Author: Sofija Dizdarevik

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска ќе учествуваат на настан за подигнување на јавната свест за ризиците од употреба на мало и лесно оружје. Настанот ќе се одржи во СУГС „Владо Тасевски“ во Скопје со почеток во 12 часот. Со овој настан се означува почетокот на кампањата на ОБСЕ за подигнување на јавната свест за ризиците од злоупотребата на мало и лесно оружје.

Повеќе

Подигнување на свеста и поттикнување суштински институционален дијалог за можните уставни измени и законодавни реформи поврзани со воведување уставна жалба, како механизам за директна заштита на основните слободи и права пред Уставниот суд, е целта на денешната тркалезна маса насловена „Воведување на уставна жалба?“, во организација на Делегацијата на Европската Унија и Уставниот суд на Република Северна Македонија. Како што информираат организаторите, тркалезната маса ќе обезбеди платформа на високо ниво за размена на мислења меѓу претставници на институции, експерти и други засегнати страни во правниот сектор. На тркалезната маса се предвидени воведни излагања од претседателот на Уставниот суд на Република…

Повеќе

Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во планинските региони ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од минус 1 до 7, а максималните ќе достигнат од 8 до 16 степени. Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштат до 5, а максималните ќе достигнат до 13 степени. Во среда и во четврток ќе преовладува стабилно и суво време. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец. Од…

Повеќе

40 унапредувања во Централниот регистар, а ниту едно за Албанците. Демократската унија за интеграција го оценува ова како сериозно кршење на принципот на правична застапеност и алармантен показател за третманот на Албанците во државните институции, стои во реакцијата на ДУИ. Во јавна институција каде се реализирани 40 унапредувања, фактот дека ниту еден Албанец не е унапреден јасно покажува дека застапеноста повеќе не е стандард, туку исклучок. ВЛЕН, како дел од владата, сноси директна одговорност за оваа состојба. Додека правата на Албанците треба да се штитат, тие избраа да молчат. ДУИ бара итно појаснување за критериумите и процедурите на овие унапредувања,…

Повеќе

Полицајци во Тетово уапсија малолетник кој возел на булевар. На 22.03.2026 во 04:12 часот на булевар „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово лишија од слобода 17-годишен малолетник од село Милетино, тетовско. При контрола во патниот сообраќај, полициски службеници сопреле патничко возило „опел корса“ со тетовски регистерски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека лицето е малолетник и го управувал возилото без положен возачки испит, соопштија од тетовската полицијата. 

Повеќе

Во текот на изминатиот продолжен викенд (20/21/22.03.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1699 издадени платни налози, од кои 476 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 60 лица, од кои 11 за возење под дејство на алкохол, 17 за возење без возачка дозвола, шест поради претходно изречена забрана за управување на возило, еден поради возење во забранет правец. Во истиот период одземени се 20 возила по член…

Повеќе

Општина Ѓорче Петров обезбеди просторни и технички услови за реализирање на наставата во Основното училиште со ресурсен центар „д-р Златан Сремец“, кој функционира во рамки на ООУ „Димитар Поп Георгиев – Беровски“, соопштуваат од локалната самоуправа. Според Општината, ова е една од првите вакви практики на локално ниво во Република Северна Македонија, со која се подобруваат условите за инклузивно образование и се овозможува соодветна поддршка за учениците со попреченост. Градоначалникот Александар Стојкоски нагласил дека иницијативата покажува дека инклузијата не треба да остане само декларативна, туку да се преточи во конкретни услови и поддршка на терен. „Создаваме средина во која секое…

Повеќе

Синчето на Борко Ристовски, најде 500 евра во маркет на Водно, а неговата мајка, Нина Ристовска, сподели фотографија со информацијата на социјалните мрежи, за да се најде сопственикот. -Душан најде 500 евра. Ќе ми биде драго сопственикот да се врати по своите пари кои им ги дадовме на касиерките. Не знам дали ќе го препознаат само од камери и ќе го побараат, само да се рашири информацијата, напиша Нина.

Повеќе

Вистинска драма се одвивала во Бања Лука каде полицијата го уапси Д.Д. осомничен дека нападнал полицаец. При тестирањето, кај него било утврдено околу 3,7 промили алкохол во крвта. Според полицијата, лицето се однесувало непристојно во угостителски објект во Бања Лука на 20. март, а потоа при извршување на службена акција физички нападнало полицаец, кој бил повреден и му била укажана лекарска помош во Итната медицинска служба во Бања Лука. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Повеќе

Неработен ден за сите граѓани во Република Северна Македонија беше 20 март – Рамазан Бајрам кога воедно добивме и продолжен викенд, а следно, четири дена одмор имаме за Велигден, големиот Христијански празник. 10 април е Велики Петок, 13 април (понеделник) – Велигден, вториот ден на Велигден, па добиваме 4 дена одмор, но според временската најава, времето за празникот нема да ни се погоди. За време на Велигден, според прогнозата на Accuweather, ќе има дожд и променливо облачно време. Инаку, според УХМР, оваа недела не очекува дожд и променливо облачно време. Денес времето ќе биде променливо облачно, а попладне на повеќе места ќе…

Повеќе