Close Menu
Press24
    Најново

    Први случаи на западнонилска треска во Србија

    06.08.2026 во 23:44

    Бруклин Бекам и неговата сопруга прославија годишна од  брачните заве

    06.08.2026 во 23:21

    ФДА даде зелено светло за првата мРНК вакцина против грип: Новиот препарат на „Модерна“ наменет за лица над 50 години

    06.08.2026 во 23:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Први случаи на западнонилска треска во Србија
    • Бруклин Бекам и неговата сопруга прославија годишна од  брачните заве
    • ФДА даде зелено светло за првата мРНК вакцина против грип: Новиот препарат на „Модерна“ наменет за лица над 50 години
    • Косово обвини 20 лица за воени злосторства во Ѓаковица, меѓу нив и Милан Радоичиќ
    • Даниловски: Ако правилно се применуваат методите на заштита, може да се минимизира ризикот од западнонилска треска
    • ЕУ за состојбата во Шпанија: Нема нови извештаи за мигранти кои ја напуштиле Сеута кон континентот
    • Володимир Зеленски во сабота во официјална посета на Белград
    • Унгарскиот парламент во вторник го избира шефот на државата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » 63 бели столчиња останаа празни – Во Идризово продолжува судењето за „Пулс”

    63 бели столчиња останаа празни – Во Идризово продолжува судењето за „Пулс”

    17.03.2026 во 08:182 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со сослушување сведоци предложени од Јавното обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

    На претходното рочиште беа сослушани двајца сведоци. Трајче Димишковски, кој од 2023 до август 2025 година бил дел од агенцијата за обезбедување „Рубикон“, сведочеше за начинот на комуникација меѓу вработените, распределбата на персоналот, како и за насоките што ги давал професорот Александар Нацев при поголеми настани и обуки за законските обврски на обезбедувачите.

    Претходно исказ даде и инспектор од Дирекцијата за заштита и спасување од подрачното одделение во Виница. Тој посочи дека по пожарот во клубот „Пулс“ биле утврдени сериозни пропусти, меѓу кои недостиг на противпожарни апарати, нефункционален (празен) хидрант и заклучена помошна врата. Според неговото сведочење, Општина Кочани повеќе од десет години немала инспектор за заштита и спасување, а за вршење надзор во друга општина бил потребен писмен налог од надлежните.

    Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година, за време на настап на групата ДНК, и се смета за една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата.

    Со денешното рочиште продолжува доказната постапка, со изведување сведоци предложени од Обвинителството, кое го застапува тим од 15 јавни обвинители.

    Вчера беше одбележана годишнина од трагедијата која ја зави Македонија во црно. Со поставувањето на симболичната инсталација „63 бели столчиња – 63 животи“, во Паркот на револуцијата во Кочани се одбележа годишнината од трагичниот пожар.

    „63 бели столчиња, 63 имиња, 63 животи што недостигаат – секое столче ја носи тишината на едно отсутно присуство, бела роза за спомен, светлина за сеќавање и место што никогаш нема да биде исполнето“, беше пораката што ги пречека присутните, меѓу кои делегации, семејства на загинатите и останати граѓани пред Домот на културата во Кочани.

    Top News
    Прочитај повеќе

    Даниловски: Ако правилно се применуваат методите на заштита, може да се минимизира ризикот од западнонилска треска

    06.08.2026 во 22:07

    Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

    06.08.2026 во 20:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.