Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трамп демантира ескалација: САД нема да го нападнат Иран пред изборите
    • Герасимовски: ВМРО покажа дека не знае да ја води државата, незадоволството на граѓаните расте
    • Хали Бери на суд поради наводно злоставување, синот сведочеше речиси четири часа
    • Трајно решение за професионалните војници по 45 години – ќе можат да продолжат со работа како цивилни лица
    • НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
    • Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
    • Лефков: СДС и Филипче беа декласирани на изборите во општина Брвеница со 4 спрема 1
    • САД ја блокираат испораката на ракети „Патриот“ за Украина: Вашингтон ја одложува дозволата за сојузниците
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Премиерот Мицкоски на Конгрес на Европската народна партија во Брисел

    Премиерот Мицкоски на Конгрес на Европската народна партија во Брисел

    18.03.2026 во 09:562 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со партиска делегација, од денеска до 20 март ќе учествуваат на Конгресот на Европската народна партија во Брисел. На конгресот се поканети и претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, и претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, соопшти прес-центарот на ВМРО-ДПМНЕ.

    Од партијата истакнуваат дека присуството на конгресот ја потврдува определбата на Република Северна Македонија за европска интеграција и обезбедува можност за билатерални средби со претседатели, премиери и лидери од семејството на Европската народна партија.

    Делегацијата на Мицкоски ја сочинуваат партискиот генерален секретар, Драган Ковачки, и членот на Извршниот комитет, Стефан Андоновски. Тие ќе присуствуваат и на свеченоста со која Европската народна партија ќе ја одбележи 50-годишнината од своето постоење, период во кој партиското семејство имало централна улога во обликувањето на Европа и заштитата на нејзините основни вредности.

    „Присуството на Мицкоски и делегацијата на овој висок собир ја потврдува цврстата определба на Република Северна Македонија за европска интеграција и активна вклученост во процесите кои ја дефинираат иднината на Европа. Ова учество е значајна можност за афирмација на националните интереси и за зајакнување на позицијата на државата во рамки на европското политичко семејство, како и за билатерални средби со присутните лидери“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    Герасимовски: ВМРО покажа дека не знае да ја води државата, незадоволството на граѓаните расте

    20.10.2026 во 21:42

    Трајно решение за професионалните војници по 45 години – ќе можат да продолжат со работа како цивилни лица

    20.10.2026 во 20:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.