Close Menu
Press24
    Најново

    Поранешна министерка загина во железничката несреќа во Шпанија

    28.10.2026 во 15:59

    Закана од терористички напад – Заканувачка порака испратена на е-маил на Народното собрание на РС

    28.10.2026 во 15:49

    Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

    28.10.2026 во 15:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Поранешна министерка загина во железничката несреќа во Шпанија
    • Закана од терористички напад – Заканувачка порака испратена на е-маил на Народното собрание на РС
    • Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија
    • Кривична пријава за директорот на ЈКП „Брегалница“ од Делчево: Злоупотребил службена положба за слободни денови на вработена
    • Велес: Автомобил излетал од пат, па се забил во дрво
    • ВИДЕО: „Алкалоид“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026
    • Кражба во охридски хостел: Египќанец украл телефон и пари од гости, па приведен на автопатот Тетово – Скопје
    • Мицкоски: Сите потврдија дека сме земја со најголем раст во регионот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Удри 11-годишно дете во Скопје и избега – Полицијата го фати возачот

    Удри 11-годишно дете во Скопје и избега – Полицијата го фати возачот

    19.03.2026 во 08:261 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Полицијата го идентификуваше и пронајде возачот кој на 16 март со автомобил удри 11-годишно девојче на улицата „Васил Ѓоргов“ во Скопје, по што го напушти местото на несреќата. Станува збор за С.Б. од Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

    Според МВР, случајот бил пријавен во 16:10 часот од Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што било донесено девојчето со тешки телесни повреди. Првичните информации укажуваат дека сообраќајната незгода се случила околу 13:20 часот на крстосницата меѓу улицата „Васил Ѓоргов“, сервисната улица и „Народен Фронт“, кога патничко возило ја удрило малолетничката и веднаш потоа избегало.

    По преземени оперативни мерки и активности, полицијата успеала да го лоцира и идентификува сторителот.

    Против возачот, СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава по член 300 од Кривичниот законик – за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, како и по член 301 – за неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.

    Надлежните апелираат до сите учесници во сообраќајот на поголема внимателност и одговорност, особено кога станува збор за безбедноста на пешаците и децата.

    Top News
    Прочитај повеќе

    Кривична пријава за директорот на ЈКП „Брегалница“ од Делчево: Злоупотребил службена положба за слободни денови на вработена

    28.10.2026 во 15:10

    Велес: Автомобил излетал од пат, па се забил во дрво

    28.10.2026 во 14:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.