- Експертите предупредуваат: Четботовите често даваат неточни медицински информации
- Русија ќе исплати отштета на Азербејџан за соборениот патнички авион во Казахстан
- Муцунски: Анита Орбан потврди дека во надворешната политика на Унгарија ќе остане цврсто втемелен приоритетот за ЗБ
- BBC отпушта 2.000 вработени за да ги намали трошоците
- Дипломатска надеж: САД и Иран ги продолжуваат преговорите во Исламабад следната недела
- Дневен хороскоп за 16 април 2026: Овните ја користат силата на идеите, Водолиите прават голем напредок
- Иран ја отвора вратата за деблокада на Ормускиот теснец: Поставен е клучен услов
- Биланс од масакрот во Турција: 9 загинати, 13 повредени
Author: Sofija Dizdarevik
Манипулациите со работниците не поминуваат, велат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека ССМ и СДС веќе тешко ја одржуваат и онаа мала поддршка што ја имаа од граѓаните. Според соопштението, ова најдобро се покажа на протестот од изминатиот викенд, каде што, наместо присуство на вистински работници, во првите редови беа партиски челници на СДС облечени во маици со партиското лого. Тоа, како што посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ, ја потврдува слабата реална поддршка и губењето на довербата во овие организации. Целата организација и логистика на таканаречениот синдикален протест беше во рацете на лица од општинските организации на СДС. Но, на крајот, и ССМ и…
Илчо Гоцевски од делчевско Звегор, кој живееше во Кочани, беше херојот од Брзата Помош, кој 32 часа без престан пренесувал пациенти од пожарот во Пулс, до скопските Клиники. Илчо 11 пати возел на релација до Скопје, а за жал, по помошта која им ја пружи на повредените, легна, заспа и не се разбуди. Кочани не го заборави својот херој, па во дворот на Општата болница од пред два дена стои биста на Иле Гоцевски. Поставена пред влезот на службата за Итна медицинска помош, говори за неговото херојство и несебична помош. На 16 март 2025 година, во трагичниот пожар што избувна…
Процесот на обединување на ВРЕДИ сега навлегува во фаза на смели и неповратни одлуки. Она што порано се сметаше за политичка неопходност, сега добива конкретна форма како резултат на заедничката волја за создавање единствен, репрезентативен и заеднички политички субјект, велат од ВРЕДИ преку соопштение за јавноста. Одлуката на Алтернатива да се приклучи кон новиот субјект ја потврдува насоката и сериозноста на процесот. Претходно, другите составни партии на ВРЕДИ – Движењето БЕСА, Демократското движење и АА – веќе го направија овој чекор, суспендирајќи ги своите тела, што укажува на политичка зрелост и свесност за значењето на консолидираниот субјект. Секој нов чекор…
Утрово на Попова Шапка се измерени четири степени под нулата, а снежната покривка достигнува 60 сантиметри, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во Крушево е забележан еден сантиметар снег, додека температура под нулата е регистрирана и во Лазарополе и Маврови Анови. Најтопло утрово е во Штип, Велес, Скопје-Петровец, Струмица, Кавадарци и Гевгелија, со измерени осум степени Целзиусови. Според прогнозата на синоптичарите, денеска ќе преовладува променливо облачно време. Во западните делови се очекуваат повремени слаби врнежи од дожд, а на планините и повисоките места од снег. Ќе дува умерен, а на моменти засилен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе се движи…
Таткото на Фросина Кулакова, Тодор Кулаков, се огласи на социјалната мрежа Фејсбук, по одлуката на Врховниот Суд да се одбие барањето на Васил Јованов, за вонредно преиспитување на пресудата. -Аздисани убијци – ЗЛОТО во полна сила… Па уште бараат и од Врховниот суд да им ја намали и онака ниската казна… Само 65% од максималната… Па што ли требаше друго да стори од она што веќе и го направи на Фросинче заедно со друштвото негово, за да добие максимална казна… И 2% рејтинг многу Ви е… Одговорност за криминалецот Судија Снежана Марковска, одговорност за Судиите од Апелациониот суд… Одговорност за…
Софија Куновска, македонската актерка и политичарка, на својот Фејсбук профил сподели како Кирил Поп Христов-Кили се простил од неа. -Не можеше да се поздравиш со мене на поубав начин од тој што го избра да се поздравиш пред неколку дена… Патувај со ангелите драг Кили и таму отсвири ја и отпеј ја најубавата песна, напиша Куновска на Фејсбук. Кили е роден на 30 јули 1967 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на отсекот Актерска игра, во класата на професорот Љубиша Георгиевски во 1989 година. Од 1993 година работел во Македонски народен театар во Скопје. Познат…
Полицијата го идентификуваше и пронајде возачот кој на 16 март со автомобил удри 11-годишно девојче на улицата „Васил Ѓоргов“ во Скопје, по што го напушти местото на несреќата. Станува збор за С.Б. од Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи. Според МВР, случајот бил пријавен во 16:10 часот од Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што било донесено девојчето со тешки телесни повреди. Првичните информации укажуваат дека сообраќајната незгода се случила околу 13:20 часот на крстосницата меѓу улицата „Васил Ѓоргов“, сервисната улица и „Народен Фронт“, кога патничко возило ја удрило малолетничката и веднаш потоа избегало. По преземени оперативни…
Во Македонската академија на науки и уметности (МАНУ) денеска ќе биде соопштено името на добитникот на престижната награда „Златен венец“ на „Струшките вечери на поезијата“ за 2026 година. „Струшките вечери на поезијата“ традиционално се одржуваат секој август, а фестивалот започнува со симболично садење дрво и поетско читање во чест на лауреатот. „Златен венец“ е највисокото меѓународно признание на фестивалот, кое се доделува на истакнат светски поет за животно дело. Името на добитникот, по правило, се објавува неколку месеци пред одржувањето на манифестацијата.
Новиот државен јавен обвинител Ненад Савески денеска треба да даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши. Со тоа, тој официјално стапува на функцијата, станувајќи деветти републички обвинител од независноста во 1991 година и 19-ти од 1945 година. Савески е избран вчера во Собранието со 66 гласа „за“, по оставката на неговиот претходник Љупчо Коцевски. Според Законот за јавно обвинителство, неговиот мандат ќе трае шест години, со можност за повторен избор. Во изјава за МИА, Савески посочи дека негов приоритет ќе биде воведување на поголема отчетност, транспарентност и дигитализација во обвинителскиот систем. Тој нагласи дека клучен проблем не се…
Со сослушување сведоци предложени од Јавното обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На претходното рочиште беа сослушани двајца сведоци. Маја Тимовска од Дирекцијата за заштита и спасување појасни дека сите субјекти во системот за заштита и спасување имаат обврска да изготват и достават четири клучни документи, меѓу кои план и процена за ризици. Таа потврди дека и управителите на „Пулс“ имале таква обврска. Сведочеше и Верица Милевска-Стефановска, претседателка на Комората за приватно обезбедување, која говореше за процедурите за лиценцирање, обврските при…
