Close Menu
Press24
    Најново

    Акција во Скопје: Инспекторка од АХВ падна в рацете на полицијата – ја фатија со мито

    25.09.2026 во 13:47

    Не заборавајте да ги вратите стрелките на часовникот еден час назад

    26.09.2026 во 10:55

    Пресврт: На стариот пат кон Врање загинала баба и двегодишно дете, мајката се бори за живот

    25.09.2026 во 23:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Банов: Милиони денари за промоција на Герасимовски, додека улиците во Центар се со дупки
    • Ноќна рација во Скопје: Откриени прекршоци, дрога и алкохол за малолетници во угостителски објекти
    • Ѓорѓиевски: Хуманоста нема цена, Град Скопје е домаќин на Државниот натпревар по прва помош во организација на Црвениот крст
    • УХМР објави временска прогноза за цела недела – проверете какво време не очекува
    • (ФОТО) Герасимовски: Отстранета нелегалната конструкција на „Даме Груев“ , јавниот простор вратен на граѓаните
    • Кузеска: Граѓаните гледаат кој ја спонзорира платформата ЗНАМ 2.0, покровител е Мицкоски
    • Утрово во Македонија измерени 3 степени
    • Не заборавајте да ги вратите стрелките на часовникот еден час назад
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » АХВ ги тресе домовите за стари лица: Уништена небезбедна храна, казни и забрани за работа

    АХВ ги тресе домовите за стари лица: Уништена небезбедна храна, казни и забрани за работа

    18.03.2026 во 10:252 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на почетокот на месецов спроведоа 39 вонредни инспекциски контроли во домови за стари лица низ земјава. Контролите покажаа дека само еден дом не бил регистриран како оператор со храна во АХВ, за што му е изречена времена забрана за работа, глоба и налог за регистрација.

    Од АХВ посочуваат дека еден оператор не ги задоволувал хигиенските стандарди за безбедност на храната, а четири домови немале спроведено задолжителен здравствен преглед за вработените.

    • „За утврдените недоследности, кои вклучуваат нередовно водење записи за Добра хигиенска и Добра производствена пракса, недоставување сертификати за обуки од областа на хигиената на храна, евиденција за набавки, задоцнување со задолжителни мерки за дезинфекција, дезинсекција и дератизација и други помали недоследности, издадени се три решенија со наредби за нивно отстранување и две опомени“, наведуваат од АХВ.

    За поголеми прекршоци, изречени се глоби во вкупна вредност од 1.550 евра за четири оператори, а од еден контролен оператор беа нештетно уништени шест килограми небезбедна храна.

    Од АХВ нагласуваат дека состојбата е значително подобрена во однос на претходните контроли од ноември 2024 година, кога:

    • 14 оператори не беа регистрирани како оператори со храна;
    • беа нештетно уништени 40 килограми небезбедна храна;
    • издадени беа 16 решенија со наредби за отстранување на недоследностите;
    • и парични казни беа изречени на 18 домови за стари лица.
    Прочитај повеќе

    Банов: Милиони денари за промоција на Герасимовски, додека улиците во Центар се со дупки

    26.09.2026 во 11:56

    Ноќна рација во Скопје: Откриени прекршоци, дрога и алкохол за малолетници во угостителски објекти

    26.09.2026 во 11:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.