Author: Sofija Dizdarevik

Извршниот одбор на Народната банка (НБ) денеска одржа редовна седница и одлучи да ја задржи основната каматна стапка на 4%. На седницата беа разгледани најновите податоци за светската и домашната економија, како и движењата на финансиските пазари, во контекст на монетарната политика. НБ информира дека на аукцијата на благајнички записи на 25 март ќе се понудат 36 милијарди денари, а идните аукции ќе се определуваат според ликвидносната позиција на банкарскиот систем. Досегашните мерки за задолжителна резерва и макропрудентни мерки обезбедуваат дополнителна поддршка за претпазливата политика на централната банка. Одлуката за каматната стапка се носи во услови на зголемена светска неизвесност…

Повеќе

Пазарот на недвижности во 2025 година остана стабилен, активен и атрактивен за инвестирање, со јасна доминација на урбаните средини и позитивни економски трендови, покажува годишниот извештај на Агенцијата за катастар на недвижностите. Становите продолжуваат да бидат најдоминантен сегмент, учествувајќи со 33% од вкупниот број купопродажби и 48% од вкупната вредност на пазарот. Иако бројот на продадени станови се намали за 3,9%, нивната вредност порасна за 10,8%. Најактивни и најскапи општини се Центар, Аеродром и Карпош, со просечни цени од 1.692, 1.558 и 1.419 евра/м². Најскапиот стан се продаде во Аеродром за 166.500 евра, куќата во Центар за 1.500.000 евра, а…

Повеќе

Во обраќањето на Конференцијата во Скопје посветена на централното банкарство, премиерот Христијан Мицкоски нагласи дека во време на глобални промени и неизвесности, улогата на централните банки станува клучна – не само како чувари на ценовната стабилност, туку и како столб на довербата и економската отпорност. Мицкоски посочи дека Владата ја поддржува дигиталната трансформација во финансискиот сектор, финтек иновациите и модернизацијата на платежните системи, создавајќи стабилен, инклузивен и усогласен со европските стандарди систем. Во исто време, Владата реагирала навремено за да ги ублажи директните удари врз граѓаните и економијата, преку мерки како намалување на ДДВ-то за бензините и обезбедување мазут од…

Повеќе

Државниот завод за ревизија направил ревизија на работата на Државната изборна комисија (ДИК) за 2024 година, при што утврдил неправилности и системски слабости. При ревизијата било констатирано дека пописот на средствата и обврските не е извршен согласно законските и подзаконските акти, дека не била извршена процена на вредноста на дел од недвижностите, како и дека планирањето и одобрувањето на средствата за спроведување на изборите во 2024 година не се вршело според законски утврдените пропорции. ДЗР утврдил и ненавремено и некомплетно доставување на документацијата за трошоците за спроведените изборни дејствија на изборните органи, набавка на стоки и услуги за кои не…

Повеќе

Екипите на ЈП Комунална хигиена – Скопје отстранија две обемни диви депонии, лоцирани на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица) и во Старата скопска чаршија, соопштуваат од јавното претпријатие. Локацијата на булеварот Никола Карев, на пресекот со улицата Максут Садик, веднаш до детското игралиште, претставува „црна точка“ каде континуирано се одлага отпад на јавни и сообраќајни површини. Во текот на последните активности на оваа локација, екипите отстранија приближно 25 кубни метри непрописно одложен мешан комунален и кабаст отпад, по што беше извршено машинско миење на просторот со употреба на автоцистерна. Втората интервенција беше реализирана во Старата скопска чаршија, каде што беа…

Повеќе

Проектот „AgriSHIFT – одржливо земјоделство“, кој започна во јануари 2026 година и ќе трае до септември 2028 година, предвидува поддршка за најмалку 50 земјоделци и нивните семејства, обука за 40 земјоделци за климатски паметни практики, формирање на четири демонстративни парцели за тестирање и прикажување практики за ефикасно користење вода, подобрување на почвата и климатски отпорно земјоделство, микро-грантови за 12 земјоделски иницијативи, финансиска поддршка за почнување на четири бизниси управувани од жени и формирање земјоделска задруга со најмалку 40% жени. Активностите се реализираат во три речни сливови: Вардар, Струмица и Црн Дрим, во општините Гевгелија, Богданци, Валандово, Струмица, Радовиш, Василево, Босилово,…

Повеќе

Српското дуо Башановиќ-Шчекиќ со лоши лекции за дуото Филипче-Заев. Горивата ќе поскапеа за 10.5 денари за дизел и 6 денари за безоловен бензин да не беше реакцијата на Владата. Ефектот од мерката е заштеда за граѓаните од 200 илјади евра секој ден, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение. Тезата на СДС дека сепак поскапеле горивата и нема ефект од мерките на Владата не само што не е точна, туку говори и за принципот по кој се води Социјалдемократскиот сојуз, а тоа е колку полошо за државата толку подобро за Венко и Заев. Нескриена е радоста на СДС поради зголемувањето на цените…

Повеќе

Директорот на ДЗС и претседател на партијата Достоинство, Стојанче Ангелов, го искажа своето мислење за нападите од страна на Америка на Иран. Тој вели дека го оправдува нападот, поради суровиот режим кој владее во Иран. -Замислете кога една таква власт како што е иранската би имала на располагање нуклеарно оружје? Која би била безбедноста на светот? Целосно го оправдувам нападот на САД заедно со Израел и времето ќе покаже што се имал Иран од вооружување. Досега сме изненадени од жилавоста на Иран – тоа го говори и фактот што погодија остров кој е оддалечен 4000 километри со ракети со долг…

Повеќе

На 23.03.2026 година во 23:30 часот, на регионалниот пат Демир Капија – Неготино, кај местото викано „Острово“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово го лишија од слобода Б.Е. (29) од Република Турција. Претходно, при преземање на мерки кај клучка Тремник, полициските службеници забележале дека од возилото „Шкода Камик“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, излегле неколку лица. Возилото наскоро било запрено, Б.Е. лишен од слобода, а по пребарување на теренот биле пронајдени пет лица – мигранти од Египет. Лицето е задржано во полициска станица, додека мигрантите се пренесени во Прифатно-транзитен центар Винојуг во Гевгелија. По целосно…

Повеќе

Унапредување на соработката во образованието, развојот на вештини и младинските политики, како и можностите за натамошно продлабочување на партнерството во рамки на европските образовни и мобилни програми, биле главните теми на средбата меѓу министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Ана Михајлов, со извршната потпретседателка на Европската комисија за социјални права и вештини, квалитетни работни места и подготвеност, Роксана Минзату. На средбата, што се одржа вчера, соговорниците ја истакнаа заложбата за зајакнување на квалитетот и усогласеноста на образовниот систем со европските стандарди, како и за поголемо учество…

Повеќе