Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Судот во Велес ја запре кривичната постапка против Лазар Нанев

    Судот во Велес ја запре кривичната постапка против Лазар Нанев

    18.03.2026 во 08:342 Mins Read
    Принтскрин, Youtube
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Запрена е кривичната постапка за разрешениот судија Лазар Нанев. За ова на својата официјална веб страница, информираше Основниот Суд Велес.

    -Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека по предметот К.бр. 224/ 25 против обвинетиот Л.Н од Кавадарци за кривично дело Несовесно работење во службата од чл.353-в ст.4 од КЗ е донесено Решение со кое -Постапката поведена по обвинителен предлог III КО.бр.46/25 од 23.06.2025 година на ОЈО Велес против обвинетиот Л.Н. од Кавадарци, за кривично дело Несовесно работење во службата од чл.353-в ст.4 од КЗ, се запира, стои во соопштението.

    -Вака донесеното решение е врз основа на чл.62 ст.2 од ЗКП, а од причина што Основното јавно обвинителство Велес со писмен поднесок од 02.03.2026 година го извести судот дека го повлекува обвинителниот предлог против обвинетиот и се откажува од понатамошно гонење за кривичното дело Несовесно работење во службата од чл.353-в ст.4 од КЗ, стои во соопштението од Судот во Велес.

    Лазар Нанев е поранешен судија и поранешен претседател на Основниот суд во Кавадарци. На 16 октомври 2024 година, Судскиот совет го разреши од судиската функција поради дисциплински постапки, поврзани со 97 телефонски контакти во краток период со обвинет во предмет што го водел.

    Дополнително, против него била поднесена пријава од обвинителка од Кавадарци за наводни притисоци и недолично однесување.

    Top News
    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки

    28.10.2026 во 20:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.