Author: Sofija Dizdarevik

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Слаби врнежи со остатоци од кашест снег се бележат на Попова Шапка, информираат од АМСМ утринава. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга,…

Повеќе

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) денеска го одбележува 23 Март – Светскиот метеоролошки ден, кој секоја година се одбележува во над 190 земји-членки на Светската метеоролошка организација (СМО). Годинава одбележувањето е под мотото „Набљудуваме и мериме денес за побезбедно утре“, со што се потенцира важноста на точни мерења и набљудувања во справувањето со климатските промени и опасните временски појави. Од УХМР потенцираат дека генералниот секретар на СМО ја истакнува значајната улога на националните хидрометеоролошки служби. Систематското следење на времето, климата и водата, прецизните мерења и квалитетните податоци се основа за системите за рано предупредување и климатските услуги кои спасуваат животи,…

Повеќе

Поранешниот вицепремиер Артан Груби останува во домашен притвор. Од Кривичниот Суд информираат дека Груби бил изведен пред судот и поминал повеќечасовни процесни дејствија, но не се произнел за сомнежите што се предмет на истрагата пред јавен обвинител. Поранешниот прв вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците беше приведен на граничниот премин Блаце, по повеќе од една година помината во бегство. Досега се уште нема дадено официјален исказ пред надлежниот јавен обвинител за ниту едно од делата за кои се товари. – Денеска (23.2.2026) во 6:10 часот, на граничниот премин Блаце, при влез во државата, лишен од слобода е Артан Груби…

Повеќе

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ќе присуствува на свеченото пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“ во Општина Тетово. Станува збор за објект кој има значајна улога во стручното образование и обуката на младите, а со реконструкцијата се очекува да се подобрат условите за настава и практична работа на учениците. По настанот, предвидено е да даде изјава за медиумите.

Повеќе

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, денеска и утре престојува во работна посета на Брисел, каде што ќе учествува и на тркалезната маса „A path for European enlargement“, во организација на „Пријатели на Европа“. Во рамки на посетата, Муцунски ќе оствари средби со еврокомесарката за проширување Марта Кос и со извршната потпретседателка на Европската комисија Роксана Минзату. Заедно со министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, ќе се сретне и со генералната директорка за земјоделство и рурален развој при Европската комисија, Елизабет Вернер. Предвидени се и средби со пратеници во Европскиот парламент, како и брифинг…

Повеќе

Со цел организирано економско поврзување и заеднички настап на македонската дијаспора, во Торонто се одржа првиот состанок на Основачкиот одбор на Канадско-македонската стопанска комора, иницијатива што има амбиција да стане централна точка на македонскиот бизнис живот во Канада. Во состав на Основачкиот одбор се Милосов Лукароски, Теа Пешева, Диана Индовски, Иван Лукароски и Кирил Колемишевски, кои со овој чекор отвораат нова фаза на економско организирање на Македонците во Канада. На состанокот беа поставени темелите на идното дејствување на Комората, со јасен фокус на поддршка на македонските претприемачи, професионалци и компании, како и создавање силна и поврзана бизнис заедница со координиран…

Повеќе

Во Собранието денеска ќе се одржи седница на Комисијата за култура и туризам, на која на дневен ред е Предлог-програмата за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности за 2026 година. Воедно, членовите на Клубот за младински прашања и политики ќе остварат средба со в.д. амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Никол Варнс.

Повеќе

Денес времето ќе биде променливо облачно, а попладне на повеќе места ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се движи од -2 до 5 степени, додека максималната ќе достигне меѓу 9 и 15 степени. Во Скопје исто така ќе има променливо облачно време, со услови за слаб дожд попладне во делови од котлината. Температурата ќе се движи од околу 3 степени наутро до 15 степени во текот на денот. Во вторник и среда ќе преовладува стабилно и потопло време. Во четврток ќе има засилен до силен ветер од…

Повеќе

Неработен ден за сите граѓани во Република Северна Македонија е 20 март – Рамазан Бајрам кога воедно е и продолжен викенд. По овој споен викенд, наскоро уште еден. 10 април е Велики Петок, 13 април (понеделник) – Велигден, вториот ден на Велигден, па добиваме 4 дена одмор. Во продолжение е целосниот календар на неработни денови за 2026 година, за да можете навреме да ги испланирате вашите патувања и одмори. За сите граѓани на РСМ Оваа година нè очекуваат дури 7 продолжени викенди за сите граѓани: За граѓаните од православна вероисповед Покрај државните празници, православните верници имаат дополнителни неработни денови кои исто така формираат…

Повеќе

Новиот државен јавен обвинител, Ненад Савески, денеска официјално ја презема функцијата, станувајќи деветти републички обвинител од независноста на Северна Македонија во 1991 година и 19-ти од 1945 година. Неговото именување вчера беше одобрено со 66 гласа „ЗА“. -„Сакам да им се заблагодарам на моите колеги, судиите од Основниот кривичен суд Скопје, за сите убави моменти, како и на Владата која ме предложи и на пратениците кои ме поддржаа и изразија свои ставови“, изјави Савески. Тој додаде дека ги повикува сите јавни обвинители на соработка, истакнувајќи дека нивната работа не почнува и не завршува со него: -„Го познавам обвинителскиот состав, задоволен…

Повеќе