Close Menu
Press24
    Најново

    Петрушевски: Филипче прифаќа диктати од Бугарија само за да дојде на власт

    19.06.2026 во 12:44

    МВР ги смени правилата: На полицајците им се дозволува носење уредна брада и тетоважи на рацете

    19.06.2026 во 12:32

    Одржана петтата седница на Националниот совет за развој, во фокусот стратегијата до 2044 година

    19.06.2026 во 12:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Петрушевски: Филипче прифаќа диктати од Бугарија само за да дојде на власт
    • МВР ги смени правилата: На полицајците им се дозволува носење уредна брада и тетоважи на рацете
    • Одржана петтата седница на Националниот совет за развој, во фокусот стратегијата до 2044 година
    • Полицијата стопираше „мерцедес“, возачот веднаш приведен, возилото одземено
    • Стружанец се повредил со харпун додека рибарел во Охридското Езеро
    • Викендов сонце и локална нестабилност, од понеделник следува пресврт
    • Почина еден од обвинетите во случајот „Пулс“ – главен инспектор во ДПИ
    • Зајакната сообраќајна контрола во Скопје: Изречени 168 мерки, откриени и три кривични дела
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Набљудуваме и мериме денес за побезбедно утре“ – УХМР го одбележува Светскиот метеоролошки ден

    „Набљудуваме и мериме денес за побезбедно утре“ – УХМР го одбележува Светскиот метеоролошки ден

    23.03.2026 во 08:212 Mins Read
    Press24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) денеска го одбележува 23 Март – Светскиот метеоролошки ден, кој секоја година се одбележува во над 190 земји-членки на Светската метеоролошка организација (СМО). Годинава одбележувањето е под мотото „Набљудуваме и мериме денес за побезбедно утре“, со што се потенцира важноста на точни мерења и набљудувања во справувањето со климатските промени и опасните временски појави.

    Од УХМР потенцираат дека генералниот секретар на СМО ја истакнува значајната улога на националните хидрометеоролошки служби. Систематското следење на времето, климата и водата, прецизните мерења и квалитетните податоци се основа за системите за рано предупредување и климатските услуги кои спасуваат животи, ја намалуваат штетата и ја поддржуваат долгорочната отпорност на општеството.

    Истакнуваат дека организирани мерења во Република Северна Македонија се спроведуваат од 1947 година, кога е основана Хидрометеоролошката служба и воспоставена мрежа на метеоролошки и хидролошки станици. Денес УХМР придонесува со милиони мерења преку Националната метеоролошка и хидролошка мрежа во Светскиот интегриран глобален систем за набљудувања на СМО (WIGOS и WHOS).

    Во услови на се почести суши, топлотни бранови, бури и поплави, сигурните метеоролошки и хидролошки податоци директно придонесуваат за заштита на граѓаните и стабилното функционирање на транспортот, енергетиката, земјоделството, управувањето со водите и цивилната заштита. Ваквите информации овозможуваат навремено дејствување и значително намалување на ризиците и штетите врз луѓето, имотот и инфраструктурата, потенцираат од УХМР.

    Прочитај повеќе

    Петрушевски: Филипче прифаќа диктати од Бугарија само за да дојде на власт

    19.06.2026 во 12:44

    МВР ги смени правилата: На полицајците им се дозволува носење уредна брада и тетоважи на рацете

    19.06.2026 во 12:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.