Close Menu
Press24
    Најново

    Исчистени речиси 27 километри канали во Илинден: Општината ги надмина првичните планови за заштита од поплави

    03.11.2026 во 13:27

    Делегации од Белград и Сараево во посета на Општина Центар по повод 50-годишниот јубилеј

    03.11.2026 во 13:24

    Отворен стечај за АЛТА банка во Белград откако ѝ беше одземена лиценцата

    03.11.2026 во 13:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Исчистени речиси 27 километри канали во Илинден: Општината ги надмина првичните планови за заштита од поплави
    • Делегации од Белград и Сараево во посета на Општина Центар по повод 50-годишниот јубилеј
    • Отворен стечај за АЛТА банка во Белград откако ѝ беше одземена лиценцата
    • Димитријевиќ: Зошто Славески крие колку пари Вучиќ префрлил во Македонија преку Алта банка?
    • Димитријевиќ: Славески да одговори како ѝ дал дозвола на „Алта банка“ ако не знаел чија е
    • Петрушевски: Филипче и СДС вршат притисок врз НБРМ и Алта банка за да ја купат за ниска цена
    • Утре 6 часа ќе нема струја – Проверете дали сте на списокот за исклучувања
    • Кичевчанец носел нелегален пиштол, а дома чувал кокаин – заработи кривична
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Кузеска: Имаме ветување до ВМРО-ДПМНЕ – Сите ќе одговарате

    Кузеска: Имаме ветување до ВМРО-ДПМНЕ – Сите ќе одговарате

    18.03.2026 во 10:582 Mins Read
    СДСМ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Откако јавно го разоткривме енергетскиот откопод и ги објавивме фактите, бизнис-мрежата на Мицкоски, од Адамовиќ до „Руднап“, се обиде повторно да ја руши СДСМ од внатре. Фатени во криминални скандали, без никакви резултати зад себе, ВМРО-ОКГ нема друго решение освен да се обиде да ја поткопува СДСМ, се вели во соопштението на СДСМ од денешната прес-конференција на партиската портпаролка Богданка Кузеска.

    Последните анкети, спроведени од самата ВМРО, покажуваат пад на довербата во власта и раст на рејтингот на СДСМ. Токму поради тоа се активира таканаречената „Платформа“ – платформа за рушење на СДСМ од внатре, наводно осмислена од страна на ВМРО.

    Според соопштението, се користат уценети лица и се нудат пари, вработувања и бизнис-промоции преку осигурувања, банки и фирми.

    „Но, ние нема да дозволиме рушење на СДСМ. Овие очајнички обиди на ВМРО нема да успеат. СДСМ има нова сила и енергија, и останува посветена на борбата против криминалната власт на Мицкоски и ВМРО“, истакнуваат од партијата.

    СДСМ ќе продолжи да ја објавува вистината за секој криминал на власта, со цел да се спротивстави на корупцијата. „Посилни од кога било, му дадовме ветување на ВМРО: сите ќе одговараат. Продолжуваме да ги разоткриваме сите криминално-коруптивни дејствија на ВМРО и Мицкоски. Подготвуваме обвиненија за денот кога ќе функционира слободно обвинителство и судство. Нема да се занимаваме со уценети поединци кои работат за криминалната група. Во СДСМ имаме договор, а до ВМРО имаме ветување – сите ќе одговарате“, заклучуваат од партијата.

    Прочитај повеќе

    Димитријевиќ: Зошто Славески крие колку пари Вучиќ префрлил во Македонија преку Алта банка?

    03.11.2026 во 13:10

    Димитријевиќ: Славески да одговори како ѝ дал дозвола на „Алта банка“ ако не знаел чија е

    03.11.2026 во 12:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.