеќе

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со партиска делегација, од денеска до 20 март ќе учествуваат на Конгресот на Европската народна партија во Брисел. На конгресот се поканети и претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, и претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, соопшти прес-центарот на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата истакнуваат дека присуството на конгресот ја потврдува определбата на Република Северна Македонија за европска интеграција и обезбедува можност за билатерални средби со претседатели, премиери и лидери од семејството на Европската народна партија. Делегацијата на Мицкоски ја сочинуваат партискиот генерален секретар, Драган Ковачки, и членот на Извршниот комитет, Стефан Андоновски.…

Повеќе

Драган Пароски познат како „чичко Драги од Рекорд”, утре ќе биде испратен во вечниот дом, откако почина на 72. годишна возраст по долго и тешко боледување. Чичко Драги ќе биде погребан утре, четврток, на гробиштата во Ѓорче Петров. Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата од 11 часот, јави Скопјеинфо.мк. Поради здравствени проблеми го имаше изгубено гласот, па со луѓето комуницираше пишувајќи на лист хартија. Секогаш седеше покрај својата тезга со ластичиња, шноли, ланчиња и се грижеше за десетината кучиња со кои живееше – колку имаше за себе, толку имаше и за нив. Пред три месеци беше покренат апел за…

Повеќе

Најниска минимална температура утрово е измерена на Попова Шапка, три степени под нулата, соопштува Управата за хидрометеоролошки работи. Во другите места, минималните температури биле: 0 °C во Маврови Анови, Крушево и Лазарополе; 1 °C во Берово; 3 °C во Крива Паланка и Претор; 4 °C во Битола, Прилеп и Виница; 5 °C во Охрид, Тетово и Штип; 6 °C во Куманово и Велес; 7 °C во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Струмица и Кавадарци; и 8 °C во Демир Капија и Гевгелија. Врнежите во изминатите 24 часа до 7 часот утрово изнесувале: 10 л/м² на Попова Шапка, 3 л/м² во Битола, Тетово…

Повеќе

Венко Флипче на прес-конференција информираше дека партиското раководство на СДСМ има информации дека Петре Шилегов одработува за ВМРО-ДПМНЕ. Поради тоа, извршниот одбор на седница го исклучи Шилегов од партијата. Филипче вели дека СДСМ има легитимно избрано раководство, и тој нема да дозволи никој да ја подели партијата. За одлуката Шилегов дозна во емисија во живо, но не сакаше да коментира поради годишнината од трагедијата во Кочани. Вчера, Шилегов одговори на обвинувањата против него, истакнувајќи дека иницијативата за негово исклучување од СДСМ е покрената во спротивност со Статутот на партијата. Тој го повика претседателот на СДСМ да ја посети Општинската организација во…

Повеќе

Националната федерација на фармери (НФФ) денеска го одржува Генералното собрание, на кое ќе учествуваат претставници од земјоделскиот сектор, институции, меѓународни партнери и граѓански организации. Целта е да се разгледаат актуелните предизвици и можности за развој на малите земјоделци и производители од руралните средини. Како што соопштија организаторите, на настанот се предвидени обраќања на Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Стеванче Јорданоски, претседател на НФФ, Микаел Атерхог, раководител за развојна соработка во Амбасадата на Шведска во Северна Македонија, и Сашо Ангеловски, национален менаџер на We Effect Европа. Во рамки на настанот ќе се одржи и панел-дискусија на тема „Успешни…

Повеќе

Кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, насочена кон директна комуникација со земјоделците и претставување на актуелните мерки и политики за поддршка на земјоделското производство, стартува денеска со првата трибина во Домот на културата во општина Босилово, со почеток во 18 часот. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, истакна дека директната комуникација со земјоделците е од голема важност.„Ресорот земјоделство мора да одржува постојан и отворен дијалог со земјоделците. Тоа значи разговор за актуелните состојби и реалните предизвици со кои тие се соочуваат“, изјави министерот во телевизиско интервју. Во рамки на кампањата се формирани два големи тима кои…

Повеќе

Запрена е кривичната постапка за разрешениот судија Лазар Нанев. За ова на својата официјална веб страница, информираше Основниот Суд Велес. -Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека по предметот К.бр. 224/ 25 против обвинетиот Л.Н од Кавадарци за кривично дело Несовесно работење во службата од чл.353-в ст.4 од КЗ е донесено Решение со кое -Постапката поведена по обвинителен предлог III КО.бр.46/25 од 23.06.2025 година на ОЈО Велес против обвинетиот Л.Н. од Кавадарци, за кривично дело Несовесно работење во службата од чл.353-в ст.4 од КЗ, се запира, стои во соопштението. -Вака донесеното решение е врз основа…

Повеќе