Close Menu
Press24
    Најново

    Димитријевиќ: Зошто Славески крие колку пари Вучиќ префрлил во Македонија преку Алта банка?

    03.11.2026 во 13:10

    Димитријевиќ: Славески да одговори како ѝ дал дозвола на „Алта банка“ ако не знаел чија е

    03.11.2026 во 12:59

    Петрушевски: Филипче и СДС вршат притисок врз НБРМ и Алта банка за да ја купат за ниска цена

    03.11.2026 во 12:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Димитријевиќ: Зошто Славески крие колку пари Вучиќ префрлил во Македонија преку Алта банка?
    • Димитријевиќ: Славески да одговори како ѝ дал дозвола на „Алта банка“ ако не знаел чија е
    • Петрушевски: Филипче и СДС вршат притисок врз НБРМ и Алта банка за да ја купат за ниска цена
    • Утре 6 часа ќе нема струја – Проверете дали сте на списокот за исклучувања
    • Кичевчанец носел нелегален пиштол, а дома чувал кокаин – заработи кривична
    • ВЛЕН: Време е да се разоткријат врските на семејството Ахмети со Алта банка
    • Славески: Нема милионски одливи од „АЛТА банка“
    • Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Димитријевиќ: Зошто Славески крие колку пари Вучиќ префрлил во Македонија преку Алта банка?

    Димитријевиќ: Зошто Славески крие колку пари Вучиќ префрлил во Македонија преку Алта банка?

    03.11.2026 во 13:102 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на денешната прес-конференција, го отвори прашањето зошто гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, крие колку пари Вучиќ префрлил во Македонија преку Алта банка.Димитијевиќ укажа дека наместо да ја информира јавноста, Славески крие клучни податоци за сопственоста и работењето на банката, во време кога граѓаните не можат да си ги подигнат сопствените пари.

    „За многумина денес ова е незамисливо, но наскоро ќе бидат шокирани од деталите што се врзани за ВМРО и за Мицкоски и за криминалните релации со нивната СНС и Вучиќ. Зошто гувернерот крие колку пари Вучиќ префрлил во Македонија? Дали останаа тука или продолжија понатаму кон Москва? Сега, кога контролата е преземена од Народна банка, не можат да кажат дека не знаат“, рече Димитријевиќ.

    Притоа, Димитријевиќ потсети дека увернерот Трајко Славески вчера изјави дека не знаел чија сопственост е Алта банка Белград, дека не знае колкав процент е сопствеништвото и тоа не гo интересирало, и го отвори прашањето како тогаш дал дозвола за влез на банката во Македонија?

    „Гувернерот Трајко Славески вчера изјави дека не знаел чија сопственост е Алта банка Белград, дека не знае колкав процент е сопствеништвото и тоа не го интересирало. Kако тогаш дал дозвола за влез на банката во Македонија? По налог на Мицкоски? Заради бизнис интересите и перењето пари со Вучиќ?“, рече Димитријевиќ.

    Тој додаде дека наместо одговори и транспарентност, граѓаните добиваат ограничувања и не можат да располагаат со сопствените средства. 

    „Во меѓувреме, народот во Македонија не можете да си ги земе своите пари. Мерките што ги воведе Славески се направени за оваа криминална група да ги заврши своите непречени префрлувања на пари. Додека граѓаните не можат да дојдат до своите пари. Пари за живот, за основни потреби, за храна и лекови. Ова е заштита на капиталот на криминалците, на сметка на штедачите чии депозити и сметки се заробени. Ако се сакаше да се заштитат граѓаните, ќе им се дозволеше да си ги подигнат своите пари непречено, без лимити“, рече Димитријевиќ.

    Прочитај повеќе

    Димитријевиќ: Славески да одговори како ѝ дал дозвола на „Алта банка“ ако не знаел чија е

    03.11.2026 во 12:59

    Петрушевски: Филипче и СДС вршат притисок врз НБРМ и Алта банка за да ја купат за ниска цена

    03.11.2026 во 12:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.