Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
    • Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
    • Лефков: СДС и Филипче беа декласирани на изборите во општина Брвеница со 4 спрема 1
    • САД ја блокираат испораката на ракети „Патриот“ за Украина: Вашингтон ја одложува дозволата за сојузниците
    • Македонската песна за детската Евровизија ја научиле и дечињата во Малта: Ана и делегацијата пречекани со овации
    • Ѓорѓиевски: По повеќегодишен застој и стагнација ја завршуваме изградбата на клучката кај Момин Поток
    • Божиновска и Азески на средба за стратешките приоритети во енергетиката и рударството
    • „Летала“ со автомобилот: 24 годишна девојка од Подмочани возела 142 км/ч на место каде дозволено е 50
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Директна комуникација со земјоделците: Стартува кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“

    Директна комуникација со земјоделците: Стартува кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“

    18.03.2026 во 08:372 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, насочена кон директна комуникација со земјоделците и претставување на актуелните мерки и политики за поддршка на земјоделското производство, стартува денеска со првата трибина во Домот на културата во општина Босилово, со почеток во 18 часот.

    Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, истакна дека директната комуникација со земјоделците е од голема важност.
    „Ресорот земјоделство мора да одржува постојан и отворен дијалог со земјоделците. Тоа значи разговор за актуелните состојби и реалните предизвици со кои тие се соочуваат“, изјави министерот во телевизиско интервју.

    Во рамки на кампањата се формирани два големи тима кои ќе посетат над 30 општини, како и шест помали тимови кои ќе опфатат повеќе од 120 населени места. Средбите ќе се одржуваат секој петок, среда и сабота, во зависност од типот на тимовите.

    На прес-конференција, министерот најави дека во помалите тимови ќе учествуваат директорите на клучните институции: Даниела Иротова од Платежната агенција, Филип Филиповски од АД Водостопанство, Васе Анакиев од Државниот инспекторат за земјоделство, Оливер Миланов од Агенцијата за храна и ветеринарство и Здравко Трајанов од ЈП Национални шуми. Еден од тимовите ќе го предводи министерот, а во активностите ќе се вклучат и останатите директори и локалните структури на Министерството.

    Целта на кампањата е да се слушнат предизвиците и идеите на земјоделците. На средбите ќе се разговара за тековните проблеми, предлозите за унапредување на производството, како и за спроведените мерки и политики во изминатите две години. Министерот нагласи дека земјоделците се не само производители, туку двигатели на руралниот развој, чувари на традицијата и клучен фактор за стабилност на домашниот пазар.

    Министерот ги повика земјоделците активно да се вклучат во кампањата, истакнувајќи дека најдоброто од Македонија доаѓа од македонските ниви и од вредните раце на нашите чесни и работливи земјоделци.

    Прочитај повеќе

    Лефков: СДС и Филипче беа декласирани на изборите во општина Брвеница со 4 спрема 1

    20.10.2026 во 19:46

    Македонската песна за детската Евровизија ја научиле и дечињата во Малта: Ана и делегацијата пречекани со овации

    20.10.2026 во 19:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.